Иако ја одобрувам за екстремни случаи (педофили, сериски убијци и слично) сепак сметам дека не смее да се уведе во Македонија. Зошто?
Еве на пример утре некој „борец за човекови права“ убие неколку полицајци и го осудат на смртна казна. Замислете што ќе се случи во Македонија. Голем дел од Албанците веднаш ќе заборават на причината за казната и од него ќе направат маченик. Така, наместо да се реши проблемот ќе се направи многу поголем.
Затоа, не ни требаат тие компликации во Македонија. А на гореспоменатиот „хуманист“ добро ќе му дојдат 20-30 години затвор.