- Член од
- 8 јануари 2013
- Мислења
- 5.179
- Поени од реакции
- 13.459
Сум имал среќа да шетам точно, моето беше и каснато на нога и среќа поради неговата брзина успеа да им избега и после да го најдам скриено под кола преплашено. Сум имал и ситуација да трчам/одам/возам точак и да ме лаат, ама тоа не е причина да го вреднувам нивниот живот помалку од мојот и да се поставувам над нив и да си дозволам да правам се што сакам само бидејќи ми сметале кучиња. Поради луѓе што така се поставуваат, имаме случаи и на улични и на домашни отруени миленици, како и околина каде што може да се рашират секакви болести ако децата си играат покрај мртви мачки и кучиња... Апсолутно се сложувам дека треба да се реши проблемот, дека не треба да има повеќе улични кучиња, дека треба да се стерелизираат и кастрираат, но и дека треба односот према уличните кучиња да е подобар, да се одвои поголема сума на центри за нивно згрижување и грижа, при што нивниот број значително би се намалил откако ќе го поминат својот живот без потомци, и со тоа ќе се спасат многу мали кученца кои би умреле понатаму од студ на улица, од труење, од газење на кола или пак би завршиле со преместување од еден во друг град во Скопје, како што моментално се третираат во Вардариште, евентуално и успивање... Да се седне на маса и да се најде решение, со власти кои имаат желба навистина да го решат проблемот, а не да се поставува човечкиот живот над нивниот и себично да се размислува...Делам мислење, и ја сум љубител на животни а посебно кучиња, но дали си имал таква среќа да го шеташ (ако имаш) твоето куче покрај глутница скитници...? Кога си сам не напаѓаат, ама со моево молам Бога да не ги сретнам пошто се дешава ујдурма и уопште не е пријатно....
Сигурен сум дека една мега-кастрација ќе го реши проблемот.
Не сакам да ти праќам случаи, ама не си свесен колку само не си во право, дури и ако делиш на џукели и домашни кучиња, што е уште една неблагодарна поделба, ти гарантирам дека имало случаи каде што биле отруени и домашни кучиња, едно од нив е и кучето на моите баба и дедо. Констатацијата дека само "џукели" се труеле, а не и домашни, е тотално погрешна.За да не гледаш слика на отруени џукели, (никој не ги труе домашните, ниту има проблем со нив), вината побарај ја кај вработените во системот, задолжени да нема џукели на секои 100метри.
Причини и последици. Труењето е последица, причината ти се сомневам ќе ја препознаеш. Полесно ви е да изигравате чуствителни т.е. лицемерни. Ако толку се грижите ајт соберете ги од по улица, ем згрижени ем децата нема да ви налетаат на виршла во парковите.
Доколку некој измачува куче, тој треба да се казни и на психијатар. Ама справување со проблем, за кој институциите се глуви и слепи, треба да се награди. Труење е справување со проблемот, а не изживување, има разлика
На рекорд, секое утро имаш 5-6 џукели, едното ко лудо се затрчува само по такси возила, другите по него заедно. Жени посрани од страв поминуваат.Најфреквентно место и никому ништо. Тој човекот што продава таму дрембулии, што ги храни, да е во Англија ќе си попие дебела казна, оти штом ги храниш твои се, а ниту врзани, ниту документи, плус агресивни. Странци се чудат, кога ќе ги видат, а и вознемирени.
Ебаве тоа загрижените, нејќете да си ги приберете џукелите, а ви смета кокошки и свињи да чува некој.
Таа џукела што ја нарекуваш, не се разликува по ништо од расно куче, тоа е исто како да деградираш човек бидејќи татко му е Србин, а мајка му Македонка, и тој за тебе да е џукела, бидејќи не е чистокрвен Македонец... Но, џабе би ти објаснувал, ако сеуште ти имаш вакви уназадени сфаќања, нема моето мислење да ти влијае нешто.
Би ја споделил и случката накратко, ете може барем после таа ќе можам да те разубедам, дека не се само уличните кучиња жртва, туку и домашните, имам и други случаи вакви, но еве оваа како најблиска. Дедо ми порано имаше фарма со кокошки, но постојано приметуваше дека некој ги краде јајцата од кокошките, го врза Џеки кај кокошките да чува некој да не доаѓа преку ноќ да краде, Џеки беше куче мешанче од шарпланинец, ниеднаш ме немаше нападнато ниту лаеше на мене, иако се мочав од страв бидејќи во тоа време може два пати беше поголем од мене. Кога таа жената во комшии, видела дека не може да краде повеќе, во месото кое му го фрлила на Џеки поставила иглички за да ги голтне. Џеки десет дена сакаше да се напие вода, не можеше, сакаше да касне нешто не можеше, само повраќаше крв, и се гушеше, цимолеше и не можеше да му се помогне. На ова мислам кога ќе кажам дека луѓето се себични и се поставуваат над животните, за да може да краде јајца на раат, ја убива пречката на патот...
Сега гледам дека при крајот на твојот пост си пишал дека труењето е справување со проблемот, а не изживување, по што целата моја реплика за тебе ја фрлам во вода, и немам што повеќе да дискутирам со психопати како тебе. Само ти учи ги децата да се справуваат со проблемот преку труење, на другарчето што утре ќе го мавне синот твој на физичко, советувај го да му стави цијанид во шишенцето вода, за да се справи со проблемот... Супер ставови и решенија, браво. Единствена моја маана е што не читам цели мислења, туку користам тактика раздели па владеј, па го делам постот на пасуси, и реплицирам поединечно на нив, да го прочитав одеднаш целиот пост воопшто немаше да реплицирам на луѓе со вакви болни идеи за решенија на проблемот.