За мене, најизненадувачки е што уште има луѓе што се изненадени од ова.
Ова е договор од пред скоро 1ипол година, сега е само време на реализација. Никој не ги виде предупредувачките знаци, па сега сите сме као во шок?
А и не беше само за оние 8 пратеници, како што сега се преставува. Тоа беше само провизија за посредникот, без разлика што он беше мотивот за да се седне на договарање. Имаше еден куп други клаузули во него, што политички, што во бизнис сферата, каде веќе подолг период се реализира договорот.
Сега од кога е изгорена куќата, ќе се јавуваме во паника во пожарна. И пак, резигнација, самосожалување и се останато.
Него, неверојатно е какви кловнови се овие. Два дена водат дебата дали одговорноста била кај МВР, кај Обвинителство или кај судот, кој потфрлил.
Кај да се префрли топката кога сам со себе играш. Не сум бил свесен дека е можен ваков левел на некомпетентност. Тип на луѓе што на 10-0 предност, успеваат да си дадат 10 автоголови. До некаде е смешно, зошто на дело се гледа колку тежи оваа распрдена авангарда на македонското општество. На луѓе ко Тевдовски и Мила факинг Царевска ќе им дадеш да водат економска и социјална политика.
Вмровците па се презафатени со ликување, како повторно еден нивен пастир се посра на револтот на народот за чиј идентитет, гордост и благосостојба наводно се борат, само затоа што додека одмараат во опозиција ќе можат на комшијата Митре од другата провиниенција, од висина, да му кажуваат колку е глуп и дека, ете, не било за правда работава. Како да беше тоа отворено прашање.
Во нормални држави, за многу помали глупости од овие што се случуваат кај нас, револотот на гласачкото тело за само еден или два избирачки циклуси се канализира кај анти-естаблишмент партии или кај лидери-популисти. После такво дисциплинирање, најчесто тешкашите на политичката сцена сами си го корегираат курсот, колку што можат. А кај нас, такви партии се Левица и слични, односно село без кучиња.
Кај да фатиме.