Не може друже. 15000 гласови освојуваат на државно ниво. Проблемот со изборите не го согледуваат 99% од жителите на државава, а најмалку на 90% не им одговара промена на тој изборен систем.
Па тоа не во интерес само на Левица, туку на сите партие кои не се или не биле во дуополот - (ВМРО/ДУИ или СДСМ/ДУИ). Дури ако ги сметаш само албанските не-ДУИ партии, лесно можат да соберат 150 илјада потписи.
Не сум сигурен дека со една изборна единица малите партии би добиле нешто. Сите се или далеку од пратеничко место, или на работ, според бројот на гласови што го добиваат. Ако се залепат за големите партии, едно пратеничко место (за лидерот) е обезбедено. Ако не тоа, некое зам. министерско место или слично.[DOUBLEPOST=1542274788][/DOUBLEPOST]
Јас еднаш напишав, да собереме по едно евро. Парите може да ги однесеме кај Виц'то, па тој да ги проследи понатаму.
Кога имаш една изборна единица, сосема е друга математика.
Од перспектива на гласачот, се додека мисли дека партија може да добие 0.8% гласови, ќе гласа за нив. Денеска во овој систем ако гласаш за маргинални партии, тоа е изгубен глас - тогаш зошто воопшто да гласаш?
Од 1991 до денеска, на сите анкети ретко кога партија има повеќе од 20-25% подршка. Секогаш има околу 30% која е неопределена и 15% која вели дека нема да излезе на избори. Така да секои тие избори се сводуваат за кого ќе гласаат тие 30% неопределени, за кого тие мислат дека ќе направи минимум штета - дали ВМРО или СДСМ. Резултатот е перпетуален сјаши Курто да узјаши Мурто сценарио во државата.Но со една изборна единица многу е повројатно тие неопределени да гласаат за трета опција.
Од перспектива на партијата, исто нема смисла за предизборни коалицији. Подобро да се прават постизборни коалиции кога точно ќе се види кој колку гласови добил. Подобро е на големата партија да влезе во постизборна коалиција со мала партија која има добиено еден пратеник, отколку да влезе во предизборна коалиција со истата ветувајки два пратеника.
Сето тоа би направила значајно поразлична политичка динамика во земјата.