Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 март 2006
Мислења
17.897
Поени од реакции
12.438
Наместо да се занимаваме во каков хаос ни е државата од а до ш, ние (со нечии подметнати постови) им одиме на рака на бугарите. А тие сложни, албанците сложни, србите сложни (читајте им ги нападите врз Богојевски во врска со Црнгорската црква и Србија, дури и од к-градоначалникот на оп. Центар), само ние сеуште сме за краља или цара. Бугарите очи ќе ти извадат ако спомнеш нешто против нив, за се се србокомуњарите виновни. Срамота при тој обем информации денеска по разни архиви, да се паѓа на вакви местенки пласирани информации во точно одредено време.

Пошто не е историја тема, за крај да си прочитате сведоштвото од Миновски, а покрај тоа еве, сведоштво, писание од Злате Тренески (татко на познатиот м-р Мартин Треневски, новинар, публицист, министер за информации во 1991 и без ресор 1998, амбасадор во Шведска, Финска, Норвешка, Нато и Канада и политичар во Македонија). Како амбасадор во Брисел, познат е по ставот кон Нато заклучокот од Букурешт, односно заложба за промена на заклучокот, со кој се бара надминување на спорот со цел активирање на поканата за членство во НАТО. Сци, фи што би рекле, но со наивни наводно добри намери. Неговата сопруга била амбасадор во Австрија.

Од изјавата на З. Тренески во 1990та во Нова Македонија, редактирана од З Савески.

КАКО ЗАГИНА РАЦИН, КОЈ ГО УБИ РАЦИН, ЗОШТО ГО УБИВТЕ РАЦИН? Ова се само дел од насловите на написите на одделни „неверни Томи“, што се појавија во последно време, а слични, веќе 47 години, ја вознемируваат нашата јавност. Оваа појава наедно е и повод за моето јавување преку ценетиот весник „Нова Македонија“, со намера да придонесам за дефинитивно расветлување и утврдување на овој немил настан.
Како курир при ЦК КПМ и Главниот штаб на НОВ и на ПОМ, непосредно учествував во лоцирањето и изградбата на партизанската база во Лопушник, во пролетта 1943 година. Честопати престојував во таа партизанска населба и на тој начин имав можност да ги запознам речиси сите раководители на Партијата и на народноослободителното движење во Македонија, како и оние другари, кои доаѓаа од други региони, за работа во партизанската населба или во партизанските единици во западна Македонија.
Еден од многуте другари, кои, во почетокот на мај (мислам дека беше 1 мај) 1943 година, пристигна во базата, беше и Кочо Рацин. Тој дојде преку илегалниот канал: Скопје – Сува Гора – Гостивар – Мавровско, заедно со Владо Малевски – Тале, Петре Богданов – Кочко, Добривое Радосавлевиќ – Орце, Киро Георгиевски – Дејан и други, а водич и беше Аризан Несторовски – Марче, исто така курир при ЦК КПМ и ГШ на НОВ и на ПОМ. Мислам дека групата имаше и вооружена придружба, но за имињата на тие другари не се сеќавам.
Кај сите новодојдени другари се забележуваше голема возбуденост, радост и гордост од она што го видоа во партизанската база: оформена партизанска населба, присуство на голем број партизани, комплетни раководства, како партиски, така и на НОБ, воспоставен „куќен ред“ (обезбедување, курирска служба) и сѐ друго што ја чини една модерна организација на оружените сили. Меѓутоа, секако, највпечатливо беше развеаното знаме со петокраката ѕвезда.
Мал број од „постарите жители“ во партизанската населба знаеја за улогата што ја имаше секој поединец од новодојдените, а по својата возбуда и радост се издвојуваше еден другар, кој според својот изглед, не беше толку маркантен. Застана меѓу „главната просторија“ (работната барака на одговорните другари) на која се вееше партизанското знаме и другите простории – бараки и како дете се радуваше. Некако вџашен, поцрвенет од пролетното мајско сонце, тој нам непознат другар, погледнуваше де во знамето, де во нас „постарите борци“, а очите постојано ги насочуваше и кон петокраките на нашите капи. Ја беше симнал својата капа од глава и онака, неконтролирано, ја туткаше во рацете, што кај некои, кои го гледаа, предизвикуваше смеење, бидејќи капата од постојаното туткање ја загубила формата.
Откако ги сместивме новодојдените, а другарот со капата им го предадовме на оние од печатницата (нивната барака беше блиску до другите колиби во населбата), ни пријде другарот Страхил Гигов и ни се обрати со следниве зборови: „Овој другар е со дефектен слух. Извонредно е полезен за нашата партија и за борбата воопшто. По природа е пргав и немирен дух, поради тоа, внимавајте на неговата безбедност и на однесувањето спрема него.“ Зборовите на Гигов и однесувањето на Рацин спрема сите нас, посебно спрема оние што беа од работничко потекло и од село, придонесоа кај сите нас набргу да се создаде почитување кон другарот Кочо. И од другарот Питу (Кузман Јосифовски) слушнавме пофални зборови за Рацин, со што се дополни претставата што се создаде кај сите во базата за него.
Како курир на ЦК КПМ и ГШ на НОВ и на ПОМ, честопати крстосував низ западна Македонија, од партизанската база во Лопушник, кон Дебарца, Струга и Дебар, а другарот Аризан Несторовски – Марче ги покриваше регионите: Гостивар, Тетово, Маврово и Мијачијата, а понекогаш и кон Дебар. По нашето враќање од терен, постојано бевме во непосредна близина на другарите од партизанската печатница „Гоце Делчев“ и на другарот Рацин. Им помагавме во работата: вртењето на машините – шапилографите, средувањето на материјалите, а бидејќи влагата беше голема, хартијата претходно моравме да ја сушиме, за да можат да работат другарите од печатницата. Тоа траеше речиси еден месец. Не се забележуваше ништо сомнително, ниту, пак, било што – што би можело да укаже дека погибијата на Кочо Рацин ќе се случи во нечија режија. Кочо Рацин беше омилен и популарен кај сите присутни во партизанската населба во Лопушник.
Трагичното загинување на Рацин верно го опиша Страхил Гигов во својата книга „Сеќавања“ на стр. 272 и 173, а и со други прилози и сведоштва се докажа дека тој настан е несреќен случај. Ние, неговите другари од тогашната партизанска населба во Лопушник, ова прашање го сметавме за расчистено. По ослободувањето, а особено во последно време, меѓутоа, сѐ повеќе се појавуваат многубројни „теории“, во кои сѐ и сешто се докажува. Многумина, кога ќе разберат дека сум од Кичевско и дека имав контакти со партизанската база во Лопушник, ми поставуваат прашања во стилот: „Како загина Рацин?“, „Мораше ли да загине Рацин?“, „Кој го уби Рацин?“, па дури и „Зошто го убивте Рацин?“ (?!)
За недовербата околу загинувањето на Рацин зборуваат и два написа објавени неодамна – „Како загинаа Рацин и Каранѓелевски“? („Млад борец“ бр. 1668 од 29-12-1989) и „Патокази на македонското опстојување“, со поднаслов „Додека Венко Марковски беше овенчуван со ловорики, Кочо Рацин беше казнуван со бојкот и беше без потпора во својата партија, преколнуваше да биде испратен како обичен борец во некој од партизанските одреди што се формираа.“ Во написот во „Млад борец“ е карактеристично што се прави споредба меѓу двата настана, но тие не можат да имаат никаква сличност. Кочо Рацин загина во воено време, во услови на строга илегалност, каде што и најмалиот шум на планинскиот ветер, кај партизанските стражи предизвикуваше тревога и положба на мобилност, посебно по неколкуте изненадувања од страна на непријателот, како и по нападите на балистичките банди врз базата во Лопушник, на 30 мај 1943 година, кога имавме и неколку ранети. Вториот немил настан – загинувањето на Карангелевски, се случи во сосема други околности каде што не беше потребна никаква претпазливост, па затоа е многу чудно кога се споредуваат овие два настана.

Споменатиот напис во ЛИК, бр. 82 од 3.01.1990, објавен на три страници, е составен така, читателот да стекне убедување дека се работело за личност од извонредно значење, што и навистина беше, и дека целото негово движење по врвиците на партизанските крстопати го карактеризира една трагика, сѐ до последниот миг од неговиот живот. Меѓутоа, борбата на Рацин во редовите на работничкото движење за национална и социјална слобода уште како имаше величествени мигови и среќни доживувања. Да го споменам, на пример, излегувањето на неговите „Бели мугри“ и неговото доаѓање во партизанската населба во Лопушник, каде што не можеше да се соземе од радост и од возбуда.

И на еколошкиот митинг кој го одржа друштвото „Опстанок“, во минатата година, во Скопје, на еден од плакатите стоеше: „Кој го уби Рацин?“ Очигледно е дека нашата јавност сѐ уште не е подготвена да ги прифати досегашните искажувања за загинувањето на Рацин. НЕВЕРОЈАТНО. Зошто не им се верува на оние другари што биле присутни на трагичниот настан? Дали дојдовме до таму еден на друг ништо да не си веруваме? Зошто не му се верува, дури и на признанието на Мино Миновски дека тој, како стражар во базата во Лопушник, пукал во Рацин, по што со мака го спречивме да не изврши самоубиство. Секој стражар на местото на Мино Миновски, во тие услови (мрак, постојана опасност од балистички упади) би го сторил она што го стори тој. Трагедијата беше во тоа што Рацин беше речиси наполно глув, па, по првиот повик „стој“, не го слушнал предупредувањето, тоа не го сторил ни при второто предупредување, по што при третиот повик да застане (по сите војнички правила) истрелан е трагичниот истрел. ТУКА Е ВИСТИНАТА.
Покрај Мино Миновски, во непосредна близина на трагичниот настан биле Киро Георгиевски – Дејан, Митре Инадески, Аризан Несторовски – Марче, Пецо Чинговски и уште некои другари. Од нив живи се само Митре Инадески и Пецо Чинговски, за настанот мислам дека може нешто да каже и Ванчо Бурзевски, а со подробности беше запознат и Страхил Гигов.
Предлагам Редакцијата на „Млад борец“ (како најзаинтересирана страна) и историските институции и други заинтересирани да организираат собир (тркалезна маса) на кој конечно би се расчистило ова прашање. Инаку, ако продолжи вака, никој за ништо никому нема да му верува.
На собирот, за којшто се залагам, предлагам да се поканат другарите: Страхил Гигов, Митре Инадески, Пецо Чинговски и други, кои би можеле да дадат придонес со свои искажувања. Подготвен сум и самиот непосредно да дадам придонес, презентирајќи го ова што го кажувам во мојот напис.

--------------
Инаку на фб има разни "информации", пример дека во убиството учествувале ликот таткото на амбасадорот, некојси Капетановиќ и Темпо...има разни теории, дека не сме сами во универзумот, дека светот е создаден пред 6000 години.
Али навистина има библиотеки па таму може да се најдат некои архиви, овде (или по мрежите) се бесполез вакви напади врз нашата историја, а се огромен полез за нашите мили соседи, браќа и пријатели.

Патем тема историја има во посебен подфорум, доста дрвење со историја на соседни држави
 
Член од
5 август 2017
Мислења
697
Поени од реакции
855
Наместо да се занимаваме во каков хаос ни е државата од а до ш, ние (со нечии подметнати постови) им одиме на рака на бугарите.
кој тоа ние ? кој им оди под рака на бугарите ?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.897
Поени од реакции
12.438
кој тоа ние ? кој им оди под рака на бугарите ?
ако досега не сфати кој и зошто подметнува постови за панахиди на т.н. некоиси злосторства врз бугарите во тема која не е во историја од пред 80тина години, прости ми, јас не можам ништо да ти помогнам.

Празник е денес
 
Последно уредено:
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Глупост над глупостите, слично како и цела оваа бугаризација и анти-југословенска пропаганда која се води од некои про-бугарски здруженија и за жал, од страна на неколку фаци од мојата навивачка група, кои по се изгледа имаат замаено многу млади мозоци кои немаат познавање ниту од војната во 2001 (затоа што имале 1-2 години), а камо ли од работи кои се случувале многу пред да се родат.
Жално што дел од овие здруженија беа членови на форумов на времето и сме минувале низ разни дискусии. Со оглед на тоа што ги познавам голем дел од нив, не знам како пред неколку години сосема случајно ИМ СЕ ЈАВИЈА ОВИЕ ВЕРУВАЊА и ПРЕКУ НОЌ СТАНАА „СВЕСНИ“ за работите.
Свесно или несвесно работат за татарската пропаганда.

Убаво го објаснија случајот погоре, нема да се повторувам.

Фактите се следни и никој не може да ги побие.
Не сме успеале самите да се избориме за своја држава. Причината не можам да ја знам, но со оглед на тоа какви луѓе дозволивме да ни ја водат државата по осамосотојување, мислам дека можам да претпоставам дека алчноста на народот била вековен проблем. Убаво викаше еден другар, ние немаме никаква борба во минатото за која можеме да се пофалиме дека сме излегле како победници. Се гордееме со востанија кои како што би рекол тој, настанале откако ќе се начукал некој и ќе кренел пушка, додека не дознаеле турците и не го патосирале за неколку денови (онолку денови колку им биле потребни да дојдат до селцето). Постојано биле подложни на влијание од комшиите, штом толку години не можеле да настапат здружено низ цела територија на државата, тогаш веројатно и не им била главната идеологија да видат Обединета Македонија. Знам дека во Отоманското царство состојбата ни била катастрофална, но реалноста ни е дека и многу години претходно ние сме немале своја држава и сето тоа довело да тешко издвојуваме победа самите. Сме дозволиле други да не ослободат, што си донело огромни последици понатаму. Требало стратешки да играме подобро, не ми е јасно како секоја „стратешка битка“ ја имаме изгубено, до ден денешен. Факт е дека сите комшии се имале намерачено на Македонија и дека голем дел од овие кои ги воспеваме веројатно седеле на две столчиња. Јас имам почит само за Гоце Делчев, за другите не можам ништо да тврдам со сигурност, особено не за оние кои се воздигнаа минативе години, фаци како Александров и Михајлов. Преку ноќ се дигна пропаганда дека намерно комунистите ги правеле „бугараши“, не е дека историјата вика дека биле поголеми Бугари од самите Бугари (особено вториот). Се восхитувам на истрајноста на народот што толку години успеал да ја одржи културата, да живее еден мазохистички живот без да се предаде на окупаторот. Но, луѓето кои ги воделе стратешките војни, неретко биле со „заматени“ идеали.
Она што нам ни е поблиску се настаните од втората светска војна, а факт е дека партизанското движење заслужува многу поголема почит од она што го добива во моментов. Трагично е што тие луѓе се навредувани од младите кои сега се поставуваат како десница во државава, на сметка на ликови кои биле отпадоци од Бугарската фашистичка пропаганда. Трагично е што овие движење се идентификуваат со сегашната партија СДС, која нема допирна точка со нив. За политички поени, со финансиски инјекции од страна, некои пробуваат да ја извртат историјата. Уште поинтересно е дека и СДС кои ги идентификуваат со комунистичкото движење, ја ебаа логиката и се приврзаа на „новонапишаната страна на историјата“. Бугарите биле фашисти и тоа е непобитен факт. Бугарите убивале македонци, затоа што сме биле противници во војната. И така се чувствувало МНОЗИНСТВОТО од населението. Факт е дека ако не постоел Тито, немало да постои ниту Македонија. Кој што сака нека збори, следејќи ја истрајноста и „успесите“ од минатото, ако не бил Тито, веројатно ќе бевме дел од Србија и никогаш немаше да се избориме за независност. Ние не можеме да се справиме со 20%-тните во нашата држава, не па на Југославија ќе сме се спротиставеле. И добиената независност на начинот на кој сме ја добиле е вистинска умешност. Ни подариле независност, а ние со нашите политики ќе придонесеме да ја снема државата.
Во овие битки учестувале Македонци, за прв пат Македонците рамноправно се бореле на победничката страна. Можеби не сме ја ослободиле цела Југославија, ама сме имале значајни моменти како требењето на Балистите кои правеле масакр низ реканскиот дел, бркањето на татарскиот окупатор и слично.
Уште потрагично е дека некој мисли дека Југославија била во состојба да и се спротистави на Америка и Британија кои биле наклонети кон Грчките „демократи“ и кои се директни виновници за она што е направено врз Македонците од Егејот. Македонците од овој дел се приклучиле на комунистичкото движење и биле протерани како политички поразена страна.
Трагично е што нашата власт се откажа од македонците од овој дел, што го негираше геноцидот кој се случил по втората светска војна. Трагично е што ниту една власт досега не собра муда јавно да побара прошка од Грција за овој геноцид и да побара извинување и признавање на она што го направиле.

Едно нешто треба да ви биде јасно. За да опстои Југославија, каква што била во тие години, сите неистомисленици биле политички елиминирани на суров начин, нешто што го има и во сегашноста, само прикриено на поинаков начин. Голем дел од нив имале идеи водени од интересите на други држави, а некој сака да го прикаже тоа на поинаков начин. Реалноста која сите ние ја знаеме од нашите роднини од кои имаме ЖИВИ ДОКАЗИ е дека на луѓето во тој систем им било убаво и немале ни потреба за ширење на идеи за суверени држави. Никаде не им било забрането да зборуваат и учат на Македонски, никаде немале забрана да се декларираат како Македонци, така што тоа остава простор за сомнеж за „идеалите“ на оние кои наводно биле „затворани затоа што биле Македонци“. Да, кодоши имало, такви подлизурковци се секогаш на власт, но луѓе биле елиминирани само ако преставувале закана за партијата. Нормално, јас ваков начин на владеење на оправдувам, не може луѓето да немаат право да си искажат мислење, но како што гледаме ниту во сегашноста не сме се промениле. Но, ме нервира начинот на кој се извртува причината за тогашните политички убиства. Сите анкети кажуваат дека огромен процент од луѓето би се вратиле да живеат во заедничка држава. Секоја држава си имала своја незавиност во рамките на Југославија, со тоа што како главен центар, предност им се давала на Србија. Државата опстојувала од стравопочит кон Тито, едвај чекале да скине конци за да се изигра на картата национализам меѓу народите (се' уште тлеела омразата, затоа што во минатото голем дел од народите биле на спротивна страна во војните) и да се растури Југославија, за некои да ќарат во својот џеб и буквално маме да им ебат на сите држави, со исклучок на Словенија која секогаш се разликувала по менталитетот на луѓето. Којзнае колкав е бројот на оние кои се каат за тоа што го направиле по смртта на Тито.

Никој не ни мислел добро никогаш, но факт е дека Македонецот видел многу повеќе ќар од Тито, отколку од оние чија пропаганда се форсира сега.
Јас знам дека голем дел од дечкиве што го тераат овој филм имаат чисти намери, но дел од нив ти се модерните Михајловисти, а другите се недоволно образовани да знаат каков став застапуваат.
Да Тито ни дал држава.Исто и на црногорците,босанците и богами косоварите да створат услови за своја држава.Се со една и единствена цел да ја ослаби Србија.И шо е најинтересно голем дел од србите сеуште се крстат во Тито.
 
Последно уредено:
Член од
6 јануари 2020
Мислења
327
Поени од реакции
320
Да Тито ни дал држава.Исто и на црногорците,босанците и богами косоварите да створат услови за своја држава.Се со една и единствена цел да ја ослаби Србија.И шо е најинтересно голем дел од србите сеуште се крстат во Тито.
Нели најголем дел од ресурсите се инвестирале во Србија?
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Нели најголем дел од ресурсите се инвестирале во Србија?
Види само која територија била под србите пред 1939 и види ја српската територија после 1945 и ќе ти стани појасно како Тито ги изиграл ко мулиња!
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.861
Поени од реакции
17.100
... не можеш ти да свртиш капа туку така после светска војна. Вмро си ја одбрале страната. Италија изгуби, Германија изгуби. Хрватите, Србите, Македонците, ние сите се „Извадивме“ на тие Партизани, демек сме биле против Фашистите. А на сите ни е јасно дека и Усташите и Четниците и Комитите биле против комунизмот и биле од страна на Германците, Итаљаните. Само наш балкан како што си е, секогаш мора да биде поделен по нешто па ете и по некој партизански одреди се појавиле.

А што викаш за србите, србите колку што имаат изгубено, тоа е чудо. Една работа уште ми остана у сеќавање - „ србите уште малце и ќе останат Београдска Покраина“. Србите буквално изгубија се, добро уште Војводина да им се отцепи фали. А ние, на нас никој не ни е крив. Сами си дозволивме се да ни се деси. Само не сфаќам како Бугарите толку ги сакаат ВМРО и Комитите и сакаат да си ги присвојат кога баш тие им ја ебаваа државата како сакаа. Баш тоа вмро им вршеше терор, убиства, си имаше своја пара војска на некој начин, им стави Македонец роден во Велес за премиер итн.
Со грците више стана смешно ова. Искраено името како само име, има голема улога во нашата гордост али и Вардарска Македонија е логично име за Државава пошто де факто државава е направена на Вардарскиот дел од Македонија.Северна исто така има некоја логика пошто ова е северниот дел од таа цела територија Македонија која што сме ја изгубиле. Само, боли бе тоа гркот да ми кажува како да ми биде името, ах бе ќерата... Најбитно од се е да не се изгуби НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ.
Нација - МАКЕДОНЕЦ - МАКЕДОНКА - МАКЕДОНСКО
Јазик - МАКЕДОНСКИ
Црква - МПЦ
другото и да се мења нешто, треба да се размисли убаво ама Националност, Јазик и Вера НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА ПИПА ДА МЕЊА НА НИЕДЕН НАРОД. Не зборам тука за внатрешно државно уредување, кај нас во Македонија има и други вери, и други националности. Зборам за Националното прашање за секој Македонец каде и да е, не може он да стане Северно-Македонец или под националност да биде Граѓанин на северна Македонија. Се знае, сите тука моментално (за среќа/за жал кој како љуби) сме граѓани на северна Македонија Но под националност мора да има да си стои : Македонец, Албанец, Ром, Турчин итн...И пред да се смени името кога бевме Република Македонија ние сите бевме Граѓани на Република Македонија и по националност си се делеше после на Македонец, Албанец,Турчин,Ром итн.
Под јазик : Македонски, потоа следуваат и Албански, Турски, Ромски итн. (на овие јазици барем јас знам дека има и паралелки во Основно/средно)
Како и да е, ќе видиме и ова северново колку ќе трае... Нагло залади, не се трпи више мме :)
уште за време на ВВ2 требаше да си сменат странаа, па сама Блгарија смени страна, а и Италија... прочитај за Војводство Македонија, формирано 41/42 во Костур, какви се замрсени работи имало...
а патем што мислиш, кој го направи мартовскиот пуч 1941 во кралевина СХС ?? не учеа за време на ЕхЈу дека КПЈ, а нема врска, британска шпијунска мрежа, КПЈ само се приклучи ... Факт е дека ВМРО низ историјата , ( освен Делчев), поим немале од дипломатија и им служеле на Блгарија и Грција како маша ; непотребно и предвремено Илинденско востание, немале способен дипломат кој би издејствувал некоја автономија, а имаало интерес кај некој од големите сили, ама самите во ВМРО немале единство и потпаѓаале под влијание од соседните држави...работата е утнатаа порано, 1912, за време на ВВ2 максимумот беше Асномска Македонија.. Тито ја зема Истра од Италија, ама не така лесно, а Италија беше од поразената страна. Можеби можеше Тито да им ја земе на Блгарија Пиринска Македонија, ама поради добрите односи со Ѓорги Димитров, Тито ниту воена одштета не побара од Блгарија...сега нашите посрани политичари наместо ТОА 24/7 да им го кажуват на Блгарите, Заев ги потпали дека не му требал преведувач за блгарски...
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.607
Поени од реакции
5.324
Другар, народот ги направил и Комитите и Усташите. Маката ги направила. Да се разбереме, не можеш ти да свртиш капа туку така после светска војна. Вмро си ја одбрале страната. Италија изгуби, Германија изгуби. Хрватите, Србите, Македонците, ние сите се „Извадивме“ на тие Партизани, демек сме биле против Фашистите. А на сите ни е јасно дека и Усташите и Четниците и Комитите биле против комунизмот и биле од страна на Германците, Итаљаните. Само наш балкан како што си е, секогаш мора да биде поделен по нешто па ете и по некој партизански одреди се појавиле.

А што викаш за србите, србите колку што имаат изгубено, тоа е чудо. Една работа уште ми остана у сеќавање - „ србите уште малце и ќе останат Београдска Покраина“. Србите буквално изгубија се, добро уште Војводина да им се отцепи фали. А ние, на нас никој не ни е крив. Сами си дозволивме се да ни се деси. Само не сфаќам како Бугарите толку ги сакаат ВМРО и Комитите и сакаат да си ги присвојат кога баш тие им ја ебаваа државата како сакаа. Баш тоа вмро им вршеше терор, убиства, си имаше своја пара војска на некој начин, им стави Македонец роден во Велес за премиер итн.
Со грците више стана смешно ова. Искраено името како само име, има голема улога во нашата гордост али и Вардарска Македонија е логично име за Државава пошто де факто државава е направена на Вардарскиот дел од Македонија.Северна исто така има некоја логика пошто ова е северниот дел од таа цела територија Македонија која што сме ја изгубиле. Само, боли бе тоа гркот да ми кажува како да ми биде името, ах бе ќерата... Најбитно од се е да не се изгуби НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ.
Нација - МАКЕДОНЕЦ - МАКЕДОНКА - МАКЕДОНСКО
Јазик - МАКЕДОНСКИ
Црква - МПЦ
другото и да се мења нешто, треба да се размисли убаво ама Националност, Јазик и Вера НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА ПИПА ДА МЕЊА НА НИЕДЕН НАРОД. Не зборам тука за внатрешно државно уредување, кај нас во Македонија има и други вери, и други националности. Зборам за Националното прашање за секој Македонец каде и да е, не може он да стане Северно-Македонец или под националност да биде Граѓанин на северна Македонија. Се знае, сите тука моментално (за среќа/за жал кој како љуби) сме граѓани на северна Македонија Но под националност мора да има да си стои : Македонец, Албанец, Ром, Турчин итн...И пред да се смени името кога бевме Република Македонија ние сите бевме Граѓани на Република Македонија и по националност си се делеше после на Македонец, Албанец,Турчин,Ром итн.
Под јазик : Македонски, потоа следуваат и Албански, Турски, Ромски итн. (на овие јазици барем јас знам дека има и паралелки во Основно/средно)
Како и да е, ќе видиме и ова северново колку ќе трае... Нагло залади, не се трпи више мме :)
Многу појасно станува ако се има знаења за:
- Зошто Македонија и Македонците се поделени на 3 дела и живеат во три различни држави?
- Убаво би било да се најде некоја сериозна анализа на таа тема, од сериозни истражувачи, ама има поважни прашања да се тртомуљи за Бугаристан Србистан, Грекистан и Арбанистан...
- И денес повеќето веруваат дека се собрале овие 3 стана и објавиле војна на Турција па си ја поделиле Македонија , само учен недоучен верува во такви теории, ако се видат денес тие 3 стана се и понатаму нечии вазали и експоненти на интересите на големата четворка....
- Има една Иванка се чука во гради се бавела со геостратегија (не велам дека не читала и учела -туку што научила) да ја прашаш за едно ваква елементарна работа ќе је повтори научената пропагандна школска лекција, погоре спомната,...
- Нема сериозна анализа зошто толку Црпиња конвертити има помеѓу Македонците денес ама и со децении пред, кој пласира таква пропаганда и кому оди во интерес?!

---
Гледам има и историчари на форумов, Едно прашање каде може да се најдат трудови-материјали-анализи за овие прашања, не од Берлински или Лондонски архиви, туку од Македонисти напишани на македонски јазик пишувани за Македонци?

Види само која територија била под србите пред 1939 и види ја српската територија после 1945 и ќе ти стани појасно како Тито ги изиграл ко мулиња!
Да ги изиграл како “мулиња“, добро им го сместил од 1945 до 1990 сите Срби живееја во една држава, не им беше 'арно' и го сакаа кралот, сега си живеат во повеќе кнежества :yid:
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.506
Поени од реакции
990
нема што да нагаѓаме, светиот другар Тито што каже кажано е... А неговите правосвештеници од катедрата по историја го пренесуваат неговиот збор кој е еден и единствен вистински....

BTW, комунизмот е добар, само Сталин го киднапирал од Ленин и го вратил национализмот и црквата... пошто само нацониалисти и религиозни фанатици може да направат толкаво зло, нема шанси Сталин да е комунист, комунистите се Анѓели у ствари...

И да... Сталин не трошел пари по библиотеки, затоа и незнаел што е комунизам, се збунил.
Слабо сте начитани,на ленин братму исто така бил мангуп ко дамета гоце тито лазо ванчо и сл. учествувал во атантато на царот Александар 2 , и не бил помилован му пишал на царо како лазо ама ништо го обесиле ,и ленин кога разбрал рекол ќе платите за ова ојде се навежба и му ја скрши кичмата на царот и rest is history
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.498
Поени од реакции
84.993
Член од
6 јануари 2020
Мислења
327
Поени од реакции
320
Не е по либерално за трева сега во споредба од на Грујо времето?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.861
Поени од реакции
17.100
Груевски гомна да јаде. (и сите власти до сега)
марихуана ОХИ, за 5 грама трава букса, а кокаин мозе, за 0,7 Тон само домашен притвор
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.498
Поени од реакции
84.993
Не е по либерално за трева сега во споредба од на Грујо времето?
Поише ја има.
А полиберално, богами не е.
Али затоа прилично е либерално, како што слушам, за кока.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom