Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Z

zmej gorjanin

Гостин
Да Тито ни дал држава.Исто и на црногорците,босанците и богами косоварите да створат услови за своја држава.Се со една и единствена цел да ја ослаби Србија.И шо е најинтересно голем дел од србите сеуште се крстат во Тито.
Да де, пошто на Србите Македонија од богом дадена им била, па Тито ги ослабнал. Иако факт е дека да не беа комуњарите денес Јужносрбијанци ќе бевме и кога мислам на комуњари мислам на тие поважните комуњари како Комунистичката интернационала, а не Тито.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Наместо да се занимаваме во каков хаос ни е државата од а до ш, ние (со нечии подметнати постови) им одиме на рака на бугарите. А тие сложни, албанците сложни, србите сложни (читајте им ги нападите врз Богојевски во врска со Црнгорската црква и Србија, дури и од к-градоначалникот на оп. Центар), само ние сеуште сме за краља или цара. Бугарите очи ќе ти извадат ако спомнеш нешто против нив, за се се србокомуњарите виновни. Срамота при тој обем информации денеска по разни архиви, да се паѓа на вакви местенки пласирани информации во точно одредено време.

Пошто не е историја тема, за крај да си прочитате сведоштвото од Миновски, а покрај тоа еве, сведоштво, писание од Злате Тренески (татко на познатиот м-р Мартин Треневски, новинар, публицист, министер за информации во 1991 и без ресор 1998, амбасадор во Шведска, Финска, Норвешка, Нато и Канада и политичар во Македонија). Како амбасадор во Брисел, познат е по ставот кон Нато заклучокот од Букурешт, односно заложба за промена на заклучокот, со кој се бара надминување на спорот со цел активирање на поканата за членство во НАТО. Сци, фи што би рекле, но со наивни наводно добри намери. Неговата сопруга била амбасадор во Австрија.

Од изјавата на З. Тренески во 1990та во Нова Македонија, редактирана од З Савески.

КАКО ЗАГИНА РАЦИН, КОЈ ГО УБИ РАЦИН, ЗОШТО ГО УБИВТЕ РАЦИН? Ова се само дел од насловите на написите на одделни „неверни Томи“, што се појавија во последно време, а слични, веќе 47 години, ја вознемируваат нашата јавност. Оваа појава наедно е и повод за моето јавување преку ценетиот весник „Нова Македонија“, со намера да придонесам за дефинитивно расветлување и утврдување на овој немил настан.
Како курир при ЦК КПМ и Главниот штаб на НОВ и на ПОМ, непосредно учествував во лоцирањето и изградбата на партизанската база во Лопушник, во пролетта 1943 година. Честопати престојував во таа партизанска населба и на тој начин имав можност да ги запознам речиси сите раководители на Партијата и на народноослободителното движење во Македонија, како и оние другари, кои доаѓаа од други региони, за работа во партизанската населба или во партизанските единици во западна Македонија.
Еден од многуте другари, кои, во почетокот на мај (мислам дека беше 1 мај) 1943 година, пристигна во базата, беше и Кочо Рацин. Тој дојде преку илегалниот канал: Скопје – Сува Гора – Гостивар – Мавровско, заедно со Владо Малевски – Тале, Петре Богданов – Кочко, Добривое Радосавлевиќ – Орце, Киро Георгиевски – Дејан и други, а водич и беше Аризан Несторовски – Марче, исто така курир при ЦК КПМ и ГШ на НОВ и на ПОМ. Мислам дека групата имаше и вооружена придружба, но за имињата на тие другари не се сеќавам.
Кај сите новодојдени другари се забележуваше голема возбуденост, радост и гордост од она што го видоа во партизанската база: оформена партизанска населба, присуство на голем број партизани, комплетни раководства, како партиски, така и на НОБ, воспоставен „куќен ред“ (обезбедување, курирска служба) и сѐ друго што ја чини една модерна организација на оружените сили. Меѓутоа, секако, највпечатливо беше развеаното знаме со петокраката ѕвезда.
Мал број од „постарите жители“ во партизанската населба знаеја за улогата што ја имаше секој поединец од новодојдените, а по својата возбуда и радост се издвојуваше еден другар, кој според својот изглед, не беше толку маркантен. Застана меѓу „главната просторија“ (работната барака на одговорните другари) на која се вееше партизанското знаме и другите простории – бараки и како дете се радуваше. Некако вџашен, поцрвенет од пролетното мајско сонце, тој нам непознат другар, погледнуваше де во знамето, де во нас „постарите борци“, а очите постојано ги насочуваше и кон петокраките на нашите капи. Ја беше симнал својата капа од глава и онака, неконтролирано, ја туткаше во рацете, што кај некои, кои го гледаа, предизвикуваше смеење, бидејќи капата од постојаното туткање ја загубила формата.
Откако ги сместивме новодојдените, а другарот со капата им го предадовме на оние од печатницата (нивната барака беше блиску до другите колиби во населбата), ни пријде другарот Страхил Гигов и ни се обрати со следниве зборови: „Овој другар е со дефектен слух. Извонредно е полезен за нашата партија и за борбата воопшто. По природа е пргав и немирен дух, поради тоа, внимавајте на неговата безбедност и на однесувањето спрема него.“ Зборовите на Гигов и однесувањето на Рацин спрема сите нас, посебно спрема оние што беа од работничко потекло и од село, придонесоа кај сите нас набргу да се создаде почитување кон другарот Кочо. И од другарот Питу (Кузман Јосифовски) слушнавме пофални зборови за Рацин, со што се дополни претставата што се создаде кај сите во базата за него.
Како курир на ЦК КПМ и ГШ на НОВ и на ПОМ, честопати крстосував низ западна Македонија, од партизанската база во Лопушник, кон Дебарца, Струга и Дебар, а другарот Аризан Несторовски – Марче ги покриваше регионите: Гостивар, Тетово, Маврово и Мијачијата, а понекогаш и кон Дебар. По нашето враќање од терен, постојано бевме во непосредна близина на другарите од партизанската печатница „Гоце Делчев“ и на другарот Рацин. Им помагавме во работата: вртењето на машините – шапилографите, средувањето на материјалите, а бидејќи влагата беше голема, хартијата претходно моравме да ја сушиме, за да можат да работат другарите од печатницата. Тоа траеше речиси еден месец. Не се забележуваше ништо сомнително, ниту, пак, било што – што би можело да укаже дека погибијата на Кочо Рацин ќе се случи во нечија режија. Кочо Рацин беше омилен и популарен кај сите присутни во партизанската населба во Лопушник.
Трагичното загинување на Рацин верно го опиша Страхил Гигов во својата книга „Сеќавања“ на стр. 272 и 173, а и со други прилози и сведоштва се докажа дека тој настан е несреќен случај. Ние, неговите другари од тогашната партизанска населба во Лопушник, ова прашање го сметавме за расчистено. По ослободувањето, а особено во последно време, меѓутоа, сѐ повеќе се појавуваат многубројни „теории“, во кои сѐ и сешто се докажува. Многумина, кога ќе разберат дека сум од Кичевско и дека имав контакти со партизанската база во Лопушник, ми поставуваат прашања во стилот: „Како загина Рацин?“, „Мораше ли да загине Рацин?“, „Кој го уби Рацин?“, па дури и „Зошто го убивте Рацин?“ (?!)
За недовербата околу загинувањето на Рацин зборуваат и два написа објавени неодамна – „Како загинаа Рацин и Каранѓелевски“? („Млад борец“ бр. 1668 од 29-12-1989) и „Патокази на македонското опстојување“, со поднаслов „Додека Венко Марковски беше овенчуван со ловорики, Кочо Рацин беше казнуван со бојкот и беше без потпора во својата партија, преколнуваше да биде испратен како обичен борец во некој од партизанските одреди што се формираа.“ Во написот во „Млад борец“ е карактеристично што се прави споредба меѓу двата настана, но тие не можат да имаат никаква сличност. Кочо Рацин загина во воено време, во услови на строга илегалност, каде што и најмалиот шум на планинскиот ветер, кај партизанските стражи предизвикуваше тревога и положба на мобилност, посебно по неколкуте изненадувања од страна на непријателот, како и по нападите на балистичките банди врз базата во Лопушник, на 30 мај 1943 година, кога имавме и неколку ранети. Вториот немил настан – загинувањето на Карангелевски, се случи во сосема други околности каде што не беше потребна никаква претпазливост, па затоа е многу чудно кога се споредуваат овие два настана.

Споменатиот напис во ЛИК, бр. 82 од 3.01.1990, објавен на три страници, е составен така, читателот да стекне убедување дека се работело за личност од извонредно значење, што и навистина беше, и дека целото негово движење по врвиците на партизанските крстопати го карактеризира една трагика, сѐ до последниот миг од неговиот живот. Меѓутоа, борбата на Рацин во редовите на работничкото движење за национална и социјална слобода уште како имаше величествени мигови и среќни доживувања. Да го споменам, на пример, излегувањето на неговите „Бели мугри“ и неговото доаѓање во партизанската населба во Лопушник, каде што не можеше да се соземе од радост и од возбуда.

И на еколошкиот митинг кој го одржа друштвото „Опстанок“, во минатата година, во Скопје, на еден од плакатите стоеше: „Кој го уби Рацин?“ Очигледно е дека нашата јавност сѐ уште не е подготвена да ги прифати досегашните искажувања за загинувањето на Рацин. НЕВЕРОЈАТНО. Зошто не им се верува на оние другари што биле присутни на трагичниот настан? Дали дојдовме до таму еден на друг ништо да не си веруваме? Зошто не му се верува, дури и на признанието на Мино Миновски дека тој, како стражар во базата во Лопушник, пукал во Рацин, по што со мака го спречивме да не изврши самоубиство. Секој стражар на местото на Мино Миновски, во тие услови (мрак, постојана опасност од балистички упади) би го сторил она што го стори тој. Трагедијата беше во тоа што Рацин беше речиси наполно глув, па, по првиот повик „стој“, не го слушнал предупредувањето, тоа не го сторил ни при второто предупредување, по што при третиот повик да застане (по сите војнички правила) истрелан е трагичниот истрел. ТУКА Е ВИСТИНАТА.
Покрај Мино Миновски, во непосредна близина на трагичниот настан биле Киро Георгиевски – Дејан, Митре Инадески, Аризан Несторовски – Марче, Пецо Чинговски и уште некои другари. Од нив живи се само Митре Инадески и Пецо Чинговски, за настанот мислам дека може нешто да каже и Ванчо Бурзевски, а со подробности беше запознат и Страхил Гигов.
Предлагам Редакцијата на „Млад борец“ (како најзаинтересирана страна) и историските институции и други заинтересирани да организираат собир (тркалезна маса) на кој конечно би се расчистило ова прашање. Инаку, ако продолжи вака, никој за ништо никому нема да му верува.
На собирот, за којшто се залагам, предлагам да се поканат другарите: Страхил Гигов, Митре Инадески, Пецо Чинговски и други, кои би можеле да дадат придонес со свои искажувања. Подготвен сум и самиот непосредно да дадам придонес, презентирајќи го ова што го кажувам во мојот напис.

--------------
Инаку на фб има разни "информации", пример дека во убиството учествувале ликот таткото на амбасадорот, некојси Капетановиќ и Темпо...има разни теории, дека не сме сами во универзумот, дека светот е создаден пред 6000 години.
Али навистина има библиотеки па таму може да се најдат некои архиви, овде (или по мрежите) се бесполез вакви напади врз нашата историја, а се огромен полез за нашите мили соседи, браќа и пријатели.

Патем тема историја има во посебен подфорум, доста дрвење со историја на соседни држави
Историја на соседни држави не е граѓанската војна во Грција, зошто наши сонародници се требени таму....

Затоа се Албанците сложни, затоа што војната на Косово е војна на сите Албанци..

Така и ние сме станале сложни во WWII. Февруарски поход...сме се споиле со нашите од Егејска...батаљони од Егејска Македонија учествуеле во одлободувањето на Западна Македонија.... И нашите сакале да вратат покољ.... Да те подсетам, Македонците во дадениот момент сложни и заедно биле најголема воена сила на Балканот добро вооружени (после капитулациите на Бугарија и Италија)

А ние ги славиме тие што не поделиле и ни го посеале семето на раздорот...

Да, се сомневаме во убиството на Рацин...а сигурни сме во политичките ликвидации на Ченто, Брашнаров, Шатев, Влахов.... дека биле нечесни и дел од таа поделба на Македонскиот народ....А денеска, гледајќи на очиглед како се крои историјата, се сомневаме во све што го напишале победниците... А очигледно е дека и покрај воената победа, ние не сме биле тоа во WWII. Да не сме имале партизанско движење, не би ни дале држава.. Всишност не ни дале држава, Македонија не била на Авној, а ние Државата сме на устоличиле на Асном, а новата 1945 сме ја дочекале слободни, без еден ебан странски војник да дојде тука. .. И не само тоа, ние сме учествувале во ослободување на Југославија на Сремски фронт...Давајќи жртви колку во цела војна .. 7 или 9000 или половина од загинатите на Сремски фронт..... и затоа кога некој Македонец рече дека Тито бил тој што ни дал Држава ми се сере од такви инфатилни предавници... кои очигледно се срамат од себеси дека се Македонци..

Токму вакви сподоби ни се на власт од 1945 до ден денеска.. . и токму затоа не можеме да мрднеме напред... и токму затоа мораме да се занимаваме со историјата барем од 1941 навака... само таму можеме да се научиме како да се сплотиме и што може да не раздели
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.498
Поени од реакции
84.993
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.861
Поени од реакции
17.100

има доста работи што држжат, но реално Тито немал ништо посебно против македонскиот народ... грците пак лајат дека Тито имал иредентистички амбиции, иако самата ЈНА им дозволи на британските тенкови да влезат преку Битола и да ги опкружат комунистите на планината Вич, по што и заврши граѓанската војна во Грција... но се до праќањето на посматрачи од ООН, ФНРЈ беше на страната на ДАГ, дури УДБА мобилизираше помлади македонци кој работеа или студираа во другите републики... таткоми студираше во Загреб но куртули бидејќи баш кога го бараа му прсна слепо црево и беше опериран во Ребро...
Исто така, имаше и воен пограничен инцидент меѓу грчка војска и ЈНА, грчка правокација. Инаку Тито на кратко го освои и Трст но беше принуден да отстапи, така да исто и уште полошо би било ако се обидел нешто во Грција која беше во победничката страна...
Дури и да победеше во Грција ДАГ, комунистите беа големи грчки националисти, може и бетер, ниту тогаш ќе добиеја македонците таму автономија..
Можеби единствено решение за поголема македонска држава беше, ако 1912 или по поразот на Блгарија во Балканските војни , под директива на некоја од големите сили, се формираше тампон зона, автономна територија од Велес до Воден, а која ќе беше во конфедерација со Грција и Србија, за да покасно, по ВВ2 таа да еволуира во потполно независна држава а поврзана со западните сили.. но за такво нешто требаше да има и внатрешна подршка и внатрешни лидери независни од Блгарија...
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
Мислам дека оваа е истата поротничка заради која покрај театарските претстави каде што наводно се водат постапки против поранешни куртони, можно е да биде вратен на почеток и случајот Монструм. Ама добро, не е битно ова, гледам дека испарија сите тие најави за бомби и не знам какви докази. (y)
За тоа какви се правилата во врска со возраст на поротник не ни правам муабет, самото тоа што е мукла повеќе од 2 недели (од страна на сите багри маскирани како партии) за овој конкретен случај со отповикување е доволен показател за состојбата на калакурницава.

Член од
18 февруари 2012
Мислења
1.273
Поени од реакции
930
Историја на соседни држави не е граѓанската војна во Грција, зошто наши сонародници се требени таму....

Затоа се Албанците сложни, затоа што војната на Косово е војна на сите Албанци..

Така и ние сме станале сложни во WWII. Февруарски поход...сме се споиле со нашите од Егејска...батаљони од Егејска Македонија учествуеле во одлободувањето на Западна Македонија.... И нашите сакале да вратат покољ.... Да те подсетам, Македонците во дадениот момент сложни и заедно биле најголема воена сила на Балканот добро вооружени (после капитулациите на Бугарија и Италија)
Сложни ? кои са сложни с'рбите и југословенските комунисти?
Во Февроарски поход учествуват три борбени групи
Прва бригада (нај голема) вкупно 800 ,,партизани''от нив
,,Во редовите на бригадата скоро 22% биле членови на KПJ, а повеќе од 50% од младите биле членови на СКОЈ. Голем број од борците биле жени.''
Втора бригада 126партизана кон нив се приклучили 80 рудари и Бугарскиот баталјон „Христо Ботев“
Трета бригада

Подоцна истиот Бугарски баталјон со тичова група создават трета борбена група .

Значи преко сили 1000 луге со жените от нив ни половината не били македонци нито се борели за македонската комунистичка партија а за KПJ и СКОЈ и сакаш тоа да го представиш како ,,најголема воена сила на Балканот''?

Уште да прашам кога е капитулирала Бугарија, и пред кого?
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Уште да прашам кога е капитулирала Бугарија, и пред кого?
Бугарија нема пред кого не капитулирала... На сила се приклонуваат одма ..гзот под кирија на ангро... Не за џабе најприходна економска гранка ви е проституцијата... Извоз на проститутки во Светот број еден по глава на жител....

Не за џабе услов за државјанство на Вулгаристан ви е национална проституција... за подобар живот разбира се ...

Не за џабе рекле Бугар е занимање... јас би додал Бугарството е синоним за проституција... и национална и политичка и фактичка....
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2006
Мислења
45.498
Поени од реакции
84.993
Бугарија изигра прилично паметно во Втора Светска, се до смртта на Димитров.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028

Еве вака се создаваат разликите и поделбите кај најмладите.
Одамна виден систем во некои држави околу нас каде живеат мешани етнички заедници.
 
Член од
18 февруари 2012
Мислења
1.273
Поени од реакции
930
Бугарија нема пред кого не капитулирала... На сила се приклонуваат одма ..гзот под кирија на ангро... Не за џабе најприходна економска гранка ви е проституцијата... Извоз на проститутки во Светот број еден по глава на жител....

Не за џабе услов за државјанство на Вулгаристан ви е национална проституција... за подобар живот разбира се ...

Не за џабе рекле Бугар е занимање... јас би додал Бугарството е синоним за проституција... и национална и политичка и фактичка....
:pos:За новата година ти посакувам да си го излечеш Б комплексот
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Како викаше Латас - нив бар ги плаќа некој, а додека вас...
има секој можност да стане тоа... мајка Вулгарија ги чека со отворени раце.....Само треба да научи и да биде спремен да се продаде...и одма стануе Вулгар...
Автоматски споено мислење:

:pos:За новата година ти посакувам да си го излечеш Б комплексот
Знаеш што е најинтересно... не е Б, не е бета... вита е.... дури и името ви е грешно...
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
има секој можност да стане тоа... мајка Вулгарија ги чека со отворени раце.....Само треба да научи и да биде спремен да се продаде...и одма стануе Вулгар...
Автоматски споено мислење:

Знаеш што е најинтересно... не е Б, не е бета... вита е.... дури и името ви е грешно...
Вулгар не се станува, како таков се раѓаш. Има многу Вулгари кои што решиле да бидат нешто друго и тоа не е никаков проблем, се додека не решат да си ги препишат куќата и нивата под нивното ново име, кои им ги оставил дедо им кој бил исто така Вулгар.
 
Член од
18 февруари 2012
Мислења
1.273
Поени од реакции
930
Знаеш што е најинтересно... не е Б, не е бета... вита е.... дури и името ви е грешно...
може и да си во право ке ти повервам се пак имате по големо искуство со грешни имена и нивната промена
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom