Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 март 2010
Мислења
15.155
Поени од реакции
25.637
Меѓународната заедница не поддржува лица (особи). Поддржува идеали кои се во склоп со европските вредности и кај кои нема НИ РОНКА сомнение дека договорот од Преспа ќе биде ставен под било каков знак прашалник..
:D :D :D :D

Меѓународната заедница поддржувала идеали. Добар виц. Тоа што ние го викаме меѓународна заедница се ЕУ + САД. ЕУ е во идентитетска криза. Поим немаат кои идеали и вредности ќе им преживеат, мејнстрим или овие радикалниве што почнаа да растат. САД е во силен идеолошки судир, дефакто медиумска војна и поларизација.

Зборуваме за ЕУ што ги амнестираше Мијалков и Груевски во замена за пратеници. Истата ЕУ што има комесар што рече дека некои работи мора да бидат направени на балкански начин. Истата ЕУ што отворено поддржа, и не само што поддржа, туку и логистички организираше прво булинг, па после и поткуп на пратеници. Тоа ли се европските вредности?

ЕУ и САД во моментов немаат ни и од идеали, туку чиста гео-политичка прагма, која многу често е нејасна до крај. (Бар мене ми е тотално нејасна, и не исклучувам дека многу веројатно е до мене.)
Автоматски споено мислење:

Се сложувам со се, освен со делот со СДСМ - мислам дека е сосема веројатно да никогаш повеќе нема да се вратат на власт. Или да се разбие во неколку помали партии.
И ова што беа на власт 3 години беше исклучиво откроирани од Американците заради разните компромиси, кој никоја претходна власт сакаше да ги направи. Нема веќе што да се шитка а се покажаа колку се способни да решаваат било каков внатрешен проблем. Посебно ако испадне (на долги стази) дека сите тие компромиси исклучиво беа само за Нато, во кое ионако бевме неформално.
Реално и ВМРО треба да се распадне после толку резили, ама овие од СДСМ се толку полоши , да имаат повеќе шанси.
Не знам зошто овие работи не се случија порано. Па Албанците во Македонија кои се 20% имаат повеќе партии во собрание од Македонците. Да не зборувам за сите соседни држави...
Ако распадите се од словенечки тип, тогаш ништо чудно да почне да се случуваат во цел да се анимира разочараното население. “Пропаѓа“ партијата, цело членство преминува во “нова“, со ново име, и се друго исто, сем десетина луѓе.
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
„Ла Верита“: Заев купил 5.000 гласови од УЧК
„Ла Верита“: Заев купил 5.000 гласови од УЧК


Новинарот на италијанска „Ла Верита“, Ларис Гејсер продолжува со објавување на доказите во случајот со изборен поткуп во 2014-та година каде првоосомничен е токму екс премиерот Зоран Заев.
Заев заедно со неговит брат Вице и пратеникот на СДСМ од Струмица, Марјан Даскаловски, се товарат за злосторчничко здружување кое имало за цел преку поткуп да влијае врз волјата на гласачите, а на тој начин и на изборниот резултат во полза на СДСМ.
– Осомничените Зоран Заев, роден на 08.10.1974 година во Струмица со место на живеење на ул. „Младинска“ бр… Струмица, Вице Заев роден на ….година во Струмица со место на живеење на ул. „Браќа Миладинови“ бр…. и Марјан Даскаловски, роден на 04.05.1964 година, роден во Василево Струмица живее на ул. Маршал Тито бр… Струмица, создале криминална група со цел преку нудење на поткуп да изврешат влијание врз волјата на гласачите, а со тоа да влијаат и над конечниот резултат од гласањето за време на претседателските и парламентарни избори во 2014 година во корист на политичката партија СДСМ – стои во обвиението кое никогаш официјално не било покренато.

Ова обвинение беше затворено под сомнителни околности во 2018та година од страна на Рускоска.
Македонската јавност на парламентарните избори во 2016-та година беше вчудоневидена од бројот на гласови кои што Заев ги освои во мнозински албанските средини како Арачиново, Тетово, Гостивар, но очилгедно дека процесот со купување на албаски гласови почнал од многу порано, односно уште во 2014. година.

Купени 5 илјади албански гласови

Од она што може да се види и слушне на доказите кои ги објавува италијанска „Ла Верита“, од поранешен командант на УЧК, Заев купил 5 илјади гласови! Во неколку извадоци од документот има и телефонски разговор помеѓу Захир Беќири – Чауш, кој го советува Заев да исконтактира со екскомандантот на УЧК Изаир Самиу Баци, кој живее во Тетово.
Според Чаушот, командантот на паравојската на СДСМ ќе му донесе 5.000 гласови. Чауш имал директна комуникација со шефот на СДСМ, бидејќи во тоа време се сметал за еден од неговите најблиски соработници. Тој го губи своето влијание откако за време на претрес во 2016 година полицијата наоѓа кај него дома околу 30.000 лажни документи меѓу кои пасоши и лични карти, но и панцири и оружје.
Во документите кои ги поседува обвинителството стои дека Беќири го информирал Заев дека Изаир Самиу Баци може да му биде од помош, и подвлекол дека неговото присуство може да му овозможи придобивање на дел од албанските гласачи во однос на лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, коишто ќе се уплашеле од командантот Баци.
Во операцијата според Ла Верита покрај Чаушот и Заев и учестувал и актуелниот градоначалник на општина Центар, Саша Богдановиќ попознат под прекарот Српче.
Сопругата на Беќири во тоа време работела во ПОЦ, каде директорувал Српче, а Богдановиќ имал и директна комуникација со Беќири.
Во разговорите постои и СМС порака во која Зоран Заев на Богдановиќ му го испраќа бројот на Чаушот и добива понатамошни инструкции.
Како што пишува „Ла верита“, командантот на УЧК, учествувал во воениот конфликт во 2001 г. во Македонија, а американската администрација го смета за еден од најопасните луѓе на Балканот. Тој долго време се наоѓал на црната листа на САД, содржана во „National Emergency Act“, составена од луѓе кои претставуваат опасност за стабилноста на Западен Балкан со тоа што поддржуваат екстремистички движења.

Пропагандата на Латас и не била баш fake news :D Сега ми стана појасно од каде толку УЧКи се истоварија на протестот пред влада пролетта 2015 г. помеѓу бањатато друштво.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.596
Поени од реакции
26.105
Меѓународната заедница не поддржува лица (особи). Поддржува идеали кои се во склоп со европските вредности и кај кои нема НИ РОНКА сомнение дека договорот од Преспа ќе биде ставен под било каков знак прашалник..
Значи не викам Заев или Мицковски... туку кој и да е, пред се мора да е човек спреман да голтне и да (про)даде уште малку од таа минимална гордост и идентитет што ни остана.
ЗА ЖАЛ - тоа е реалноста, а не кој ќе победи нс избориве..
Колку што ми текнува, имаше едно гласање тука на кајгана дали вреди да се откажеме од името, каде што еден од тие што гласаше позитивно и ја образложи причината за тој глас, беше ти. Некако како да ти засмета Преспанскиот.
Едит:

Добро ме служело сеќавањето.

Интересно е е каква ретроспектива на ставови има оваа тема... https://forum.kajgana.com/threads/Името-повторно-на-маса.82875/
Автоматски споено мислење:

Pa toa i jas celo vreme go verglam. Ako e rabotata da gi kaznis demek da se setat so toa sto ke bojkotiras parlamentarni e moronski i idiotski. Nema nikakov efekt. Na site ili skori site toa im e povekje ili pomalce jasno. Prasanjeto e zosto togas i pokraj se nekoi tuka uporno povikuvaat na bojkot kako resenie i toa vo najgolem del se likovi koi do lani svrsuvaa na SDSM pa sega kao razocarani. Prvo da ne se pravime naivni, clenovite na dvete najgolemi partii ke izlezat da glasaat pa neznam sto da e. Ova posebno vazi za SDSM ako sudime po referendumot. I sega malce nekoj neka aktivira mozok i neka soberi dva i dva zosto i najcesto od koj se sugerira bojkot na parlamentarni, koj i zosto pravi paraleli na ednakvost pomegju bojkot na parlamentarni i referendum i zosto ama bas niti eden od niv ne sugerirase za bojkot na referendumot. Sto togas ne bea razocarani? Ima edna izreka. Bivsi spiuni i bivsi kurvi nema. Tuka slobodno mozete da dodadete i bivsi komunjari.
Не Владе, не е безцелно да се бојкотираат изборите.... Партиите не делат како народ, а тие јебани избори се бојното поле. Тоа е братоубиствената војна што не сме престанале да ја водиме уште од Илинденскиот период...

Ако партиите не делат, тогаш бојкотот ќе не сплоти...нема да имаме причина да се конфронтираме... Единството нашата поделба нив ги прави моќни да не владеат. Зарем мислиш дека се способни... Зарем овој очај што не води 30 години е најдоброто што излегува од нашиот народ. Намерно се одбрани неспособни и самите се свесни дека се неспособни, затоа грчевито се држат до својата фотеља, небирајќи средства. И све тоа им е овозможено од нашиот раскол...

Јас не сакам да учествувам во обмамата што ни се случува, ниту сакам да казнам некого со моето гласање, ниту пак тоа е поентата на гласањето... за разлика од војводата имам свест дека изборот не е да гласаш ПРОТИВ, туку да гласаш ЗА... Кога веќе престана да им успева да гласаме ЗА, не натераа да гласаме ПРОТИВ!!!

И не е многу тешко да се заклучи тоа.... Колку пати сме биле изиграни, изманипуилирани??? Колку пати ни е давана лажна надеж???? Кој може да верува сеуште на овој политички систем??? Само некој кој има лична корист од тој систем... Или некој кој нема грам мозок во главата... Затоа тие што сеуште се заблудени треба да се пљукаат, да се ругаат, да се исмеваат... Треба сите да излеземе од таа матрица што не обманува...

А што се однесува до Државата, речиси и да нема спас за враќање во колосек на Републиката... Доколку не се случи чудо, Републиката е загубена засекогаш. Треба да си го зачуваме народот... Продлабочување на поделбата, нема да ни помогне во тоа.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
19.812
Поени од реакции
15.735

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Се сложувам со се, освен со делот со СДСМ - мислам дека е сосема веројатно да никогаш повеќе нема да се вратат на власт. Или да се разбие во неколку помали партии.
И ова што беа на власт 3 години беше исклучиво откроирани од Американците заради разните компромиси, кој никоја претходна власт сакаше да ги направи. Нема веќе што да се шитка а се покажаа колку се способни да решаваат било каков внатрешен проблем. Посебно ако испадне (на долги стази) дека сите тие компромиси исклучиво беа само за Нато, во кое ионако бевме неформално.
Реално и ВМРО треба да се распадне после толку резили, ама овие од СДСМ се толку полоши , да имаат повеќе шанси.
Не знам зошто овие работи не се случија порано. Па Албанците во Македонија кои се 20% имаат повеќе партии во собрание од Македонците. Да не зборувам за сите соседни држави...
Тоа де, тоа се бара. Да се распаднат не на помали туку на што повеќе партии, па тогаш можеби и некој ќе оствари нешто што ќе вети...
Автоматски споено мислење:

Значи европски вредности се да се бришат име и идентитет на една земја само затоа што друга соседна земја така сака.
Ако европска вредност е промената на името и покрај неуспешниот референдум и масовното противење на т.н. договор од преспа-
да се мочам во таквите европски вредности!
Тие се за жал.... мочал не мочал, веќе се продадовме..

@jamajka Сеуште не жалам за името.. ама за возврат Очекував.
Очекував нато и еу, а не на секое брблање Северна Северна... од уста не ја ваѓет се понашет ко да не го болит на народов за тоа... ко да се гордеат.
Освен тоа, менуваат истории, дејци мејци... испадна не само името туку све шо ќе побарет ќе мениме.
Е за тоа не гласав. Гласав само да одиме напред, и искрено сеуште поубо ми стои Северна од Фиром.
А за другото не им опростувам...
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
19.812
Поени од реакции
15.735
Тоа де, тоа се бара. Да се распаднат не на помали туку на што повеќе партии, па тогаш можеби и некој ќе оствари нешто што ќе вети...
..Е за тоа не гласав. Гласав само да одиме напред, и искрено сеуште поубо ми стои Северна од Фиром.
А за другото не им опростувам...
глупости...Северна ништо не значи, има и други држави, Северна Ирска, Северна Кореја... па самите грци кажуваат, боље ви е Вардарска...
Автоматски споено мислење:




******************************************************************************************************

Макрадули: Забрана за увоз на отпад не може да има – Северна Македонија повеќе извезува отколку што увезува отпад
 
Последно уредено:
D

Deleted member 12196

Гостин
Е за тоа не гласав. Гласав само да одиме напред, и искрено сеуште поубо ми стои Северна од Фиром.
А за другото не им опростувам...
Можеби поубаво ти стои, ама во Фиром живееја Македонци а во Северна живеат коси црти (////).
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Можеби поубаво ти стои, ама во Фиром живееја Македонци а во Северна живеат коси црти (////).
Добро де, јас не реков дека е совршено или добро име... ама тоа е што е. ФИРОМ ми беше некако ем грдо ем грда кратенка од некоја си бивша Југославија...
Да не бидам погрешно сватен... Северна ми одговара или "ми одговараше" доколку веќе бевме влезени во НАТО, имавме започнати преговори со ЕУ и едно 20тина најмалце души да беа веќе в затвор. Е таква Северна замислував...
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.195
Поени од реакции
21.347
Добро де, јас не реков дека е совршено или добро име... ама тоа е што е. ФИРОМ ми беше некако ем грдо ем грда кратенка од некоја си бивша Југославија...
Да не бидам погрешно сватен... Северна ми одговара или "ми одговараше" доколку веќе бевме влезени во НАТО, имавме започнати преговори со ЕУ и едно 20тина најмалце души да беа веќе в затвор. Е таква Северна замислував...
Povekjeto ke se soglasat deka FIROM kako kratenka e pogrda nego Severna, pa i ispisano kako poranesna jugoslovenska republika e i podolgo. Vo drugo lezi problemot so Severna. A toa e promena na ustav i nacionalnost. Veruvam deka dvojnata formula so Severna Makedonija kako resenije za nadvor, bez promena na ustav i so zagarantirana nacionalnost kako Makedonci / Macedonians ke imase kakvo takvo kompromisno resenije. Segasnovo e blizu na kapitulacija. Toa e vlegovme all in a drugite (EU) ne izblefira e drug problem.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.692
Поени од реакции
4.358
Навистина треба да се честита.
Вака вешто и перфидно пласирање демагогија ретко се гледа, од друга страна пак не остава простор некој да помисли дека тоа се прави заради недоволна информираност.
Кога се говори за бојкот не се мисли на бојкот на избори какви и да се (особено ако на истите нема законски цензус акој цензусоидите го испорачаа), туку се говори и мисли на бојкот на квислинзиве и колаборационистите, се мисли да се ислезе и да се даде глас на некоја друга програма која ги почитува основните демократски начела-механизми, човекови права и слобода, слобода да избереш како ќе се викаш и како ќе го користиш своето име и идентитет.
Значи да се бојкотираат оние кои тргуваат со тие вредности иако за тоа немаат ниту согласност ниту право да работат и спроведуваат таква политика.
Бојкотирање на квислинзиве (СДСс) и колаборационистите(ДПсНЕ), на таков бојкот се мисли и повикува!
Да се бојкотираат парламентарни избори на кои нема цензус е исто како да кажеш не ме интересира мојата и иднината на моите деца и Македонија со што се ставаш на страната на братијата од погоре.


Значи европски вредности се да се бришат име и идентитет на една земја само затоа што друга соседна земја така сака.
Ако европска вредност е промената на името и покрај неуспешниот референдум и масовното противење на т.н. договор од преспа-
да се мочам во таквите европски вредности!
Да!
Не го знаеше тоа до сега? Ваквите и слични вредности не се од вчера, тие вредности се темел на западната цивилизација, во која некои овдека се колнат и ги конзумираат 3 пати на ден.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Добро де, јас не реков дека е совршено или добро име... ама тоа е што е. ФИРОМ ми беше некако ем грдо ем грда кратенка од некоја си бивша Југославија...
Името и вака и онака. Некако ќе преболевме, иако на нерви ми идат кога го изговараат со огромна гордост.
Туку го изгубивме идентитетот, јазикот, историјата... Ги предадоа (или продадоа), што ќе оставиме на нашите поколенија? Нашите предци животите ги вложиле за тоа, сега некој (некои) за своја лична корист им се посраа на гробовите.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.459
Поени од реакции
20.256
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom