Пази ова сега што му смислил Васиљ:
Заев ги смени термините – наместо „педер и суетен новинар“, „манипулатори и измамници“
Зборовите „суетен новинар и педер“ од синоќешната изјава на премиерот Заев денеска преминаа во „манипулатори и измамници“. Во интервју за МИА, Заев објаснува дека има право „со термини и речник што го користи секој наш граѓанин“, да посочи на поединци и појави што се негативни во општеството.
„Жалам ако од некого сум бил погрешно разбран или протолкуван, но останувам на моите определби и на вредностите за кои отсекогаш сум се борел. Нема да дозволиме на непријателите на нашата земја да им успее планот преку користење на криминалци, манипулатори и измамници да го спречат успехот на земјата, членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ“, рече Заев.
telma.com.mk
Моментот е дека имал право да се изразува со термини и речник што го користи секој граѓанин. Зошто нели аграр бој не е ставен да е премиер да биде пример за сите, туку да врти коперација муабети. Ако не, нареден прес, нека исече месни нарезак, флаша Скопско и по долен веш нека дроби на термини и речник што ги користи секој граѓанин.