- Член од
- 13 јули 2006
- Мислења
- 15.470
- Поени од реакции
- 18.486
Да бидеме објективни ние немаме капацитет да ги достигнеме ЕУ стандардите, посебно не без помош ...Такви држави со политички одлуки кои пристапиле кон членство на ЕУ се докажа дека се неодржливи. Грција е таков пример, Бугарија, Романија од последните како и на крај Хрватска. Видливи се сличните скандали кај дел од овие држави со нашите (пред се мислам на корупција и неефикасно правосудство), а видливи се и неконсилидираните економски политики (пред се кон јавен долг, буџетски дефицит) кои водат до економски фијаска во тие држави со тоа што резултира со голем процент на миграција кон поразвиените ЕУ држави кои се столбот на Унијата и не се членки од политичка одлука (Германија, Австрија, Бенелукс скандинавските држави...).
Е сега дали сакаме ние да бидеме членка на ЕУ како резултат на политичка одлука (промена на име и оп готово заслуживме) по секоја цена или пак треба уште многу да сработаме и да бидеме заслужна членка и да немаме идни последици од самото членување. Да бидеме објективни со тоа каде сме во моментов, преговорите би треаеле доволно долго.