Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.900
Поени од реакции
36.955
Да сум на местото на Груевски би им се симнал на новинариве што се влечеле до Будимпешта чисто да ги понудам чај.

Адресата на која што треба да дремат новинарите и да бараат одговори не е во Будимпешта туку на Илинденска бб.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.996
Мислам дека ниедна поента не погодија, прелошо интервју и избор на прашања, мислам можеа да смислат бар 3-4 нови прашања од овие што ги верглаат веќе 15 години.
Заробена држава, ЕУ извештаи, диктатура бла бла ветер во магла. Вакви финти поминуваа до 2016 година...
Интервју се праи со човек со став, личен, сопствен, а не со опортунистички џелат, послушник, потрчко, полуинтелектуалец, кој кога би бил правен избор според компетенции и елоквентност, не би му било дозволено да конкурира, а не да држи такво стратешки, општествено битна функција у една држава.

Потегот на "телевизијава" е чист дилетантизам и лов на гледачи. Штетен за живот како воздухов скопски.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.205
Ке имало притисок врз Орбан поради Груевски,а они двајцата кога го планирале тоа незнаел Орбан како ке се одвиваат настаните,така на слепо му рекол ако не помини, па шта буде нека буде...Ах бре слепци бре
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.777
Поени од реакции
37.787
...да, да, забава, тотална опуштеност и суперишка, општа еуфорија, ама во позадина во мирна и експресна атмосфера со десет раце горе и пет раце доле се решава судбина на една кревка држава, денес амадманите верглаат, со вметнати преамбули земјотрес го тресе Уставот! :popce:
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.551
Поени од реакции
2.727
Левица имаше во последниве години едно 150 пенали да шутира. Често и на празен гол, како што е оваа ситуација сега. Требаше да најдат начин да допрат до јавноста. Многу се пасивни.

На моменти, воопшто не ме интересира дури ни дека се од лева проминенција, туку само за да се разбие ова црно-бело мафијашко-олигархиско владеење, овој ебен дуопол, кој е поштетен и од режим и од граѓанска војна и од општа природна катаклизма...ама не сме со таква среќа...
Мислиш дека просечен гласач би ризикувал да гласа за друга партија освем овие големите?
Знаеш како оди , ако си бил за СДСМ , а си гласал за Левица , СДСМ на власт леташ од работа , ако си бил за ДПМНЕ гласаш за Левица , по дифолт имаш етикета дека си гласал за Левица , ДПМНЕ иде на власт и леташ од работа.Исти кур ти се фаќа.Корупцијава и непотизмов и кронизмов се ептен длабоко навлезени во сршва на општествово што јас лично сумљам дека некогаш ќе ги снема.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.996
Мислиш дека просечен гласач би ризикувал да гласа за друга партија освем овие големите?
Знаеш како оди , ако си бил за СДСМ , а си гласал за Левица , СДСМ на власт леташ од работа , ако си бил за ДПМНЕ гласаш за Левица , по дифолт имаш етикета дека си гласал за Левица , ДПМНЕ иде на власт и леташ од работа.Исти кур ти се фаќа.Корупцијава и непотизмов и кронизмов се ептен длабоко навлезени во сршва на општествово што јас лично сумљам дека некогаш ќе ги снема.
Па не е ваљда цела држава во администрација.

И не викам дека баш мора да е Левица и дека мора да победи на избори. Туку да има некое тело што ќе им мрси сметки. Ова е тотална контрола бе, неподносливо.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Левица имаше во последниве години едно 150 пенали да шутира. Често и на празен гол, како што е оваа ситуација сега. Требаше да најдат начин да допрат до јавноста. Многу се пасивни.

На моменти, воопшто не ме интересира дури ни дека се од лева проминенција, туку само за да се разбие ова црно-бело мафијашко-олигархиско владеење, овој ебен дуопол, кој е поштетен и од режим и од граѓанска војна и од општа природна катаклизма...ама не сме со таква среќа...
Како да допрат, кога двајца без тројца се. :D
А и ми личи дека по игра на случајности од некакво движење се трансформираа во партија. Ни имаат организација, ни логистика, ни кадровски потенцијал, обременети со идеологија со изминат рок. Немам ништо против дечките, ама на најголем дел од нив ни трафика не би им дал да менаџираат, не па влада.
Ликови како Апасиев, повеќе би сакал да ги видам во својата природна средина, на професорско место, каде интелектуалниот капацитет ќе им биде соодветно искористен. Со политички екскурзии, само за џабе си ги троши најплодните години од работниот век, не е за таму.

Политичките партии кај нас го преставуваат нашето вистинско цивилизациско ниво и политичка кулутра. Тоа е најдобриот модел на политичко организирање што го знаеме, авторитарен лидер, хиерархиски поставени ешалони низ кои се напредува преку непотизам или конекции и племенска интерна динамика, кои со помош на државните механизми, паразитираат од останатиот дел од населението. Тоа е политички модел за пред-модерни општества, тоа се ти кажува. Се останато, е само маска за пред светот, за номинално да може да се нарекуваме демократија. И тоа е само затоа што во моментов таа е глобално најпопуларната маска. Не е ни чудно што, двете политчки елити кај нас се продолжение на комунистичката политичка елита. Во 90тите само се преоблекоа со неколку националистички трогателни говори, како што и се случуваше секаде во Југославија и во бившиот Источен блок.
 
Член од
29 декември 2007
Мислења
582
Поени од реакции
1.363
Па не е ваљда цела држава во администрација.

И не викам дека баш мора да е Левица и дека мора да победи на избори. Туку да има некое тело што ќе им мрси сметки. Ова е тотална контрола бе, неподносливо.
Па баш за тоа напишав претходно. Зошто Левица (или некоја друга помала партија) не може да покрени инцијатива за распишување референдум да имаме само една изборна единица? Толку ли се слаби резидуалните сили (без СДСМ, ВМРО и ДУИ) да не можат да соберат 150 илјади потписи? Не гледам како поинаку да се замени дуополот.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.551
Поени од реакции
2.727
Па не е ваљда цела држава во администрација.

И не викам дека баш мора да е Левица и дека мора да победи на избори. Туку да има некое тело што ќе им мрси сметки. Ова е тотална контрола бе, неподносливо.
Не е цела држава администрација , за да те примаат во студентски дом ти требаат врски(која иронија нели).Поради тоа што секој е вработен преку партија 60-70 посто од тие вработените викаат ех тие ме вработија да не беа тие сега ќе неможев ден за ден да сврзам , тоа е тоа што правам муабет + тоа погоре што наведов.
Како да допрат, кога двајца без тројца се. :D
А и ми личи дека по игра на случајности од некакво движење се трансформираа во партија. Ни имаат организација, ни логистика, ни кадровски потенцијал, обременети со идеологија со изминат рок. Немам ништо против дечките, ама на најголем дел од нив ни трафика не би им дал да менаџираат, не па влада.
Тоа е тој голем проблем што го има во светот , левицата е пропадната инвестиција , добри се на уста ама лоши во пракса , ќе напраиме револуција , добиваме власт и после што?(Тоа е тој проблем што дури и левичари како Славој Жижек викаат дека левицава не може да стапи во сила најмногу ради овој проблем).
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.647
Поени од реакции
22.378
Кој црн притисок овие изгледа ги преспаа последните години кога пола ЕУ и нивните лидери го стисткаат Орбан барем се обидуваат а се немоќни. Орбан сосе Путин се хероите на Европската десница. Орбан редовно е гостин кај Баварската ЦСУ, сестринската партија на Меркел и дел од владата. Ако може Орбан со Грујо да ги трола ЕУ и ќе го прави тоа. Потегот на Грујо е кукавички секако и не сум сигурен дали е некој вид договор ама на Орбан моментално не му можат многу. ЕУ има поважни конфликти со Орбан него Грујо. Па овие квази новинариве наши пошле по Орбан, смешки.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.900
Поени од реакции
36.955
Трагикомедии со Кајалџиев и Фрчко. Ај барем Фрчко си признава и вели дека за скандалот треба да има одговорност до највисоко ниво, али овој крмаков што се влечеше по протести и што го лажеа дека ќе има комисија за правосудни реформи и истата се распадна кога видоа колку е саатот. Цвика па на крај “тоа е тоа, ај боље они нека го ранат наместо ние да го раниме”

Море треба да ви се врати на наредни парламентарни и да ве здроби па после прописно да ви го ебе мамето, ви ебам дебилните. И ќе ти кажуваат биле македонската авангарда ебате.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Интервју се праи со човек со став, личен, сопствен, а не со опортунистички џелат, послушник, потрчко, полуинтелектуалец, кој кога би бил правен избор според компетенции и елоквентност, не би му било дозволено да конкурира, а не да држи такво стратешки, општествено битна функција у една држава.

Потегот на "телевизијава" е чист дилетантизам и лов на гледачи. Штетен за живот како воздухов скопски.
Еве и визуелизација :icon_lol:

 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Политичките партии кај нас го преставуваат нашето вистинско цивилизациско ниво и политичка кулутра. Тоа е најдобриот модел на политичко организирање што го знаеме, авторитарен лидер, хиерархиски поставени ешалони низ кои се напредува преку непотизам или конекции и племенска интерна динамика, кои со помош на државните механизми, паразитираат од останатиот дел од населението. Тоа е политички модел за пред-модерни општества, тоа се ти кажува. Се останато, е само маска за пред светот, за номинално да може да се нарекуваме демократија. И тоа е само затоа што во моментов таа е глобално најпопуларната маска. Не е ни чудно што, двете политчки елити кај нас се продолжение на комунистичката политичка елита. Во 90тите само се преоблекоа со неколку националистички трогателни говори, како што и се случуваше секаде во Југославија и во бившиот Источен блок.
Ова е совршено точен опис на политичкиот живот во Македонија.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom