Снег

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
зашо прекина бе снегов. нека продолжи да паѓа со уште поголем интензитет. мерак ми е да виам во скопје барем пола метро снег. ова шо го имаме е малце - проблем настанува зашто е сув снегот. првото сонце се партал ке се напраи!
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Само што се вратив од возење низ Центар и околина. Лизгаво е, секаде е фрлена сол само нормално негде фатило негде не. -6 ми покажуваше во кола. Така да ако не морате не возете :)
 
B

Borg_Drone

Гостин
А не знам што вие упорно правите споредба Скопје со Филаделфија или пак со Набу планетата кога Филаделфија и да не го исчистат целосно од снегот е нормално, зошто е град со повеќе три милиона жители, додека пак Скопје да прднеш има сите да паднат во кома.Дури и стаорците во канализацијана ќе го осетат тоа.....
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
ај да прашам нешто може ке ми даде некој одговор. слушам на вести имало ЗАКОНСКА ОБВРСКА секој граѓанин да си го исчисти снегот пред зграда/двор или слично особено дуќанџиите. ај за нив ке сватам ама кој е тој закон шо налага да си го исчистиш снегот у двор? и ме интересира ако постои ваков закон воопшто - дали постои некој закон со кој се казнуваат оние кои снегот од дома си го фрлаат на улица или па оние дуќанчиине директно на булевари шо го фрлаат
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.402
Поени од реакции
16.632
Факт е дека нема сообраќајна култура, не е на нула, во минус е.
Само што е проблемот на службите кои треба да ги исчистат улиците, нема три метри снег паднато за да биде ваков хаос! Не може да се справат со обични врнежи од снег, цел сообраќај блокиран, препорачуваат да не се патува, каде се од улици и патишта да го средат тоа? Или кој и да е што треба да го среди. Ладно било, солта немало да биде ефикасна, има песок, има хемиски средства за да не смрзнуваат улиците и да не се прави лом.
Штрајкуваат.
Инаку Тетово-П. Шапка целосно забрането е движење на возила. A инаку дејствува солта со тоа што го јаде снегот и мразот. Ама покрај тоа ако се претера со употреба може да направи и деформации на аслфатот.

Немало снееег?
Еве ви снег :icon_lol:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
ај да прашам нешто може ке ми даде некој одговор. слушам на вести имало ЗАКОНСКА ОБВРСКА секој граѓанин да си го исчисти снегот пред зграда/двор или слично особено дуќанџиите. ај за нив ке сватам ама кој е тој закон шо налага да си го исчистиш снегот у двор? и ме интересира ако постои ваков закон воопшто - дали постои некој закон со кој се казнуваат оние кои снегот од дома си го фрлаат на улица или па оние дуќанчиине директно на булевари шо го фрлаат
Да, законска обврска за чистење на својот двор имаме како домаќинства и фирми.Наводно казната е 50 евра, ама никаде во Законот за јавна чистота не налетав на таков член (можда набрзина го прелистав, ама 2 пати).Ама налетав на должност за чистење на дворот на правни и физички лица, исто и обврска за расчистување на снегот од надлежни општински служби во рок од 6 часа и казни од 500 до 1000 евра за правни лица.Во Општина Струга годинава плачат за такво нешто после топењето на снегот, ако сме нормална држава.

Извадоци од ЗЈЧ:

Член 5
Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следново значење:
1. “Одржување на јавната чистота“ е чистење (метење и миење) на јавни
површини и отворени простори на јавни објекти, како и чистење на снег во
зимски услови;

Член 9
Одржувањето на јавната чистота на отворените простори на јавните објекти во
државна, односно општинска сопственост го врши општината, општините во
градот Скопје и градот Скопје, а на објекти во приватна сопственост и на
дворните површини на колективните и индивидуалните објекти за домување го
врши сопственикот на објектот.

Член 13
Секое физичко и правно лице е должно да се грижи за одржувањето на јавната
чистота.

Член 22
Во зимски услови при снежни врнежи општините, општините во градот Скопје и
градот Скопје се должни да го исчистат снегот од јавните површини најдоцна во
рок од 6 часа од почетокот на снежните врнежи.
Во зимски услови при снежни врнежи сите сопственици, односно корисници на
објекти се должни веднаш да започнат со чистење на снегот на отворените
простори пред јавните објекти, со што ќе се обезбеди непречен пристап до
објектите.

Член 37
Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече
на правното лице сопственик, односно корисник на објект ако не го исчисти
снегот од отворените простори пред објектот (член 22 став1).
Глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност за прекршок од ставот 1
на овој член ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице.

Пред некој ден низ Охрид шетаа некакви си инспектори и замараа со ова и наводни законски казни :confused: , а 80% од луѓето си исчистија пред куќите/зградите/работните места.
Еве го законот, кој не му е мака слободно листајте и барајте казна од 50 евра
http://www.mtc.gov.mk/new_site/images/storija_doc/115/normativno pravni/Zakon_za_Javna_chistota_111_03092008.pdf
 
H

HoT IcE

Гостин
Их, убаво што навеа волку, за земјата е најубаво, се зголеми нивото на водата во Липково, и онака Кумановци ќе немаа вода.
Но што е многу, многу е, па нашиве служби за чистење како прв пат да гледааат снег, денес со татко ми едвај се симнавме од Деве Баир.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.464
Поени од реакции
248
Охрид абер нема за снег, цел ден само 2 3 сати врнеше, ама се стопи.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Во Кавадарци шиба со полна снага.Ни сол не помага ладно е многу а песокот е засипан од снег така да со кола возење без ланци мало морген.
 
I

Iblis

Гостин
Дами и господа, снежна покривка е формирана во Гевгелија со дебелина од ~5 цм :ROFLMAO:
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Само што дојдов од шетање, паѓа нон стоп ситен снег, дува, влегува во очи, ладно е. Шетањево беше како мала експедиција на Сибир.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.935
Поени од реакции
73.468
Богами толкав студ одамна не сум осетил. После час и пол поминат надвор, два саати ми требаа дома да се стоплам :icon_lol:
Убав снег имаме на секои три години, бар мене така ми излегоа пресметките :icon_mrgr:
Ги извадив за момент ракавиците, правев топки, и после десната рака ми отиде во офсајд едно десет минути.
Сепак се собравме цела населба. Место децава да се санкаат, ние толкави волови од возрасти 16-25 им го зафативме местото :icon_mrgr:
Ниедна кола не се сдвижи по улициве кај мене, а угорницата ни е како Гармиш-Партен Кирхен.
Покрај 6-те санки, еден се возеше со скии, друг беше дојден со сноуборд... :icon_mrgr:
На крај дојдоа едни Американци со децата, со едни гуми за снег. Убаво ни го истапкаа снегот, па забавата продолжи :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom