Смртоносната ебола надоаѓа и во Европа?

Член од
18 јуни 2012
Мислења
477
Поени од реакции
612
Кампала е голем град, со воздушни врски кон целиот свет.
Доволно е само еден заразен пациент, кој вирусот го добил само неколку часа претходно, да седне во авион за Париз или Виена и да помине низ аеродромот за болеста неконтролирано да почне да се шири по целиот свет, изјавил инфектологот доктор Џејмс Борчер.

За разлика од досегашната епидемија на ебола во Уганда во која обично животот го губеа граѓаните од селата во кои избила не можејќи да стигнат до болница, овој пат мештанин од Ниансвиг успеал да стигне до болницата во главниот град на Уганда, Кампала, но за жал таму и починал. Штом се прочуло за случајот во градот во кој живеат еден и пол милиони граѓани, настанала паника.



Еболата се шири преку контакт

“Нашата земја е во криза. Еболата повторно изби, а еден од заболените дојде до Кампала и заразата сега им се заканува на сите. Веќе се разболеа и докторите кои дошле до контакт со пациентот и луѓето кои го запалиле неговото мртво тело откако починал. Бидете внимателни, еболата се шири преку контакт, а Министерството за здравство се обидува да ги пронајде сите они кои биле во контакт со заболениот. Ви посакувам среќа и Господ нека ве чува“, порачал претседателот на земјата Јовери Мусевини. Веднаш потоа биле затворени сите училишта и јавни установи, а забранети биле и посетите во затворите, за еболата, една од најстрашните болести на денешницата против која нема лек, да не се прошири, но патот на епидемијата од големи размери, сепак е отворен.

Авионски линии за Париз и Виена

“Кампала е голем град, со воздушни врски кон целиот свет. Доволно е само еден заразен пациент, кој вирусот го добил само неколку часа претходно, да седне во авион за Париз или Виена и да помине низ аеродромот за болеста неконтролирано да почне да се шири по целиот свет“, рекол инфектологот доктор Џејмс Борчер. За среќа, еболата не се пренесува преку воздушен пат, туку исклучиво преку допир, па полесно е да се запре.

“Сепак треба да се знае дека се работи за многу заразна болест што се пренесува и преку ракување или преку случаен допир, а пациентите скоро и да немаат шанси за преживување. Воедно, болеста е брза, па луѓето умираат во текот на следните 24 часа од заразувањето“, рекол Борчер. Според неговите зборови, само е прашање на време кога првиот случај на ебола ќе биде забележан во Европа или САД.

Во Уганда досега починаа 16 лица, меѓу кои и еден доктор. Заразени се 36.

Извор.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Билијарди долари ќе направи некоја корпорација.

БТЊ една од ретките сутиации во која да си од вукојебина е уствари добра страна :icon_lol:
 

VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Не “палат“ повеќе животинските видови (ги изредија сите животни) на грип, па се вратија на ебола?
Човековата алчност е бесконечна.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
Каква добивка добиваат од ова ?
поединци добиваат многу повеќе од што може да замислиш... шират страв и паника меѓу луѓето а меѓувремено стекнуваат моќност, одредени компании и индустрии за производство на лекови ке направат толку многу пари што нема да можеш ни да ја прочиташ бројката ниту да ги изброиш нулите во цифрата и ред други работи.

како беше за свинскиот грип? - на почетокот немаше кој не се плашеше од тоа на сите вести беше ударна вест колку починале... после се појави тамифлу како алтернатива - компанијата направи милиарди.. на крај како заврши? ко ништо да небило... на вестите ке кажеа дека од „тамифлу“ некој си во африка си го спасил животот и тоа на кратко онака за 10тина секунди и одма следат реклами....
 
S

Sagan

Гостин
Уште еден смислен обид за депопулација на планетата.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.341
Поени од реакции
29.808
Профитот на фармацевтската индустрија и воопшто поврзаноста на ваквите појави со профитабилни шеми на секогаш алчните, не го менува фактот дека доколку дојде до пандемија, ќе погине голем дел од човечката популација и ќе настане анархија во месеците на преживување и на воспоставување на вродена отпорност во човечкиот генотип.

Нормално дека ако некој почне да продава тамиебола додека наокулу се гине со дефецирање на бубрезите низ аналниот отвор, сите ние ќе се потепаме да купиме некое пакетче.
Или можеби грешам? ;)
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин


ЕБОЛА (Тежок хеморагичен синдром)



Автор:
Роберт Николовски
Студент на медицина


Еболата спаѓа во групата на филовируси и има облик на стап за хокеј, прстен или буквата U. Геномот на овие филовируси се состои од едноланчана RNK, а нивната клеточна мембрана е липидна и двослојна.

НАЧИН НА ПРЕНЕСУВАЊЕ

Резервоар на инфекцијата претставуваат мајмуните и глодарите, но исто така и луѓето можат да ја шират болеста на разни начини, најчесто ако се во контакт со крвта или телесните течности на заразената личност, како на пример при заедничкото користење на игли кои се контаминирани со телесни течности.


ПАТОЛОГИЈА

Вирусот на Ебола е причинител на една многу тешка состојба (хеморагичен синдром) која често завршува со смрт не само кај човекот туку и кај сите животни кои спаѓаат во групата цицачи. Се карактеризира со фибрилност и појава на хеморагичен синдром поради оштетувањата на мембраната на капиларите како и појава на тромбоцитопенија. Знаците и симптомите на Ебола не се исти кај секое заразено лице.

После неколку дена од инфекцијата со овој вирус, се јавуваат многу тешки симптоми како што се: висока температура, болки во главатa, вртоглавица, болки во мускулите, болки во стомакот, воспаление на грлото, пролив, инфекции на очите, крвава столица, повраќање на крв и сл. Во текот на една недела симптомите се интензивираат и преминуваат во: болки во градите, тешки крварења и смрт. Не е познато доволно зошто некои луѓе имаат шанси да се излечат од оваа болест, а други не, сепак познато е дека најголема заслуга кај лицата кои што се опоравиле од овој вирус има имуниот одговор.

ДИЈАГНОЗА


За докажување на вирусот се користат: RVK, RIH, имунофлоресценција, ELISA test и сл.

ЛЕКУВАЊЕ


За сега пациентите примаат само симптоматска терапија. Секундарната бактериска инфекција се спречува со користење на антибиотици. Лицата се изолираат со цел да се спречи натамошното ширење на болеста. Заштитата на медицинскиот персонал мора да биде на многу високо ниво, со редовно користење на маски, ракавици, очила, долги мантили, капи за една употреба и сл.

  1. Категории:
  2. Инфектологија

  1. ИЗВОР:
http://www.zazdravje.com.mk/upload/content.php?2108-ЕБОЛА-(Тежок-хеморагичен-синдром)
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.739
Поени од реакции
7.552
Гледам сите какате овде, нешто како теории на заговор, светска депопулација, фармацевтски профитни шеми, па и јас да оставам белег:
1) дека вирусов е ендемичен за таа облост во Африка(заедно со марбург) и "чести" се појавите на вирусот како кај човечката така и кај животинските популации во регионот(пред се кај приматите).
2)Кој ку*ац решиле Африка да ја депопулизираат и така си имаат СИДА за извоз тие таму. Не ви е малку глуп изборот на локација?За Еболата се знае веќе 40 години, до сега ќе им паднеше на памет дека најефикасно би било вирусот да се распореди , шо знам, Кина, Индија? Некако најнаселени земји ќе ми се овие 2 ,а башка одговорот на заразата ќе им биде задоцнет. Можеби сум грешка, можеби Уганда е понаселено место. Гратис од мене, за ефектите од еболата се знае од замиот почеток, тестирано е и во лаборатории и увидено е кај локалните жаришта. Нема да пишам кои се тие бидејќи досадни ми се афрички земји како Заир,Конго, Уганда....
3) колку да се запази светото тројство(пиво-вино-ракија )
И да не заборавиме, не читајте вести од точка, за секоја прочитана статија IQ-то ви паѓа за 0.8-3 поени.
Еболата не убива за 1 ден, средниот период на инкубациа е 13 дена (+/- 4дена).После тоа има уште малце време пред да бидат конците скинати.
Видот на еболата при моменталната епидемија е Sudan ebolavirus со просечна стапка на смртност околу 50%, што е релативно добра околност во случајов бидејќи:
a) Zair ebolavirus има смртност од ~90%.
б) Ако дојде до нас , ние како коцкарска нација ќе немаме никаков проблем со вирусов. Кој овде има паднато на 2 коефициент, мислам сите шо ги знам секој ден фаѓаат на 2 коефициент. Е сеа после што ги ебе една утакмица со 1.1 коефициент за 52 илјади тоа е друг муабет.

Инаку кога ај да ви направам ќејф, оти ќе ми се налутите.
http://www.nature.com/news/antibody-cocktail-cures-monkeys-of-ebola-1.10821
 

SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.823
Поени од реакции
7.032
Во право е сталкерот, Еболата е позната уште од 70'тите е се појавува во овој период во Африка речиси секоја година.
Инаку спаѓа во групата хеморагични трески,многу слична на Кримско-Конгоанската треска која што ако се сеќавате се појави и во Косово пред неколку лета и таму имаше стотина заразени.
И не се плашете толку од најцрни сценарија,не е ова филм па од еден залутан патник во авион да се зарази пола континент. Повеќе обратете внимание на крлежи пошто тие се главните преносители на хеморагичните трески во кој што спаѓа и оваа
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
поединци добиваат многу повеќе од што може да замислиш... шират страв и паника меѓу луѓето а меѓувремено стекнуваат моќност, одредени компании и индустрии за производство на лекови ке направат толку многу пари што нема да можеш ни да ја прочиташ бројката ниту да ги изброиш нулите во цифрата и ред други работи.

како беше за свинскиот грип? - на почетокот немаше кој не се плашеше од тоа на сите вести беше ударна вест колку починале... после се појави тамифлу како алтернатива - компанијата направи милиарди.. на крај како заврши? ко ништо да небило... на вестите ке кажеа дека од „тамифлу“ некој си во африка си го спасил животот и тоа на кратко онака за 10тина секунди и одма следат реклами....
Е да ама само со лекови, со друго не верувам дека ке профитираат..Едно време во Македонија заработуваа со увоз на оние медицински маски -.-
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.784
Поени од реакции
21.190
Тоа што не може да не убие, не прави појаки.
Дајте една доза Ебола ваму да видиме кој кого ке убие.
Сите грипови ги поминав и човечки, свински, птичји можеби и шпански( еднаш кашлав малце, можи од него беше), и делфински да има и тој ке го прележам, па за една ебола ке му ја мислам. Пфффф
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Незнам кај прочитав и во Бугарија мислам фатиле некој -.-
 

Kajgana Shop

На врв Bottom