Не знам дали е приказнава е од вистинска случка јас мислам дека не е ама го опишува и тоа многу Македонскиот менталитет.
Зима 1941 година, Методија Андонов Ченто влегува во берберница за да се избричи, и гледа берберот закачил огромна слика на српскиот крал Петар Караѓорќевиќ. Пред да побара бричење, Ченто прашува како ли ќе помине кралска Југославија доколку германците се одлучат да ја нападнат. Налутен од ваквото прашање, берберот одговара:
- Побили смо их једном у великом рату, побичемо их опет. Кад се ратује за Краља и отаџбину, срби су увек најјачи на свету. Ја сам Џорџе Магаревиќ, ветеран са Солунског Фронта!
По неколку месеци, по влезот на германските и бугарските војски, Ченто оди повторно во истата берберница. Кога на ѕидот стои закачена сликата од бугарскиот Цар Борис. Изненаден од сликата, Ченто реагира со прашање:
- Магаревиќ, што бара оваа слика кај тебе?
Берберот повторно лут, реагира на сличен начин како и при претходната средба...ама на друг јазик:
- Какв Магаревиќ ште ве моља? Ас такв не познавам. Ас см Георги Магарев, ополчнец од гољамата војна и освободител на Македоња.
Ок, Ченто дигнал раменици, без да навлегува во понатамошна дискусија.
Дошла есента 1944 и инсталацијата на комунистичките власти. Ченто повторно оди во истата берберница, влегува, и на ѕидот нема никаква слика. Берберот повторно се прави како да не го познава, и му вика: Повелете!
Ченто го прашува: Ние нели се познаваме?
Берберот одговара: Не би можел да се сетам, но секако драго ми е. Јас сум Ѓоре Магаревски, првоборец и носител на партизанска споменица.
После толку децении, власта во Македонија сеуште ја држат магаревци. Таквите луѓе меѓу кинези да ги ставиш, ќе си направат пластична операција за да имаат коси очи. Пусти полтронизам и комплекс на инфериорност...крај си немаат.