"Кога ќе ви дојдат сметките на 1-ви повисоки од вашата плата, сетете се дека името не го дадовте, полесно ќе ви биде.
Кога ќе се скарате со родителите оти не ви ја даваат пензијата за да ги платите кредитите на 5-ти, верувам полесно ќе ви е оти вчера бојкотиравте.
Кога синот или ќерката ќе ви кажат оти не стапуваат во брак и не сакаат деца затоа што на 35 години се уште невработени или на минималец, бидете горди оти сепак вечното име го зачувавте.
Кога ќе ви зачукаат на врата извршителите за застарен неплатен долг, со исправена глава ќе им кажете дека пиреј сте, платата ќе ја дадете ама името не.
Кога на суд ќе изгубите затоа што судијата бил од тефтерчето и штител партиски интереси, не очајувајте, па не сте северномакедонци.
Кога политичарите од било која партија на избори ќе ви ветуваат а после нема да исполнуваат и ќе работат за лични интереси, ама ич да не ви е гајле бидејќи лекција им одржавте на референдумот.
Кога работодавецот ќе ве малтретира, ќе ви исплаќа помалку плата, ќе ви даде 5 дена одмор колективен сосе викенд, ич да не му ја мислите, името го зачувавте.
Кога децата ќе ви бараат нови патики оти од старите прстињата им излегуваат, гордо кажете им дека се потомци на Александар, а и он одел со голи прсти.
Кога децата ќе ви се јават од јабана, голтнете ги солзите и сетете се дека не за џабе гласавте против ЕУ и НАТО, помалку ќе печат солзите.
Кога ќе им се пожалите на вашите роднини од странство дека тешко се живее во Македонија, а тие ќе почнат да ви кукаат колку е потежок животот во странство, дека едвај врзуваат крај со крај, и после ќе ви се пофалат со слики од одморот на Сејшели, не се нервирајте, па нели за името се жртвуваа и тие.
Кога ќе го затворите бизнисот заради нелојалната конкуренција на партиските фирми, главата горе, антички македонец се може да истрпи.
Кога ќе отидете на лекар, и без врски со месеци нема да добиете точна дијагноза, и на крај кога ќе ви кажат дека имате уште 1 месец живот, ама да се откриело порано сто посто ќе сте се излечеле, не очајувајте, името не го продадовте.
Кога на шалтер во банка ќе ви кажат дека и минусот веќе сте го потрошиле, вратете се дома и кажете им на вашите деца дека е подобро да гладувате отколку со империјалисти во сојуз да влегувате.
Добро утро од македонската реалност!"
Hajdi Sterjova Simonovic
ПИШУВАНО Е ДЕН ПОСЛЕ НЕУСПЕШНИОТ РЕФЕРЕНДУМ
01.10.2018
СРЕЌА ПА СЕГА НЕМА ДА ГИ ДОЖИВЕЕМЕ СИТЕ ОВИЕ РАБОТИ ЗОШТО СТАНАВМЕ ЧЛЕНКА НА НАТО И ЗА МАЛКУ ЌЕ ДОБИЕВМЕ ДАТУМ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ.СРЕЌА ШТО ГО СМЕНИВМЕ ИМЕТО ИНАКУ АКО ОСТАНЕШЕ СЕГА СИТЕ ОВИЕ РАБОТИ ЌЕ БЕА РЕАЛНОСТ.