Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
За да се заокружи циркузов што следеше после катаклизмата од 11 години,треба уште Оливер Спасовски да однесе оставка и на негово место Мијалков да го назначат.
Тогаш Северна Македонија ке ги исполни сите критериуми за членство во Нато и ЕУ
Ова е одличен предлог и јас сум апсолутно ЗА. Прво, човекот има искуство во таа работа. Втро, експерт е за прислушни уреди. Трето, доволно е богат за веќе да не кради. Четврто и најважно, не бега како паторот, туку како господин човек си купи нова влада.

Мијалков за министер![DOUBLEPOST=1542224094][/DOUBLEPOST]
Ми кажаа си ме оговарал:sakasuste:. Цитирај бе ве вака ко селска теткица си со оговарањево. Сега постирај кај сум пишал такво нешто или остани спинерче.
Иначе за НАТО не се сеќирај ако влезиме економијата има да се отвори како пупка, има не Албанија а и Косово да ги претркаме.
Ти е гајле тебе за економијата во Македонија се додека има клозети за чистење по Дизелдорф.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Дали е ова точно, Груевски ја преминал границата облечен во женска облека?

https://tocka.com.mk/vesti/288150/ungarski-mediumi-gruevski-ja-preminal-granicata-oblecen-vo-zenska-obleka

Ако е точно, стварно е фаца, ала Александар Македонски или барем Кузман Капидан.
Како беше онаа песна на Балашевиќ, слабо диваним маџарски, ал перфектно се служим смешком...
Точно е. Еве Унгарците имаат објавено и слика.

IMG_20181114_203518.jpg
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Во ниеден попис не треба да има националност и верска припадност. Нерелевантни податоци за попис се тоа кој како се чувствува и во кој Бог верува.

Од друга страна, ќе се прашува мајчин јазик и јазик што се зборува во домот. Од таму ќе се вадат процентите за рамковен договор (пошто во рамковниот се наведува само "јазикот кој го зборуваат 20% од населението"), и конечно луѓето што некои ги нарекуваат "Торбеши" нема да се во посебна графа (затоа што Македонски им е мајчин јазик).
Нема само за јазикот одредби во Рамкобниот договор. Што правиме со бадентеровото мнозинство, истакнување на симболи, етничките квоти...
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Брколинда ексклузивно кај пацовите у 1тв, која денеска превземала број 1 у гледаност у Северна (торта утре ќе сечат, на слајдер им врти...како само дознале).

Овој арогантен скот шо беше своевиден Адолф Ајхман, сеа треба да добие публицитет? Шо бегаше од камери за Смилковско, Нешковски....шо местеше избори, штанцаше лични карти и уништуваше милионска опрема...'бем ти северна! Нездрава работа е ова, цела држава за у Бардовци е.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Нов ден, нов апсурд во република Апсурдистан.
ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Заев и Оливер Спасовски поради бегството на Никола Груевски .
:pos:
А таман ќе помисли чоек дека не можи да е полудо и оп одма демант!:confused:
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
За мене, најизненадувачки е што уште има луѓе што се изненадени од ова. :) Ова е договор од пред скоро 1ипол година, сега е само време на реализација. Никој не ги виде предупредувачките знаци, па сега сите сме као во шок?
А и не беше само за оние 8 пратеници, како што сега се преставува. Тоа беше само провизија за посредникот, без разлика што он беше мотивот за да се седне на договарање. Имаше еден куп други клаузули во него, што политички, што во бизнис сферата, каде веќе подолг период се реализира договорот.
Сега од кога е изгорена куќата, ќе се јавуваме во паника во пожарна. И пак, резигнација, самосожалување и се останато.

Него, неверојатно е какви кловнови се овие. Два дена водат дебата дали одговорноста била кај МВР, кај Обвинителство или кај судот, кој потфрлил. :pos:Кај да се префрли топката кога сам со себе играш. Не сум бил свесен дека е можен ваков левел на некомпетентност. Тип на луѓе што на 10-0 предност, успеваат да си дадат 10 автоголови. До некаде е смешно, зошто на дело се гледа колку тежи оваа распрдена авангарда на македонското општество. На луѓе ко Тевдовски и Мила факинг Царевска ќе им дадеш да водат економска и социјална политика.
Вмровците па се презафатени со ликување, како повторно еден нивен пастир се посра на револтот на народот за чиј идентитет, гордост и благосостојба наводно се борат, само затоа што додека одмараат во опозиција ќе можат на комшијата Митре од другата провиниенција, од висина, да му кажуваат колку е глуп и дека, ете, не било за правда работава. Како да беше тоа отворено прашање.
Во нормални држави, за многу помали глупости од овие што се случуваат кај нас, револотот на гласачкото тело за само еден или два избирачки циклуси се канализира кај анти-естаблишмент партии или кај лидери-популисти. После такво дисциплинирање, најчесто тешкашите на политичката сцена сами си го корегираат курсот, колку што можат. А кај нас, такви партии се Левица и слични, односно село без кучиња.
Кај да фатиме. :toe:
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Мислам дека ниедна поента не погодија, прелошо интервју и избор на прашања, мислам можеа да смислат бар 3-4 нови прашања од овие што ги верглаат веќе 15 години.
Заробена држава, ЕУ извештаи, диктатура бла бла ветер во магла. Вакви финти поминуваа до 2016 година...
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
ЕКИПАТА НА ТВ 1 ИЗБРКАНА ОД ПРЕД ДОМОТ НА ОРБАН: Обезбедувањето на унгарскиот премиер ги истерало новинарите на телевизијата

Овие не се нормални. Зеле пред резиденција на премиер да дремат. Тоа нити ББС нити СНН нити никој не смее и не го прави. Одете и во белата куќа така чекајте со камерите без покана и акредитација да видите како ќе постапат таму.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.589
Најпоразително е што скоро три децении неколку олигархистички фамилии си прават курташак со народот и државата и до сега на сите требаше тоа да ни биде јасно. Но, по незнам кој пат не превеслаа цел колектив, не пренесоа жедни преку вода. И сега ваму, сеуште постојат партиски безрбетници во налет да релативизираат до бескрај и понатаму народов во оваа држава паѓа на ваквите махинации.

Нема тука правда има само колективно предавство и од народот и од оние кои што треба да ги претставуваат државните интереси а истите, и едните и другите, ги продаваат ефтино во замена за ситен, личен профит кој што за скоро време нема да има ни територија врз која што ќе егзистира.
 
Член од
6 јули 2017
Мислења
2.273
Поени од реакции
1.487
ЕКИПАТА НА ТВ 1 ИЗБРКАНА ОД ПРЕД ДОМОТ НА ОРБАН: Обезбедувањето на унгарскиот премиер ги истерало новинарите на телевизијата

Овие не се нормални. Зеле пред резиденција на премиер да дремат. Тоа нити ББС нити СНН нити никој не смее и не го прави. Одете и во белата куќа така чекајте со камерите без покана и акредитација да видите како ќе постапат таму.
Јако им е егото
Тоа е еу демократија
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
А кај нас, такви партии се Левица и слични, односно село без кучиња.
Кај да фатиме. :toe:
Левица имаше во последниве години едно 150 пенали да шутира. Често и на празен гол, како што е оваа ситуација сега. Требаше да најдат начин да допрат до јавноста. Многу се пасивни.

На моменти, воопшто не ме интересира дури ни дека се од лева проминенција, туку само за да се разбие ова црно-бело мафијашко-олигархиско владеење, овој ебен дуопол, кој е поштетен и од режим и од граѓанска војна и од општа природна катаклизма...ама не сме со таква среќа...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Се е супер. Одамна се немам забавувано со политиката како денес. Повикот за оставака на Заев и Оливер од страна на Мицко заради бегството на Гвујо ми е баш Монти Пајтон момент. :ROFLMAO:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom