Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
M

Macedon1um

Гостин
Адвокатов на Боки вика дека бил во животно загрожувачка состојба, да не планираат овие да го рикнат во затвор ? Јер мртва уста не говоре за Кики и Фрики и уште кој знае вмешан во целата таа рекет операција. Не е овој некој што би ќутел ако го лупнат во затвор, а ако го ослободат па ќе изгубат многу од мк јавност
 
Член од
21 септември 2019
Мислења
10
Поени од реакции
8
Ниедна партија во нашата држава нема добар кадар. Ист е кадарот и во двете партии. Имаат по нешто добар кадар во најтесното раководство а се останато во пониските ешалони е неписмена багра. И тоа не е проблем доколку сме нормална држава. Во нормална држава администрацијата е рбетот на државата која си ја врши работата независно од тоа кој е на власт така што ако некој е добар кадар останува на позиција независно од смена на власта. Власта врши смена и поставува свои луѓе само на некои високи раководни места преку кои треба да ги спроведат своите политики. Кај нас со смена на власта се врши смена на позиции од министерства па се до ,,директори,, на библиотеки, градинки, куќни совети, месни заедници..... кој може да има на лагер толкав борј на квалитетни луѓе?
Се согласувам дека е така освен со потцртаната реченица, немаат добар кадар ни во најтесното раководство и затоа сме на ивица на постоење. Освен ако под добар не подразбирање способност на крадење и што подолго останување на власт.

Прашањето е дали ние воопшто имаме 1000 способни, професионални и чесни луѓе на ниво на цела држава и како тие да се донесат во позиција нешто да променат кога сега ни на крај на паметот не им е да се експонираат.

Очигледно не водат најнеспособните и најнечесните, чаре?
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.702
Поени од реакции
4.369
Точно е тоа но исто е точно дека нема избор, нема ниту една нормална македонска партија па дури ни нормална граѓанска опција составена од чесни луѓе туку најкорумпираните елементи од општеството се напикани во раководствата на партиите.
одговор на фиктивни дилеми, има избор, зошто не ти е прифатлив?

Автоматски споено мислење:

Според некој анализи доколку утре има избори само 30% од гласачите би излегле на избори. Не е далеку од нашава анкета тука.
состојбата е уште подраматична ако се гледа по национална структура,
Затоа сега започнаа со кампањи за враќање на довербата, проблемот е што големо мнозинство на Македонци не го прифаќат Северџистан како своја држава (пред 1-2 дена се обидов на еден член да му укажам на тоа ама не бива ... се типува дека многу Македонци се загрижени за стандард, екологија и слични работи -што секако е точно и неспосрно- но името Македонија им е многу значајно тоа е нивниот идентитет, зборам за Македонците другите се....).
Автоматски споено мислење:

Во декември (??) Русија ќе ја изгуби предноста. НАТО ќе ја добие 30ата членка, па кога ќе тргнеме...
... веќе подолго време се збори дека Руската Федерација има започнато грандиозни инфраструктурни проекти и дека има голема потреба за работна сила, само не знаев дека во Македонија постои толкав интерес за да се вклучи во тој процес, се разбира како членак на ОТАН!
 
Последно уредено:

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.640
Поени од реакции
81.629
Адвокатов на Боки вика дека бил во животно загрожувачка состојба
Тазе шатиран, донесен во одело со цвикери три пати поскапи од просечна македонска плата... стварно бил во животно загрозувачка состојба :'(



 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.702
Поени од реакции
4.369
Кој е изборот? Ама сериозно не на теорија :).
Што е за тебе сериозно?
Автоматски споено мислење:

Тазе шатиран, донесен во одело со цвикери три пати поскапи од просечна македонска плата... стварно бил во животно загрозувачка состојба
Сепак би рекол дека @Macedon1um е во право кога пренесува дека животот му е загрозен, се работи за организиран криминал (мафија), а во такви структури предавството се смета за најголем грев и ако се обиде да изведе таков гамбит не само неговиот туку и животот на неговите ќе биде загрозен!
 
Последно уредено:
Член од
21 септември 2019
Мислења
10
Поени од реакции
8
Что е за тебе сериозно?
Не е битно што е за мене сериозно, има избор или нема?

Имаш сегашен изборен систем кој е таков каков што е. Ќе има избори идната година, кој е изборот што го посочи дека постои?

Кажуваш има избор, кој е?
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.702
Поени од реакции
4.369
Не е битно што е за мене сериозно, има избор или нема?

Имаш сегашен изборен систем кој е таков каков што е. Ќе има избори идната година, кој е изборот што го посочи дека постои?

Кажуваш има избор, кој е?
За жал многу е важно што според тебе е сериозно, избор секогаш имало и ќе има!
Изборот нема врска со изборниот модел, барем не во тој контекст како ти го пласираш, веќе еднаш е сменет изборниот модел и повторно останаа истите аномалии, потребни се многу покоренити измени и тоа во политичкиот систем а не во изборниот, во политчкиот Македонија е дефинирана како етничка демоНкратија, таков систем е осуден на пропаст и самиот генерира кризи!
Ако самиот не гледаш избор, зошто би го прифатил моето мислење дека постои избор, веќе однапред имаш предрасуди дека се е гнило и што и да речам нема да биде земено сериозно.
 
Член од
21 септември 2019
Мислења
10
Поени од реакции
8
За жал многу е важно што според тебе е сериозно, избор секогаш имало и ќе има!
Изборот нема врска со изборниот модел, барем не во тој аспект како ти го пласираш, веќе еднаш е сменет изборниот модел и повторно останаа истите аномалии, потребни се многу покоренити измени и тоа во политичкиот систем а не во изборниот, во политчкиот Македонија е дефинирана како етничка демоНкратија, таков систем е осуден на пропаст и самиот генерира кризи!
Ако самиот не гледаш избор, зошто би го прифатил моето мислење дека постои избор, веќе однапред имаш предрасуди дека се е гнило и што и да речам нема да биде земено сериозно.
Не е воопшто важно што е според мене сериозно или не затоа што вистината е универзална или ја има или ја нема, изборот или го има или го нема без разлика дали јас или некој друг во тоа веруваме или не.

Се што си напишал за политичкиот систем е точно но што со тоа? Секој полунормален ги знае аномалиите но досега никој не пронашол начин тие аномалии да ги отстрани и да ги замени со прогресивен и чесен систем на управување.

Повторно ќе те прашам кој е изборот и ако повторно не си конкретен (тоа е сериозноста што ја спомнав конкретно да одговориш на прашање) ќе заклучам дека избегнуваш да одговориш на прашањето или дека не знаеш.

Уште полесно да ти биде, освен Сдсм, Вмро-Дпмне, Дуи (и албанските другарчиња), Глас, Интегра. Левица 1 и 2 и уште неколку сателити, кој е според тебе изборот што јас не го гледам?

Сега најсериозно би сакал да бидам удостоен со одговор :).
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.702
Поени од реакции
4.369
Уште полесно да ти биде, освен Сдсм, Вмро-Дпмне, Дуи (и албанските другарчиња), Глас, Интегра. Левица 1 и 2 и уште неколку сателити, кој е според тебе изборот што јас не го гледам?
е вака биди концизен.
одговорот е: ДвижењетоБојкотирам!
(за да одговорам на следното прашање кое би било во стилот што нуди, прво треба да кажеш кои се твоите цели-приоритети инаку ќе нема смисла.)
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
629
Поени од реакции
1.916
Тазе шатиран, донесен во одело со цвикери три пати поскапи од просечна македонска плата... стварно бил во животно загрозувачка состојба :'(



Прашањето е кој и зошто му дозволува да се бланшира ботоксираниов фрик,во установа каде што е забрането внесување на било каква хемикалија.
 
Последно уредено:
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.702
Поени од реакции
4.369
интересно,
Шокантно сведочење на Верушевски: Бомбите се страотно модифицирани и компромитирани!

што ќе следува по една ваква изјава!
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.640
Поени од реакции
81.629
Ова што го збори Верушов е многу сериозно, според него разговорите биле модифицирани и компромитирани (хинт: монтирани), и според ова сведочење многу други предмети кои се водат според снимките можат да паднат.

Не бива држава од нас :popce:
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.591
Поени од реакции
3.299
https://telma.com.mk/spetsijalen-fond-vo-spetsijalnoto-obvinitelstvo-janeva-si-gi-bara-donatsiite-zatoa-shto-nemala-pari-za-odbrana/?fbclid=IwAR1RPTkrbZOTlOn5_fJNcT1PkkD86Jpj9Q-8e8Kip7iqsTxuuJhr-P-hKMw


Свињата гевгелиска си имала таен фонд во СЈО. Секој месец обвинителите бутале по 50 евра, вработените по 1000 денари. Тој фонд им бил за свадби, крштевки, коктели, банкети, мекици.
Месечно се собирале по 2200 евра.
Башка од тоа она добивала поклони за роденден, 8ми март, Нова Година. . .

Прерачунајте 4 години = 48 месеци по 2200 евра тоае над 100.000 евра.
Е сега свињата ги бара тие пари, пошто немала пари и немала како да се брани односно да плаќа адвокати.

Само колку да знаете
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom