Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.662
Поени од реакции
28.062
Незнам што сакаш да кажеш со ова... биди малце поконкретен.
Сакам да кажам дека се намножија програмери.Многу ги има и доста нови се појавуваат
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.261
Поени од реакции
18.078
Па шо се бунат земјоделциве пред влада?Требало да се обратат кај тебе за да им ги отвориш очите!(y)
Затоа што беше лажен протест.

Еве на пример пелагонија, тие што работат пипер капија со сегашнава цена од 25 денари на поголема површина без некој 15.000 - 30.000 еур годишно не се.

А работат и тутун без некој 5 декари никој не е, иако најчесто работат и по 20 декари, и тие не се без 4.000 - 20.000 еур годишно.

Исто и лозарите.

И да ти кажам редно беше земјоделската работа да се исплати, затоа што ела работи во поле да те видам.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
значи една овца специфична за ова поднебје ти носи 75 литра млеко. да го продаваш на млекара ти е 3000 денари приход. да го правиш сирење ти е 4500-6000... после тоа имаш јагне кое го продаваш и имаш и волна... значи 80-100 евра годишно ..

ако одгледуваш приносни сорти, приходот е 250-350 годишно.
Ова се само приходи на хартија. Нашата специфична овца не дава 75 литри млеко, уште помалку млекарите ќе го платат 40 денари (ако не грешам по твојата матеметика така го плаќаат). Кравјото млеко го плаќаат по 18 денари, ова нека биде малку поскапо, ама ептен претеруваш. Понатаму, секој ден треба да го носиш до млекарата, а таа не е во планина. Ако го правиш сирење, исто треба да имаш пласман. Да не зборувам за условите кои треба да бидат исполнети за производство на сирење. За јагнето каде има кланици кои реално го плаќаат? Затоа го продаваме на прекупци за ниски цени. Волната е посебна приказна. Дали некој ја откупува и по која цена?

Си направил математика за приходи, каде се расходите? Каде е храната, вакцинирањето, плата и осигурување за овчарите? Каде е калкулацијата за загуби, било од смртност или од волци?

Додека не почнеш да чуваш овци, никогаш нема да знаеш како е. Ако од овца годишно ти останат 20 евра, тоа е супер.

Втората опција во светот па со тоа и во МАКЕДОНИЈА се појавува со јакнењето на Русија во светски рамки.Таа нуди достоинствна позиција на Македонскиот народ и е ревизионистички настроена кон сето досегашно направено од нејзиниот соперник САД.
За жал со приемот во НАТО оваа опција повеќе не постои.
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.319
Поени од реакции
1.159
овци не сум чувал, али имам познаници што чуваат и добро им оди.... имаат проблеми како и во секој бизнис, особено е тешко овчар да се најде... ама приходите им се екстра.
Јамајка,дај Боже добро да им оди,и да им се зголемуваат стадата ама тие приходи што ти беа претходно напишани се нереални.
Овчарството е тешка професија и на долг рок ќе даде резултат,ама мора да се знае дека не е пропулзивна гранка.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Затоа што беше лажен протест.

Еве на пример пелагонија, тие што работат пипер капија со сегашнава цена од 25 денари на поголема површина без некој 15.000 - 30.000 еур годишно не се.

А работат и тутун без некој 5 декари никој не е, иако најчесто работат и по 20 декари, и тие не се без 4.000 - 20.000 еур годишно.

Исто и лозарите.

И да ти кажам редно беше земјоделската работа да се исплати, затоа што ела работи во поле да те видам.
А на кое поле работиш?Значи треба да имаш поле за да го работиш така?:cautious:
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
884
Еве една “сликовница“ која на свој начин ги покажува тие процеси, мачни ама резултатот е за почит!

Автоматски споено мислење:
И Ленин - такој молодој,
И јуныј Октјабрь впереди! :)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Значи колку ме нервираат лажни придобивки оваа влада е махер за тоа.
Демек ги намалиле казните а ги укинале негативните поени. Тоа е се за полнење буџет. Намалени се само минорните казни како за погрешно паркирање. Другото се останува исто. Реално ако те дигне пајак ќе си платиш пајак и место казнени поени плус 20 евра за буџетот. И сеа што е поевтино за граѓанинот - 20 казнени колку беа таму за паркирање или 20-30 ЕУР?
Шупаци невидени. Па постојат и 250 еур казни. АЛОООО минималец немаме 250 ЕУР. Јас незнам во Германија да има 1000 еур казна?
INDIJANEC123,

јасно е дека се работи за популистички потег од комуњара и тоа токму во овој предизборен период, во обид да се ќари колку е можо повеќе гласови, а не од грижа на власта за стандардот од народот...Да сакаше власта да го подобри (стандардот), ќе превеземеше потребни економски а не популистички мерки.

Одамна (ни) е јасно со која цел е „насадена„ оваа власт па затоа во Севердонија не постои никакво економско раздвижување, туку бесконечно тапкање во место, кое ќе биде уште понагласено во изборната година.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.987
Поени од реакции
4.781
Пу пу, скраја да е да сум дотолку. Само глуп и неук човек смета дека со труд и знаење може да се стигне до поголема плата и подобар живот.

Ма јок, каков негов труд, сѐ е тоа крадено. Што е бе еден програмер попаметен од Стефка од Ропотово што работи на лента и зема минималец, или па од некој таксист!? Ништо.

Инаку, тоа баш си мислев од сабајле. 120 000 плата за штракање по тастатура!? А бе маме им ебем на ова програмериве и инженериве, државава ја опљачкаа. Затоа, не 18, туку 80% данок за таквите лопови, пари кои ќе одат во буџет со кој раководат Заев, Шеќеринска и Мира Дизел, пошто Заев и Мира Дизел се луѓе од доверба и знаат како паметно да ги искористат тие пари, а не ова програмериве што ја запустеа државава.
Ако е ова максимум што си можел да смислиш, не си требал ни да стануваш, можеби е време за опцијата повикај пријател.
ова се прашањата, на кои и не си морал да одговараш ако веќе немаш одговор....
Како тој со 120.000 дошол до таа плата?
Дали е тоа негов труд па е 25 пати попаметен од оној со минималец или е тоа резултат на политичко-економскиот систем кои му го овозможиле тоа?
Кој е твојот предлог решение за тие со минималец?
---
Одговорот на првото прашање е во второто прашање, третото само требаше да укаже на генераторот и повеќе е од реторичка природа!

Гледам, ти си овој единствениот што не потклекна пред камшикот (на втората слика). Барем така сакаш да се прикажеш. И таков си (единствен кој не ја гледа реалноста) овде на форумов. А во стварноста можеби си во последните и ќе се кренеш дури кога ќе видиш дека овој со камшикот е легнат долу. А можеби ни тогаш.

Каде си во вистинскиот живот? И каде беше? Зошто не го поведе народот на протести кога насилно се менуваше уставот и се продаваше името? Зошто не извади 100 000 народ на улица? И сега не е доцна. Покажи дека сликата има реална основа, ама во пракса, не со тастатура.

Најлесно е да ги навредуваш и омаловажуваш оние кои ја гледаат реалноста, па пишуваат спротивно од тебе. Велат дека човек кога нема вистински аргументи преминува на пцуење, навреди и омаловажување. Да ја пополни празнината.
Ајде мајката!
Имам таква карма, скоро секогаш да бидам единствениот... туку остави кај сум и кој сум јас, многу повеќе од твој интерес е каде и кој си ти.
Ако вака продолжиш темата ќе се сведе на тоа кој сум јас, дали сум таксист и слични неважни работи, што полза да речам и дека едно време работев и на катедра, зарем тоа ќе биде од некоја полза!?

Јас не постојам во вистинскиот живот туку само во виртуелниот, зошто не го поведов народот и јас си го поставувам тоа прашање - ама глеам на форумов не можам да убедам никој во исправноста на моите ставови по одредени прашања како ли ќе успеам кај масите - значи не ме бива, Црпе и Мицика се вистинскиот лек и решение за овие, си велам и сега pukankiii.gif

Немој да измислуваш-импутираш, никого не сум навредил (освен еден од оние кои ми се на игнор листа) или омаловажувал!
Секогаш фокусот ми се процесите и појавите, а ако некој застапник на таквите процеси се појави и препознае тогаш е тоа случај на индиректна навреда на неговиот интел-капацитет, но тоа не упатено на лична основа.
“Празнината“ треба некој друг да ја исполни јас сум тука само да укажам дека постои!
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Ајде мајката!
Имам таква карма, скоро секогаш да бидам единствениот... туку остави кај сум и кој сум јас, многу повеќе од твој интерес е каде и кој си ти.
Ако вака продолжиш темата ќе се сведе на тоа кој сум јас, дали сум таксист и слични неважни работи, што полза да речам и дека едно време работев и на катедра, зарем тоа ќе биде од некоја полза!?

Јас не постојам во вистинскиот живот туку само во виртуелниот, зошто не го поведов народот и јас си го поставувам тоа прашање - ама глеам на форумов не можам да убедам никој во исправноста на моите ставови по одредени прашања како ли ќе успеам кај масите - значи не ме бива, Црпе и Мицика се вистинскиот лек и решение за овие, си велам и сега Прегледај го приврзокот 221314

Немој да измислуваш-импутираш, никого не сум навредил (освен еден од оние кои ми се на игнор листа) или омаловажувал!
Секогаш фокусот ми се процесите и појавите, а ако некој застапник на таквите процеси се појави и препознае тогаш е тоа случај на индиректна навреда на неговиот интел-капацитет, но тоа не упатено на лична основа.
“Празнината“ треба некој друг да ја исполни јас сум тука само да укажам дека постои!
Дали си ти таксист или работиш на катедра мене воопшто не ме интересира.
Дека не постоиш во вистинскиот живот, туку само во виртуелниот, тоа е точно. Јави се во реалниот свет и собирај истомисленици, можеби ќе успееш. Ама ако и таму се однесуваш како овде, знај дека секој втор ден ќе мора да се тепаш со некого. Не ќе ти дозволат постојано да провоцираш и (прикриено) да омаловажуваш.
Тоа што на форумов не можеш да убедиш никој во исправноста на твоите ставови по одредени прашања значи дека никој не се согласува со нив. А ако никој не се согласува, запрашај се дали тие ставови се реални и исправни.
Во принцип твоите пораки ги прескокнувам, ама кога некој те цитира или ти реплицира, понекогаш се враќам назад да видам зошто така пишува. Доколку никој не коментира на она што си го напишал, јас едноставно прескокнувам.

За крај само два цитата, извлечени од твои пораки. Ме мрзи да се враќам повеќе назад, но во твоите пораки постојано провејува прикриена навреда, омаловажување, потценување, иронија.
Претпоставувам не си до толку.
Ова е твојот стил. Оставање недовршено, па дали продолжението е „будала“, „глуп“ или нешто трето, во секој случај јасно е на што алудираш.
сепак понекогаш потребно е да се вклучи и мозок
Значи дека ние не го вклучуваме мозокот. Сме го пуштиле на „пасење“.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.690
Поени од реакции
26.220
А на кое поле работиш?Значи треба да имаш поле за да го работиш така?:cautious:
имаш државно земјиште даваат под концесија во речиси неограничени количини. 50 евра по хектар годишно прва класа..
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.205
Поени од реакции
18.610
Затоа што беше лажен протест.

Еве на пример пелагонија, тие што работат пипер капија со сегашнава цена од 25 денари на поголема површина без некој 15.000 - 30.000 еур годишно не се.

А работат и тутун без некој 5 декари никој не е, иако најчесто работат и по 20 декари, и тие не се без 4.000 - 20.000 еур годишно.

Исто и лозарите.

И да ти кажам редно беше земјоделската работа да се исплати, затоа што ела работи во поле да те видам.
Протестот не беше лажен туку во првата прилика окупиран од опозицијата како пред неколку години кога протестите беа окупирани од тогашната опозиција.
Секоја година губиме се повеќе земјоделци и сточари,не само што земјоделската работа не се исплати и треба да се протестира туку треба да се запали се што е виновно за тоа.Само што кај нас народот е таков па за ситна корист 2,3 ќе се продадат,неколку ќе се откажат и се ќе премини во рацете на партиите.

Во секое село има по неколку луѓе од двете партии кои имаат само корист од земјоделието што го работат и многу поволности со што во вакви ситуации се користат и вклучуваат.
На таквите треба да им се запалат куќите и се што имаат,и да се протераат од селата за да почнат останатите да имаат корист инаку никогаш нема да ни биде подобро.Истото важи и за останатите партиски ботови насекаде.
А ти можеш да продаваш магла до утре.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.690
Поени од реакции
26.220
Ова се само приходи на хартија. Нашата специфична овца не дава 75 литри млеко, уште помалку млекарите ќе го платат 40 денари (ако не грешам по твојата матеметика така го плаќаат). Кравјото млеко го плаќаат по 18 денари, ова нека биде малку поскапо, ама ептен претеруваш. Понатаму, секој ден треба да го носиш до млекарата, а таа не е во планина. Ако го правиш сирење, исто треба да имаш пласман. Да не зборувам за условите кои треба да бидат исполнети за производство на сирење. За јагнето каде има кланици кои реално го плаќаат? Затоа го продаваме на прекупци за ниски цени. Волната е посебна приказна. Дали некој ја откупува и по која цена?

Си направил математика за приходи, каде се расходите? Каде е храната, вакцинирањето, плата и осигурување за овчарите? Каде е калкулацијата за загуби, било од смртност или од волци?

Додека не почнеш да чуваш овци, никогаш нема да знаеш како е. Ако од овца годишно ти останат 20 евра, тоа е супер.
Не викам дека е лесно, ама е добра можност кој сака бизнис да праи. трошоците не можеш точно да ги пресметаш, пошто се намалуваат пропорционално со зголемување на стадото.

Што се однесува до храната, ја користш природата максимално, а ги прехрануваш на зима... Храна ќе си произведеш..

А што се однесува до пласманот, јас искрено незнам сопственици на овци кои го даваат млекото на млекари. Сите што ги знам произведуваат сирење на традиционален начин. Сите го продаваат сирењето сами и без проблем.

Најтешкиот дел во сточарството е да најдеш овчари/говедари. До пред некое време земаа од голо брдо, но сега и тие не доаѓаат.

Што се однесува до јагнињата... тоа е зезнато малце, ама па во последно време секој бара јагне плус. Во држава во која 70% од месото се увезува, не е тешко да продадеш месо.

Тоа е ако гледаме како бизнис. Ако збориме за рурален секојдневен живот, тогаш е подруга и математиката... Но и тас слика е добра во споредба со класично Скопско семејство со две деца каде жената работи во шивална или во маркет, а мажот е таксист или работи во фабрика. Заглавени во кредити до гуша, остатокот парите ги трошат 90% на нездрава храна и сметки.
Додека во село се храниш здраво и домашно, живееш здраво и без стрес.
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Програмерите имаат неограничен пазар, затоа се толку платени. Порано кога работеа исклучиво за наш пазар платите беа доста пониски. За материјален производ треба да го складираш, па транспорт, граници, царини и др тракатанци. Софрверот иде пример до Америка со брзина на светлината. Затоа програмерите се платени. За сметководител софтвер нема испод 5000 еур. А за системи за големи компании како на пример Тинекс, Веро испод 50 000 еур нема. Нема компанија што не користи некаков софтвер а кога пазарот ти е глобален лесно наогаш пласман и цепиш. Поготово со апликациите за моб тоа се огромни пари. Има апликации кои коштаат по 100к еур. Сопсветикот заработува по 2-3 евра од некаква субскрипција или др. Милион јусери да наполни ете ти 2-3 милиони евра, плус ако има реклами.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.187
Поени од реакции
25.871

Ништо ново и непознато.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom