Точно дека се претпоставки, како што е претпоставка и следнава твоја констатација. Ниту Миленко, Мирка или Апасиев не ги спомнав, а и не сакам ниту да ги коментирам.
Јас во Бачев гледам со сомнеж уште од кога самиот се наметна како некој фактор, а човекот ниту бил ниту ќе биде. Имаше обид со неговата партија, го реди факинг Политико за носител и од него очекуваш ти рационалност. Плус човекот е професор по предмети од европското право, а се прави како најголемиот прорурски човек во државава, а не е зошто е очигледно дека е манипулатор! На тоа го додавам неговиот “радикализам“ со македонското и руското знаме кога се качи на хермелинот. Како што кажа и ти, моја претпоставка е, а и мој сомнеж дека му дава постојано алиби на Заев за постоење на т.н „руско“ влијание во Македонија што реално и го нема. Да имаше 1 рубља руска во неговата партија ќе беше мета на истраги, докази и се поголемо влијание од западот, а вака си најде Заев инструмент во Бачев да го “води“ тоа „руско“ влијание…