Референдумот требаше да го отвори патот кон овој договор, но цензусот го затвори и тоа мора да им биде јасно на партиите од власта. Значи со закон и Устав неслучајно е уреден цензусот, а и реално нецела третина нема право да одлучува во име на останатите 2/3. Значи за закон и Устав се работи и тие треба да се над се. Тоа што во година ипол се демонстрира своеволие со тесно мнозинство непочитувајќи ништо правно во државава, не треба да стане пракса за се, поготово НЕ за најважното прашање на Македонија.
Сега сите полемики нема попис, нема толку жители во Македонија. Чекајте малку, право на глас имаат сите ДРЖАВЈАНИ на Македонија, а не граѓаните кои се со постојано живеалиште во Македонија. Значи на пример и фактичката состојба да е во Македонија да живеат 800 илјади жители, а да има 3 милиони ДРЖАВЈАНИ, тогаш ПРАВО НА ГЛАС имаат 3 милиони ДРЖАВЈАНИ, а не само тие 800 илјади кои живеат тука и што побрзо некои го разберат толку подобро.
Понатака, видливо е дека референдумот партиите на власт, а и нивните следбеници го толкуваат како да се носи политичка одлука, а не одлука која ја носи народот по тој референдум. Ги гледам споредуваат бројки од избори, а и нивните следбеници го следат истото. Тотален нон сенс, затоа што се работи за носење одлука, а не за давање поддршка на некоја политичка опција. Тотално 2 различни поими каде луѓе со демократски капацитет лесно го разбираат, а ние очигледно сме далеку од тоа.
И за крај, тие што не гласале биле незаинтересирани и го игнорирале прашањето, па затоа тие немале никакво право да коментираат околу одлуката (а се 2/3 од гласачите), а пак ти што гласале имале право да ја носат одлуката и покрај тоа што се само 1/3 од гласачите. Немојте ве молам. Затоа е и цензусот меѓудрогото поставен...Зошто не се запраша никој дека бојкотот покрај се може да биде и одлука на поединецот затоа што нема доверба во институциите, во власта, во самата организација на референдумот и дека неговиот глас може да биде изманипулиран. На референдумот имаше 606к кои се изјаснаа ЗА, а сите сме свесни дека околу 50к+ беа гласови со наполнети кутии. Ненормално полнење на кутии се случи во неделата после 15 часот. Да не спомнам за притисоци и уцени. Што ако имаше 590к кои би гласале ПРОТИВ? Нивната волја реално би била поголема од тие што гласале ЗА, но поради полнење кутии нивната волја би била изманипулирана. Затоа е и БОЈКОТОТ меѓу другото, но првенствено од недоверба кон институциите дека нивното право на глас ќе биде изманипулирано со цел власта да ја помине својата цел.