Го читам Дарди, не дека некогаш пишал нешто паметно, ама ова на ништо не му личи. Очигледно се работи за исклучително тврдоглава особа, јас мислам коњ што зборува да беше ќе се откажеше веќе од трескање вакви глупости на(се надевам) здрав памет.
Пишал дечкото, да биле СДС опозиција нивните ќе бојкотирале, а вака демек ДПНЕ бојкотирале. Ало, дарди партиски пацову лидерот на ДПНЕ, големиот патриот Мицко звани ,,народот", се надзборуваше како теткица со Лупевска на Телма можда 2 саати само за да не каже став за референдумов. Високи функционери на ДПНЕ тргнаа уште од 7 саат на гласачките места за да шират атмосфера за да се излезе. Биди сигурен, да беше излезноста 40% до 3 саат, сигурно и Мицко ќе побрзаше до гласачкото место.
Драг дарди марсовецу, тој што одлучи да пропадне референдумот се токму неопределените. Сигурно над 90% од неопределените масовно бојкотираа и кажаа НЕ на тие што полнеа кутии, административците кои ги тегнеа за уши, членството на СДС и либтардите.
Или да ти објаснам во груби бројки, пошто сите знаеме дека ептен ги љубиш, да не беа тие 50К добиени гласови со полнење на кутии, потоа уште минимум 30К од заканите до административци и уште околу 100К гласа на усијани глави кои беа резултат кампањата која се состоеше од лага до лага и закана до закана 24/7 и ниту еден единствен збор за бојкот референдумот ќе се сведеше на максимум 400К гласа, сосе тие што ќе гласаа против.