Смртна казна во Македонија? Да или Не?

Дали во Македонија би требало да постои егзекуцијата како казна?

  • Да

    Гласови: 508 58,7%
  • Не

    Гласови: 357 41,3%

  • Вкупно гласачи
    865

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.670
Поени од реакции
11.716
:nesvest:
праведност со малтретирање, тепање и агонија нема никогаш да се постигне, како и досега. малку ли имало начини на тортура и грозоморни погибели? колку држави низ светот ја имаат смртната казна? колку од сад имаат смртна казна? колку од сад имаат смртна казна врз МАЛОЛЕТНИЦИИИ???? А СТАПКАТА НА УБИСТВА ПОСТОЈАНО РАСТЕ.

зошто?

затоа што низ добар дел од нив учат срања во школо, религија (историја на војни иницирани од религиска омраза, крстоносци, џихад), историја на војните и светските завери, хитлер, мусолини, франко... виша хемија и слични срања кои врска немаат со реалноста, сегашноста и иднината.

како некој се надева дека еден човек ќе ги почитува законите и нормите, ако воопшто не ги знае? како некој човек ќе биде човек во вистинска смисла на зорот, ако воопшто не е воспитан, етички поткован и со потребно ниво на култура? како мислите вие општеството да оди напред, кога децата уште од мали висат на интернет, гледаат т.н. филмови со крвишта, убиства, начини на вршење криминал и учат од тоа. без надзор на родителите, ако воопшто ги имаат, па и да ги имаат, колку тие се вклучени во воспитувањето на нивните деца. што прават учителите во училиштата? предаваат за бозони и кваркови на седмооделенци? комуницира некој со децата бре, ги воспитува, ги учи некој на цивилизациските придобивки и норми??? што работат педагозите по школите? имаат основен осет за педагогијата идиотите што предаваат етика во средно, или само диктираат од книга? каде е сексуалното образование?

епа не може бре драги мои да обвинувате некој што постанал монструм, а да заборавате дека баш системот е тој кој требало да му ги врадите основните норми на однесување, а ментално болните и агресивните да ги изолира уште пред да сторат нешто.

што си надробиле, ќе си сркаат. ама вината на единка не може да му ја препишат и да мислат ако спржат некој на електрижен стол, дека ќе го решат проблемот. се заебале сите што мислат така.
Етиката е нужна за подобро функционирање на човештвото, за подобра интеракција помеѓу луѓето, како не би се испоубиле меѓусебно...ја поштовам, дел од нас е, не дели од животните. Меѓутоа има случаеви каде таа нема влијание, не е прифатена, не е асимилирана, не допрела до некого...туѓа е...така да нема потреба од етичко понашање во екстремни случаеви.

Еве рецимо се бавиш со узгој на некоја замјоделска култура, твојата егзистенција зависи од тоа...но трпиш напад од плевел и разни инсекти - штетници кои ти го ебаваат планот...и што правиш, употребуваш инсектициди и најразлични средства како би ги отстранил штетните влијанија...

Тоа се универзални правила, така функционираат работите. Било да се работи за растенија или за луѓе.

Не може сега, доколку некој монструм дојде и испоубие онака ладнокрвно, јас да се понашам етички према него. Не само што ќе го изолирам, него и ќе го измачувам додека не умре во агонија...ohhhh yeah there will be blood my friend...:toe:
 
VIP

Член од
20 мај 2009
Мислења
100
Поени од реакции
24
oooo боже, смилувај се.
смртната казна е УБИСТВО, која како оправдување ја има праведноста.

ПРАВЕДНОСТ не се постига со убивање.

ПРАВЕДНОСТ се постигнува со образование, воспитување и морално воздигнување на човекот!
Шо ти е ова потписов бе?

И уше едно питање ... сакаш да кажеш дека на некој педофил шо силувал и убивал дечиња тоа е престрога и нехумана казна?

Само Господ простува.
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.703
Поени од реакции
6.627
Со ваква казна многу работи во државава би биле поинакви...
 
L

Liberation

Гостин
Не може сега, доколку некој монструм дојде и испоубие онака ладнокрвно, јас да се понашам етички према него.
правиш грешка од старт. претпоставуваш дека тој монструмот туку така ќе дојде и ќе убива ладнокрвно, по дифолт.

суштинските прашања се: зошто тој постанал монструм. сигурно не се родил таков. какви трауми претрпел, кој е крив заради тоа, бил ли злоупотребуван додека растел, кој е одговорен за тоа, имал ли психички недостаток, кој не презел соодветни мерки, го исмевале ли на училиште, се подигрувале ли со него децата кои, можеби, му станале жртва, го понижувале ли, дали општеството му дало соодветна можност да се образува, култивира, да работи и допринесува, бил ли жртва на системот, колкав му бил прагот на толеранција и што го натерало да ја премине границата...?????

едно прашање за вас: знаете ли кои се тие деца, кои земаат оружје од дома, влегуваат во училиште и убиваат се што ќе им застане на патот? сте простудирале ли еден масовен убиец: неговото детство, неговите трауми, негрижата на родителите, околината и службите?

еве појдете од виктор карамарков, како најблизок пример.

да, се согласувам дека убиените се жртви на злосторникот.

само што, злосторникот е жртва на негрижата на општеството.
 
Г

Господ

Гостин
правиш грешка од старт. претпоставуваш дека тој монструмот тука така ќе дојде и ќе убива ладнокрвно, по дифолт.

суштинските прашања се: зошто тој постанал монструм. сигурно не се родил таков. какви трауми претрпел, кој е крив заради тоа, бил ли злоупотребуван додека растел, кој е одговорен за тоа, имал ли психички недостаток, кој не презел соодветни мерки, го исмевале ли на училиште, се подигрувале ли со него децата кои, можеби, му станале жртва, го понижувале ли, дали општеството му дало соодветна можност да се образува, култивира, да работи и допринесува, бил ли жртва на системот, колкав му бил прагот на толеранција и што го натерало да ја премине границата...?????

едно прашање за вас: знаете ли кои се тие деца, кои земаат оружје од дома, влегуваат во училиште и убиваат се што ќе им застане на патот? сте простудирале ли еден масовен убиец: неговото детство, неговите трауми, негрижата на родителите, околината и службите?

еве појдете од виктор карамарков, како најблизок пример.
Дали треба да се прашуваме и кој е виновен за лошото однесување на некоја смртоностна бактерија?
Можеби другите бактерии ја задевале?
Секоја единка која ја нарушува и загрозува благосостојбата на другите човечки суштества треба да биде отстранета,без разлика дали тој се одмаздувал или не.
Ако го задевале,зошто не задевал и тој?

Плус,кога веќе го спомна Карамарков...типот не се не сеќава дека убивал!
Ти сакаш сега него да го вратиш на улица?!
Тој повторно ќе убие и повторно и повторно и нема да се сеќава,и тоа ќе трае се додека некој не ја земе правдата во свои раце(со што јас не се согласувам) и не го стори тоа што требало да го стори власта,а тоа е да се уништи штетникот!
Пред некоја во Црниче година таткото си го застрела синот наркоман бидејки веќе не можеше да го издржи секојдневното малтретирање.
Истото тоа копиле,мене,за малку ќе ми го одземеше животот фрлајки некаков метален предмет накај мене затоа што случајно минував по таа улица на англиски!

Карамарков и сличните треба да висат!
 
L

Liberation

Гостин
нон сенс...

смртоносната бактерија е создадена како таква, криминалецот не се раѓа, тој се оформува низ годините...

карамарков е жртва! жртва на игнорантните институции, кои наместо да го идентификуваат и затворат на лечење, го пуштиле да испоубие се живо што го гледал како пари за дрога која му требала. не може да оставиш потенцијално опасно лице на слобода и да чекаш да убие за да го осудиш на смрт. тоа е злочин на тој кој го дозволил нештото.

како мајката која пред некој месец до смрт си го претепа детето. била проститутка, психички лабилна личност, со неколку деца, се проституирала затоа што на друг начин не можела да купи храна за неа и децата. каде биле службите да и го одземат старателството и да ја преземат грижата за децата? или некој сметал дека нема да се случи тоа што се случи? и плус, жената била позната на полицијата...

по странство, одземаат старателство ако ги фатат геј-посвоителите да се бакнат пред детето. овде мајката се курвала секој ден, си ги претепувала децата и никој не мрднал со прст. па нормално дека една таква особа ќе убие, кога никој не ја спречил на време.
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.665
Да бе, и на телевизор да го даваат погубувањето, нели? :tv:
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
правиш грешка од старт. претпоставуваш дека тој монструмот туку така ќе дојде и ќе убива ладнокрвно, по дифолт.

суштинските прашања се: зошто тој постанал монструм. сигурно не се родил таков. какви трауми претрпел, кој е крив заради тоа, бил ли злоупотребуван додека растел, кој е одговорен за тоа, имал ли психички недостаток, кој не презел соодветни мерки, го исмевале ли на училиште, се подигрувале ли со него децата кои, можеби, му станале жртва, го понижувале ли, дали општеството му дало соодветна можност да се образува, култивира, да работи и допринесува, бил ли жртва на системот, колкав му бил прагот на толеранција и што го натерало да ја премине границата...?????

едно прашање за вас: знаете ли кои се тие деца, кои земаат оружје од дома, влегуваат во училиште и убиваат се што ќе им застане на патот? сте простудирале ли еден масовен убиец: неговото детство, неговите трауми, негрижата на родителите, околината и службите?

еве појдете од виктор карамарков, како најблизок пример.

да, се согласувам дека убиените се жртви на злосторникот.

само што, злосторникот е жртва на негрижата на општеството.

Може ли општеството и системот да ги набљудува сите поединци во земјата?Ако може тогаш дефинитивно треба да не стане збор за смртна казна.Има убиства од типот:јадела цел живот ќотек од својот маж пијаница,на крај и прекурчило и го свиткала.Тука нема збор за смртна казна,тоа е состојба на афект,која си заслужува соодветна казна.Ама некој мочко што земал сам да ја крои судбината на луѓето со причина:мајка ми ме облекуваше во фустанчиња како мал и затоа јас убивам жени по улица,тоа не треба ни да се споменува во судски записник.Директно на плоштад.
Многу ми чудно зошто се влегува во објаснување на некои етики,одземање на живот,пресудувања,права,а не се погледне дека и да дреме до животно нема шанса за ресоцијализација.Зошто да ги чуваме?Дајте логичко објаснување,зошто да ја јадат храната кога нема да има втора шанса на слобода?Па вие уживате во долгометражно мачење,а нас не прогласувате за убијци :)

Да бе, и на телевизор да го даваат погубувањето, нели? :tv:
Нц,јавно да биде погубувањето ќе има поголеми ефеки,на отворен простор.
 
L

Liberation

Гостин
уште нешто, последно од мене на темава: се додека ги обвинуваме другите, во намера да ја скриеме и намалиме нашта ЛИЧНА одговорност кон она што се случува малку подалеку од нашиот двор, се до тогаш општеството нема да мрдне од дното во кое СЕГА се наоѓа.

се додека ги пишите ушите додека слушате како комшијата ја претепува жена си, или своите деца, сметајќи погрешно дека тоа е нивна “приватна работа“, се до тогаш секој таков ќе тоне во својата бесчовечност и ќе ја крие својата неспособност и неодговорност.

се додека останувате рамнодушни додека слушате на вести или читате во весник како некој извршил проневера, зготвил друг за вечера, убил неколкумина... и сето тоа го прифаќате како нормално и молчите, се до тогаш ја делите истата одговорност со убиецот и криминалецот.

ниеден човек не е остров сам за себе, секој човек е делче од континентот, дел од целината. смртта на секој човек мене ме намалува, зашто јас сум дел од човештвото, и затоа никогаш не се обидувај да откриеш за кого бијат камбаните. тие бијат за тебе- рекол некогаш големиот дон.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Грешиш во првиот дел.Се додека личната одговорност се пласира како грешка на мнозинството до тогаш ќе цапаме во овие гомна во кој сме.Еден краде сите страдаме,еден не предава сите патиме,еден убива сите сме криви.Стоп! Такво лудило до сега ни се пласира,време е да ги отвориме картите и да видими што чини,а што не чини за сите нас.:smir:
 
L

Liberation

Гостин
ок. среќна нова 1923 тогаш.

еден човек (чие име не е достојно да се спомене) обвинуваше една нација за проблемите во целиот свет. идеологијата која ја застапувате должно треба да подлегне на компарација со неговата.

јас велам: дајте да видиме што МОЖЕ да се преземе за да се спречи, вие велите: не, остајте ги нека убијат, па да ги обесиме. ептен на лесно ја терате работава...

Може ли општеството и системот да ги набљудува сите поединци во земјата?
и ти си дел од општеството и системот. секој од нас е. ако секој за секого знае кога, каде и со кого пиел кафе, ќе знае дали и комшијата е насилник или децата му се наркомани. и тоа ќе го пријави соодветно каде што треба.

сите ние сме одговорни за добросостојбата на другите околу нас. ако нешто премолчиме и не пријавиме каде што треба, тогаш насила се правиме луѓе со морал и доблести.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Многу лоша компарација со Хитлер ми направи :)
Ти збориш да спречиш и јас сакам да спречам наместо да лечам.Се согласувам дека службите треба да си одговорат во согласност нивните обврски.
И после сите активности,кој мене,тебе и на комшијата ни се пружени,еден од нас го фаќа точката и коле цело маало,зошто ете така реагирал кога бил бесен.И што сум јас крива што тој абдал така реагирал?Го избркале од работа и изгазил десет души на улица,е аман бе,на тој ли да му барам изговор?
Лична одговорснот е поим со голема тежина.Сме се обиделе и да спречиме,но еве бил лабилна личност,емотивна,повлечена и што ти ја знам и пак силувал и убил три деца.Што корист ако лежи доживотно,објасни ми?
 
L

Liberation

Гостин
Што корист ако лежи доживотно,објасни ми?
во Македонија има 1.400 затвореници. сад се со 2 милиони, вкупно во светот во овој момент затвореници се цели 10 милиони луѓе.

може некој да ми пресмета колку пари ќе носат тие ако работат по 8 часа дневно, наместо да се остават по цел ден да безделничат? има да ’рмбаат бре! цел живот има тули да прават, кои ќе се продаваат за цена колку материјалот плус нешто за храна на несреќниците, за да можат сиромашните да си купат градежен материјал и да живеат достојно, колку-толку.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Освен смртна казна,предлагам и казна за политичари.БЦ во ринг со 10 стечајци,кој ќе преживее ќе раскажува :)

Е тука се согласувам.Само местолокацијата за работа е Голи оток со солена вода и харинги.Да умре од жед додека крши камења.Ни капка вода да не му се даде,плус десет камшика ако седне да одмори.

Поентата е што се предлага бавна халуцигена смрт,а ние што подржуваме смртна казна сме полоши,тако звани Хитлер во маало :)
 
8-часовна работа, со храна и вода заработена од самиот затвореник, плус 70% ќар за општеството, не е бавна халуциногена смрт, леандра. голи оток, солена вода и камшици се твои зборови, не мои.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom