Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.691
Поени од реакции
28.165
Сегa нa челo нa Вмрo дa зaстaне Никoлa Пoпoвски штo беше министер зa нaдвoрешни и дa нaпрaви кoaлицијa сo Апaсиев,тaкa ке гo изедaт сдс нa избoри пa 20 гoдини oпoзицијa не им гине.Тие двaјцa се нaјинтелегенти нa сценa штo се пoјaвиле кaј нaс дo сегa
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Референдумот доби поголема поддршка од гласовите со кои беа избрани Заев и Иванов.
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373

Го снема Поповски некако
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.691
Поени од реакции
28.165
Референдумот доби поголема поддршка од гласовите со кои беа избрани Заев и Иванов.
Сo син кaмен зa лoзје прскaње јa прскaте тревaтa штo јa пушите или сo лсд?
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.391
Поени од реакции
18.299
Сегa нa челo нa Вмрo дa зaстaне Никoлa Пoпoвски штo беше министер зa нaдвoрешни и дa нaпрaви кoaлицијa сo Апaсиев,тaкa ке гo изедaт сдс нa избoри пa 20 гoдини oпoзицијa не им гине.Тие двaјцa се нaјинтелегенти нa сценa штo се пoјaвиле кaј нaс дo сегa
Јеј, коалиција со Апасиев.

Ова Апасиев како партија Апасиев или ќе зачленат во централен комитет, на местото од Бетмен ?
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Референдумот доби поголема поддршка од гласовите со кои беа избрани Заев и Иванов.
Па што чека Заев, нека пикне се во затвор како што обеќа и нека собере пратеници и нека го изгласа. Или си има некои хипотеки и прљав веш?
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.996
А која е разликата тогаш, шо е поентата да постои консултативен референдум?
Ете референдумот не постигна цензус. И сега, забрането е по закон собранието да тера натаму? (Искрено стварно ме интересира, не сум го читал законот just логика.)
Одлуката не е задолжителна (види чл.8 од Закон за референдум) (А Уставот во чл.73 вика дека одлуката донесена на референдум е задолжителна, тука нема донесена одлука затоа што референдумот не беше успешен). Се работи за принцип, а штосот беше барање од народот поддршка за понатамошните активности или алтернативата беше мобилизација на што поголем број граѓани како притисок врз опозицијата со потенцијална закана за нови избори. Сега заканата е празна, ракавицата е фрлена и опозицијата може лесно да оди на избори. Јас мислам дека изборите се чист блеф. Коцка е жртвување на власт по добиени локални избори со 70.000 разлика и потоп на референдумот што да речеме 300.000 гласачи кои ќе гласаат за СДСМ од овие. Нека се и уште 50.000 кои не гласаа на референдумов. Разликата ќе се прави со албанците, оние кои гласаат за помалите партии и неопределените. Вака реално тешко до 2/3 мнозинство, а знаеме добро дека ќе има чистка на оние неопределените пратеници кои изворно беа од ДПМНЕ. ДПМНЕ се слаби моментално, но гласачкото тело им стагнира. Ако успеат да повратат дел од гласачите кои претходно гласаа за нив, можеби и можат да добијат и некој пратеник плус, што и мислам дека ќе се случи.
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Јеј, коалиција со Апасиев.

Ова Апасиев како партија Апасиев или ќе зачленат во централен комитет, на местото од Бетмен ?
Смеј се ти, ке видиш кога ќе ти стават слика од другарот Стаљин на триумфална.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.739
Поени од реакции
36.701
А која е разликата тогаш, шо е поентата да постои консултативен референдум?
Ете референдумот не постигна цензус. И сега, забрането е по закон собранието да тера натаму? (Искрено стварно ме интересира, не сум го читал законот just логика.)
Консултативен референдум за веќе одлучено прашање е измислица на Заев за да продава муда за бубрези ако референдумот пропадне. Да си остави простор за политички маневар.

Каков и да е референдумот треба да добие 50%+1 за да биде важечки. Во спротивно ако нема цензус се смета дека одлуката не е усвоена. Во овој случај се смета дека договорот не е усвоен.

Ова не е закон ова го вели Уставот на РМ. Наведено чисто како солза.

Самата правна техника на членовите во Уставот за референдумот наметнува тежина на барање легитимитет кај тој што повикува да се усвои некоја одлука односно да се гласа За.
Ти бараш да усвоиме одлука - ти треба да не убедиш да гласаме За. И не само да не убедиш, туку да не убедиш во доволен број со што таа одлука ќе има неспорен легитимитет (цензус).

Референдумот кај нас е така поставен што ќе биде распишуван само за прашања од најголема важност а не како во земји кои практикуваат поголем степен на непосредна демократија како на пример Швајцарија. Затоа имаме и строги критериуми и праг од 150 илјади гласачи да бараат распишување на референдум.

Значи за најголемиот дел од работите одлучуваме преку Собрание ама за некои работи одлучуваме на референдум и со таа одлука нема трте-мрте.

Во овој случај ние на задолжителен референдум со 75,72% излезност и со 1,079,308 гласа За сме одлучиле дека државата со име Република Македонија ќе стане независна и суверена Република.
Значи пред тоа сме биле Социјалистичка Република Македонија а нашето ново име во 1991 е содржано во референдумско прашање за кое сме се изјасниле За со големо мнозинство на успешен референдум.

Значи ние ова име Република Македонија и правно и фактички го имаме изгласано на референдум. Не ни е паднато од небо. Таа одлука за тоа име може да се промени само на ист таков референдум.
 
Последно уредено:

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Зајо, шверцерот на цигари го врати градоначалник во ЕУ ќе не внесувал оф мори мајко што ли ставаат по тоа сендвичите овие партииве.
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.605
Поени од реакции
22.795
Зашо сите лупате е круг? Никој не негира дека референдумот е законски неуспешен!! Референдумот беше консулатативен и не правно обврзан. И да беше успешен повторно прашањето ке беше вратено на гласање во парламентот.
I vo normalna demokratija, da ne pravime muabet za visokorazviena demokratija parlamentot treba cisto formalno samo da gi prifati rezultatite od referendumot i da ne se zamara poveke so toa prasanje. Arno ama...
 
Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.492
Па што чека Заев, нека пикне се во затвор како што обеќа и нека собере пратеници и нека го изгласа. Или си има некои хипотеки и прљав веш?
Ако бил Заев од ставање некого во затвор немало да оди на преговори кога ги добил бомбите туку веднаш ќе ги објавел и по преземање на власта ќе почнел со апсење. Вака е очигледно дека доказите за сиот тој криминал ќе ги користи за пазарење и уцени со цел да истурка некоја агенда
 
TheIks

Fork & spoon operator
Член од
1 октомври 2007
Мислења
712
Поени од реакции
469
Консултативен референдум за веќе одлучено прашање е измислица на Заев за да продава муда за бубрези ако референдумот пропадне. Да си остави простор за политички маневар.

Каков и да е референдумот треба да добие 50%+1 за да биде важечки. Во спротивно ако нема цензус се смета дека одлуката не е усвоена. Во овој случај се смета дека договорот не е усвоен.
Е чекај сега... ако референдумот е измислица на Заев, т.е. де факто не легален, тогаш што има врска дали пропаднал или не? Не е легален и владата може да тера со договорот пошо веќе е и потпишан. Или поедноставно не го стопира договорот, пошо е нелегален. Ако референдумот е сосема легален и е консултативен по закон тогаш пак собрание одлучува. Видиш, не се глупи тие, измислено е внимателно. Принципи не барај ти на балканот. Принципи да имаше многу работи ќе беа поинакви и тоа уште многу одамна. Којзнае и Македонија дали ќе се осамостоеше да не правеа маневр тогаш со прашањето. Битното сега е дали е законско а изгледа е пошо не гледам другите да се бунат многу.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom