Снег само на планина, јас да седам затворен во викендичка покрај камин и низ прозор да гледам како врне. Или пак да знаев добро да скијам па да му се изнаскијав на планина Шапка, Маврово и други места.
Вака во град ич го нејќам. поготово во Тетово кој е хаос во последниве неколку години. Кал до колена , возачи возат брзо па ќе те испрскаат и заради тоа што секој во зима сака да се вози во автомобил на топло се прават гужви, одвај возат и тркалата им се заглавуваат во снег и после снегот од тркалата и солта снегот станува кашест како да се покакал нилски коњ, тротоарите замрзнати и треба да пазиш да не се лизнеш, да не ти падне маразулец на глава од некој кров од зграда или куќа.
НЕ! не сакам снег во град поради овие грозни причини.