Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
ти може си бил во пелени или си одел во градинка, а секој вечер на Табановци одеа луѓе на сдсм и ги броеја грчките цистерни со гориво кој одеа за Србија, а се водеше дека Македонија го крши ембаргото... многу луѓе се обогатија од тоа ( на пример Реган од железара) а и самата партија
Дедо ми кажуваше...Не го познавам Реган, ама не би се расфрлал со тоа кои луѓе се обогатија во тоа време.
Дедо ми кажа дека тие истите криминалци или пак нивните рожби сега се во први редови на протести и контра протести и веднаш до бившиот премиер.
Што се однесува за најбогата партија дедо ми кажуваше дека читал по весници оти ДПМНЕ била најбогата партија во Европа, и тоа богатсво го натрупала во последните 10 години и тоа од кражба на сопствениот народ, а не од шверц на нафта.
Ама сега дедо е сенилен и можи нема убаво прочитано дали се работи за СДС или ДПМНЕ.
 
V

viktora

Гостин
Кога упорно ме игнорирате и еден не се најде од крв и месо да ми одговори на моите постови, тогаш уште овај начин остана... групно да ве прозивам!















Во претходен мој пост, објаснав како хронолошки се створи целата оваа ситуација околу платформата, ама пошто некој упорно оди со главата во зид, ајде одново...

7 Јануари 2017 г. - Ден Божиќ, продукт од средбите во Тирана и Приштина испадна заедничка сеалбанска платформа која директно задира во Уставот на РМ.



8 Јануари 2017 г. - Груевски во интервју за Дневник отворено зборува дека нема да ја прифати албанската платформа.



9 Јануари 2017 г. - Ѓорге Иванов му го доделува мандатот на Никола Груевски



Иванов го додели мандатот на Груевски, еден ден покасно, откако Груевски јавно во медиум се заложи дека нема да ја прифати платформата. Заев во истиот случај јавно на говорница соопштуваше дека има позитивен аспект кон албанската платформа, која директно задира во Уставот! Иванов како претседател на РМ е должен да го чува тој Устав заедно со Уставниот суд на РМ.



Прво ајде веста што не испадна точна, туку повеќе беше како навивачки спин, а ТВ Сител е надалеку позната по тоа за кој навива и чија страна завзема. Плус веста дојде од Ивона калаштурата која толку многу чекаше да ја слушни веста и да се ослободи од обвиненијата па дури и сама прогласи коалиција ВМРО-ДУИ, за платформа на ДУИ, а не за албанска платформа... :pos::pos::pos:



Кога се протестираше за Талат Џафери, тогашната врхушка на СДСМ во која беа Заев и Шеќеринска очајно се обидуваа да ќарат политички поени, а само 10 години претходно во 2003 г. со добра воља го аболицираа и го назначија за заменик-министер на МВР, Командант Хазби Лика, кој беше првообвинет за масакрот кај Вејце! Откако стана претседател на СДСМ, Зајко во емисија кај Мухамед Зекири изјави дека нема да игра на картите на патриотизмот, па се втурна во авантура за берење албански гласови... и затоа денес сме тука каде што сме! ПС. Вака реагираа медиумите во 2003 г. по повод шурувањето на СДСМ со командатите на ДУИ во МВР.





Грешката на СДСМ не беше само тоа што молчеше туку и тоа што два пати јавно.. првиот пат од седиштето на СДСМ, а вториот од Собранието по средбата со Хан, рече дека има позитивен аспект кон платформата и дека се надева дека и ДПА ќе ја подржи платформата!




Прво, Заев и да сака неможи да смени Устав без 2/3 мнозинство или поточно без пратениците на ВМРО-ДПМНЕ! Целта е да се истурка АНТИ-УСТАВЕН ЗАКОН под ЕУ знаменце, со кој без амандмани и без расправа ќе се прогласи за валиден, а ќе се коси со Уставот.. ЕТЕ ТУКА ЛЕЖИ ЗАЈАКОТ!!! За тој закон под европско знаме добија и отворена подршка од лицемерната ЕУ и нејзината Европска Комисија:





Идиотот Рама, ниту ја направи ниту ја осмисли платформата. Кој ја произведе платформата можиш тука да провериш, подетално...

http://forum.kajgana.com/threads/Политички-случувања-во-Македонија-Генерална-дискусија.82818/page-700#post-7982542

На идиотот Рама му дојде добредојде платформата за политички поени, бидејќи и него пред Влада во Тирана му се поставија шатори и му е случуваат најмасовни протести досега во кои се бара идиотот Рама да се повлечи од функцијата... еве накратко што се случува во Тирана!



Дури и просечниот албански граѓанин свати која е улогата и експериментирањето на Џорџ Сорос на Балканот, само некои запушени мозоци овде кај нас не сакаат и неможат да сватат!!! Повеќе сакаат да му веруваат на СОРОСОИДИТЕ Еди Рама и Зоран Заев... И се молат ден поскоро НАТО да влези со војска во Македонија!




Од гомна во поголеми гомна зацапува кутри Заев... за кој пари да ги враќа, за оние од Телекомот кои Бучковски заедно Муса Џафери и Али Ахмети ги зедоа како провизија од Маѓар Телеком?? Кутри Зајак... класичен дилетант испадна...





Зошто Заев најавената борба против криминалот ја води селективно... и не оди до крај! По формулата за „неселективна“ борба против криминалот на Заев, криминалец=вмровец и обратно, а „пријателите од Тетово“ како што ги нарекуваат во Њујоршките судови, станаа чисти како солза и пожелни идни коалиционери, иако се води процес во кој се обвинети за земање провизија... тоа во Њу Јорк!
Кој да ти одговори?Гледаш како програмирани се.И грујо им вика лично он ќе одговара и ќе им подржи формирање на влада само да се откажат од платформата овие упорни уште толку грујо ќе си лежи.
Џабе не си троши време батали 6-7 души кои како копи паст пишуваат постови.
 

Apofis

Оператор
Член од
20 септември 2009
Мислења
158
Поени од реакции
21
За таква промена е потребно 2/3 мнозинство (земај дигитронот). Ама тебе демек тоа те интересира, или си во администрација или чекаш да те вработат.
Vo mometov sum vo pregovori so kompanija od Belgija za proizvodstvo i trgovija na poveke vidovi proizvodi.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Vo mometov sum vo pregovori so kompanija od Belgija za proizvodstvo i trgovija na poveke vidovi proizvodi.
Чоколада од тиква со бобинки, инстант чорба од зелка и компир, ќебабчиња без месо....што договарате од репертоарот на нивната понуда???
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Никогаш во политиката не викајте „никогаш“. Политиката е „курва“ и постојат само интереси.
...не само у политиката..., никогаш не кажувај „никогаш“. Мањана, морген.... по нашки утре е правиот збор :)[DOUBLEPOST=1488529142][/DOUBLEPOST]
Информирај се дали е така.
хммм.... провери дал овој citro е некој шипатар , нив сите "кинези " им се исти.... :)
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
@Казаки Од 9-ти до 29-ти јануари 2017 - дпШне читај паторот преговараше со дуи свесен за платформата на „клетите ш иптари“. Чекаше ко млада невеста на пенџерето на гипсанана торта у центар. Се збори и дека во Воденица била спремна прослава со прасиња и п***е материне, ама свадбата не се одржи како што знаеме.
Што к***ц сакајте - пишувајте. Неоспорен факт е дека паторот 20 дена преговараше со учк. Не е важно кој тоа го напишал, кој што кажал - паторот си праеше велепредавнички, криминален договор за влада со кој планираше да си го спаси чм**от. 20 дена го чекавме да напраи влада.

И заев и аљи вчера кажаа дека уставни промени не договарале меѓусебно, а тоа значи дека сите причини за кои протестирате како ретардирани се спин, лага, измислица и манипулација. На крајот на краиштата - потпис на секој закон - потенцирам СЕКОЈ ЗАКОН, става фикусот на позиција Претседател на РМ. Во случај да донесат сдс и дуи таков закон тој има уставно право (за разлика од сега кога немаше), да го блокира истиот со тоа што нема да го потпише и така би бил патриот (ама очигледно не е). Нема уставно право да бара некаква гаранција дека нема да се менува Устав, ниту пак тоа е нешто што физички е можно да се обезбеди. Ова е копродукција меѓу него и свињата михајло маневски (гробарот на македонското правосудство), за спас на паторот од СЈО, спас од гонење, судење и пикање во затвор. За тоа ќе свири клавир кога ќе дојде денот, ич да не се секираш.

Што се тиче знамето што си го стаил на аватар, ќе си купам руско знаме како замена за тоалетна хартија. На тоа тиранско г***о путин, кое не гледа како уште едно топовско месо од типот на Сирија и Украина му посакувам нато дома да му влезе на мајка му. Во секоја тешка историска прилика руските пе**ришта ни вртеле грб - така и сега. Освен ако си некоја србенда или србоман, па да си живееш во тој „словенски браќа“ булшит филм - а тоа значи толку од „македонштината“ што ја продаваш.
Од мене толку, што си сфатил - си сфатил - за тебе over and out.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Кога упорно ме игнорирате и еден не се најде од крв и месо да ми одговори на моите постови, тогаш уште овај начин остана... групно да ве прозивам!















Во претходен мој пост, објаснав како хронолошки се створи целата оваа ситуација околу платформата, ама пошто некој упорно оди со главата во зид, ајде одново...

7 Јануари 2017 г. - Ден Божиќ, продукт од средбите во Тирана и Приштина испадна заедничка сеалбанска платформа која директно задира во Уставот на РМ.



8 Јануари 2017 г. - Груевски во интервју за Дневник отворено зборува дека нема да ја прифати албанската платформа.



9 Јануари 2017 г. - Ѓорге Иванов му го доделува мандатот на Никола Груевски



Иванов го додели мандатот на Груевски, еден ден покасно, откако Груевски јавно во медиум се заложи дека нема да ја прифати платформата. Заев во истиот случај јавно на говорница соопштуваше дека има позитивен аспект кон албанската платформа, која директно задира во Уставот! Иванов како претседател на РМ е должен да го чува тој Устав заедно со Уставниот суд на РМ.



Прво ајде веста што не испадна точна, туку повеќе беше како навивачки спин, а ТВ Сител е надалеку позната по тоа за кој навива и чија страна завзема. Плус веста дојде од Ивона калаштурата која толку многу чекаше да ја слушни веста и да се ослободи од обвиненијата па дури и сама прогласи коалиција ВМРО-ДУИ, за платформа на ДУИ, а не за албанска платформа... :pos::pos::pos:



Кога се протестираше за Талат Џафери, тогашната врхушка на СДСМ во која беа Заев и Шеќеринска очајно се обидуваа да ќарат политички поени, а само 10 години претходно во 2003 г. со добра воља го аболицираа и го назначија за заменик-министер на МВР, Командант Хазби Лика, кој беше првообвинет за масакрот кај Вејце! Откако стана претседател на СДСМ, Зајко во емисија кај Мухамед Зекири изјави дека нема да игра на картите на патриотизмот, па се втурна во авантура за берење албански гласови... и затоа денес сме тука каде што сме! ПС. Вака реагираа медиумите во 2003 г. по повод шурувањето на СДСМ со командатите на ДУИ во МВР.





Грешката на СДСМ не беше само тоа што молчеше туку и тоа што два пати јавно.. првиот пат од седиштето на СДСМ, а вториот од Собранието по средбата со Хан, рече дека има позитивен аспект кон платформата и дека се надева дека и ДПА ќе ја подржи платформата!




Прво, Заев и да сака неможи да смени Устав без 2/3 мнозинство или поточно без пратениците на ВМРО-ДПМНЕ! Целта е да се истурка АНТИ-УСТАВЕН ЗАКОН под ЕУ знаменце, со кој без амандмани и без расправа ќе се прогласи за валиден, а ќе се коси со Уставот.. ЕТЕ ТУКА ЛЕЖИ ЗАЈАКОТ!!! За тој закон под европско знаме добија и отворена подршка од лицемерната ЕУ и нејзината Европска Комисија:





Идиотот Рама, ниту ја направи ниту ја осмисли платформата. Кој ја произведе платформата можиш тука да провериш, подетално...

http://forum.kajgana.com/threads/Политички-случувања-во-Македонија-Генерална-дискусија.82818/page-700#post-7982542

На идиотот Рама му дојде добредојде платформата за политички поени, бидејќи и него пред Влада во Тирана му се поставија шатори и му е случуваат најмасовни протести досега во кои се бара идиотот Рама да се повлечи од функцијата... еве накратко што се случува во Тирана!



Дури и просечниот албански граѓанин свати која е улогата и експериментирањето на Џорџ Сорос на Балканот, само некои запушени мозоци овде кај нас не сакаат и неможат да сватат!!! Повеќе сакаат да му веруваат на СОРОСОИДИТЕ Еди Рама и Зоран Заев... И се молат ден поскоро НАТО да влези со војска во Македонија!




Од гомна во поголеми гомна зацапува кутри Заев... за кој пари да ги враќа, за оние од Телекомот кои Бучковски заедно Муса Џафери и Али Ахмети ги зедоа како провизија од Маѓар Телеком?? Кутри Зајак... класичен дилетант испадна...





Зошто Заев најавената борба против криминалот ја води селективно... и не оди до крај! По формулата за „неселективна“ борба против криминалот на Заев, криминалец=вмровец и обратно, а „пријателите од Тетово“ како што ги нарекуваат во Њујоршките судови, станаа чисти како солза и пожелни идни коалиционери, иако се води процес во кој се обвинети за земање провизија... тоа во Њу Јорк!
Еве јас се нафаќам да ти одговорам.
Прво Груевски кажа дека не прифаќќа некаква си платформа по што го доби мандатот, друго кажими ти зашто преговараше Грујо со ДУИ сигурно како што напоменав за влегување во Солун?, таа платформа и тогаш постоеше, ако можеше да направи влада ке направеше, но Османи јавно излезе и кажа дека Грујо прифатил се освен продолжување на мандатот на СЈО, друго кажими што има во таа платформа што го нема до сега во државата, трето Заев дециден беше како и албанските партии дека Уставот нема да се менува.
Друго, Заев неможе да гони криминал кога е во опозиција, со Пржинскиот договор издејствува СЈО, кое на секој можен начин е опструирано од судовите.
Трето, да кажеме дека си во право за се, дека Заев е Соросоид, платен од надвор за растурање на државата бла бла бла, се да е точно, која е другата опција што треба да ја подржиме? гарнитурата од ВМРО?, најбогатата партија во европа во најсиромашна држава, функционерите каде се возат со најлуксузни мерцедеси, го градат Скопје кое се гуши во кич и загаденост а во останатите делови на државата уште по калдрма возиме, здравството е на ниво на екимство, образованието за никаде, каде одредуваат судии кој каде да суди, пробуваат да прикријат убиство на млад човек, медуимски мрак, затварање на телевизии кои се проопозициски, нарачуваат шамари, договараат провизии, прават изборни уцени, друга работа амнестира хашки случаи, донесе закон 2008 за јазиции на малцинствата, го повлече предлогот за изградба на црква на плоштадот во Скопје како и на кале под притисок на браќава, во сред Скопје имате дивоградба на двоглав црн орел никој со прст не мрднува, исценираа конфликт со истите во Куманово( замисли ги прателе 6 месеци и ги пуштиле во Куманово на 500 метри од центар да се стационираат) ...епа сега да те прашам јас тебе десет години го гледаме ова и ова е минимум можам сат време да ти пишувам, кажими да го подржиме Заев како опозиција кој нуди ништо ново, него се што има досега во државата со јазиците и тие срања, или пак да го подржиме ВМРО кои не вратија во феудално општество.?
 
Член од
23 јануари 2016
Мислења
2.170
Поени од реакции
5.821
Не е тоа важна одлука туку право на користење на својот мајчин јазик во држава која е и нивна. Основно и елемнтарно право на секој човек. Тоа што вие во бугарија не сте стигнати на тој еволутивен степен на развој па ти паѓа малце чудно не е наш проблем. На последните избори кои по сите мерила беа демократски и слободни мнозинството граѓани се изјаснија дека немаат ништо против нивните сонародници да го користат својот мајчин јазик и неговото писмо во јавна комуникација секаде во државата. Како што можеш да забележиш и тука на форумот преовладува мислењето дека користењето на различните јазици на народите кои живеат во државата не е никаков проблем туку напротив придобивка. Ете и Канада е двојазична па што и фали ? Ти не сакаш еден ден бугарија да го достигне степенот на развој на една Канада или Швајцарија? Почните прво од јазикот и правото на сите народи кои живеат на територијата на вашата држава да можат слободно да го користат исто како официјален на цела територија и еден ден во блиска иднина Канада или Швајцарија нема да биде далечен сон туку реалност.
vo svajcarija iako 23% od zitelite go imaat francuskiot jazik kako majcin samo vo kantonite kade sto se mnozinstvo francuskiot e i oficijalen jazik. isklucok e samo kantonot bern kade sto 11% od naselenieto zboruvaat francuski. vo site ostanati svajcarski kantoni francuskiot jazik ne e oficijalen.

od 10 provinci vo kanada samo edna oficijalno e dvojazicna (new brunswick vo koja 65% od naselenieto go imaat angliskiot kako majcin, a 35% francuskiot).
 

k3b

Член од
17 декември 2010
Мислења
2.811
Поени од реакции
4.287
Грујо се понудил од жал за Македонија да лежи во затвор само да се откажеле од платформата за која треба 2/3 мнозинство да се спроведе во веќе пола двојазична држава и тоа сето спакувано во време на дпмне на власт. Сето тоа поминува така подмачкано за еден леб и маргарин додека државата стана сопственост на 3ца луѓе.

Каква иронија човече, собрал неписмен народ да им раскажува прикаски за ќосето и ченто додека од небо орли сред Скопје никнуваат. Песни се пеат за едно име имаме, овие паѓаат во несвест додека тој се договара дали долна или горна да се викала. Се пее за клетите шќиптари а 10 години е во коалиција на власт со нив, со команданти на учк министри, и со амнестирање на монструми,

Најјакиот дел е она за државата да оди во затвор. Не за украдените милиони, за државата ќе лежел.

И како после да не им кажеш дека се со недоразвиен мозок.
 
Член од
25 мај 2016
Мислења
419
Поени од реакции
663
Полека де чистат таа изјава што ја спомнуваш ја дал некој службеник од трет ред од време на Обама.

Си чистат кај нив прво и таму има соросоидни амеби глеј Trump на твитер колку поста има напишано денес дека пуштаат амебите у јавност тајни информации.
Се ке си дојде на свое полека.

Sent from my MI 5s using Tapatalk
Човекот што ја даде изјавата е во моментот портпарол на Стејт Департментот. Да, таму е од 2015 но дали човек од трет ред би го ставил за портпарол? И уште едно прашање, дали знаеш која е улогата на портпарол?

И да, овие leaks за кои Трумп зборува се околу неговата поврзаност со Русија во текот на кампањата. Неговиот national security adviser си даде оставка после само неколку недели поради комуникација со амбасадорот на Русија додека траела кампањата а вчера Јавниот обвинител (за кого се откри дека лажаше дека нема контакти со истиот тој амбасадор) изјави дека нема да се меша во истрагата која се води околу поврзаноста на кампањата на Трамп и Русија. Сето ова е познато на јавноста само поради овие leaks. Чисто информативно.
 
Последно уредено:

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.156
Поени од реакции
3.389
Цитирај го тој член.
Најди го пресот и гледај го ќе слушнеш.
Заев сега по десетти пат вели, нема менување Устав и менување на знаме, химна и други државни симболи
Без промена на уставот овие точки не се возможни, како тоа ќе се случи, дај молим те објасни ми?
Без Референдум не мoжи дa се мени ни Име ни Грб ни Знaме ни Химнa ни ништo шo е нaдвoр oд устaв.
Во 1995 дали имаше референдум, дали некој го праша народот за свое мислење, што ако не се смени уставот, ќе се изгласаат закони и ќе почнат да се спроведуваат безуставно, да не мислете дека уставниот суд ако ги поништи тие ќе престанат да постојат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom