Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.378
Поени од реакции
86.713
Јас сеуште се чудам како некои референдумов го толкуваат како за влез во ЕУ и НАТО, кога ПРЕОЧИГЛЕДНО беше дека тие две организации се впишани во прашањето како мамка за да излезе народов да гласа... мислам дајте бре луѓе, од Марс ли сте паднати, референдумов беше и остана само за договорот со Грција, ништо повеќе, ништо помалку.

ЕУ не влагаме минимум во наредните 15 години.
А во НАТО ќе влеземе и како ФИРОМ ако треба, ако нели кхм.... се зголеми руското влијание тука :LOL:

Од Русиве глава неможеме да кренеме :place:
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Не си Македонец ако си се одродил до десетто колено и си ги пишал Бугари, само ако си кажуваш така да спиеш полесно, океј :)
А ти од каде знаеш како сум го добил пасошот?
Можеби ме наградиле за нешто, можеби од што сум имал мака сум го земал...какви ти се овие прашања?!?!?
Кога не знаеш каква е приказната во позадина те молам не коментирај.

Што не кажеш дека и Украинците се бугари, бидејќи една третина се со бугарски пасоши ако не си знаела, а и не верувам да знаеш.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498

Од што и да си го земал, знаеме како се зема бугарски пасош за разлика од други државјанства, не сме од Марс паднати.

Не дека некој има нешто против де, ама не може да си горд Македонец ако си чкртнал таму дека парафразирано се откажуваш од се македонско. Или тоа или тоа.

Остај ги Украинците со БГ пасош, чисто сумљам дека по форуми се маваат у груди со Слава геројам.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.509
прочитав на time.mk пред некоја недела. можно е и да е лажна вест.
Информацијата дека од 01.01.2019 година ќе влезе во сила нов закон кој ќе им овозможи на граѓаните од држави, кои не се членки на ЕУ, да се вработат во ЕУ-државите под исти услови како и граѓаните од земјите-членки на ЕУ, не се точни. Ве молиме да се информирате на веб-страната на Германската амбасада за условите и времето на чекање во врска со издавањето на работни визи.
https://skopje.diplo.de/mk-mk/service/visa-einreise
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Од што и да си го земал, знаеме како се зема бугарски пасош за разлика од други државјанства, не сме од Марс паднати.

Не дека некој има нешто против де, ама не може да си горд Македонец ако си чкртнал таму дека парафразирано се откажуваш од се македонско. Или тоа или тоа.

Остај ги Украинците со БГ пасош, чисто сумљам дека по форуми се маваат у груди со Слава геројам.
И Германски пасош имам. Ти пречи ли и тоа?
Од ништо Македонско не сум се откажал. Поголем Македонец сум од тебе и од повеќето што пишуваат тука.

А Охрид како си го сметате вие Охриѓаните, како бугарски или Македонски град?
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.234
Поени од реакции
15.293
Идолот на северњаците:facepalm:.....барем Боки13 не се крие

ПС:средниот прст на оној лево е гратис:pos:

И

Име И Презиме

Гостин
И Германски пасош имам. Ти пречи ли и тоа?
Од ништо Македонско не сум се откажал. Поголем Македонец сум од тебе и од повеќето што пишуваат тука.

А Охрид како си го сметате вие Охриѓаните, како бугарски или Македонски град?
Прекини те работат како бавча
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Да, пишав. И сум горд Македонец.
Каков горд Македонец си кога си потпишал документ во којшто тврдиш дека твоите предци се Бугари и дека Кирил и Методиј се Бугари и творци на старобугарската азбука?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
И Германски пасош имам. Ти пречи ли и тоа?
Од ништо Македонско не сум се откажал. Поголем Македонец сум од тебе и од повеќето што пишуваат тука.

А Охрид како си го сметате вие Охриѓаните, како бугарски или Македонски град?
Не е проблемот со германскиот пасош зш кога го земаш, не ги пишуваш сите роднини бугарски поданици ама до утре да ти се црта нема да разбереш.

Чим го спомнуваш Охрид во БГ конотација се гледа дека длабоко е инсталирана бугарштината во тебе така да прикаските за горд Македонец на пазар продавај ги :)))))
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.876
А ти од каде знаеш како сум го добил пасошот?
Можеби ме наградиле за нешто, можеби од што сум имал мака сум го земал...какви ти се овие прашања?!?!?
Кога не знаеш каква е приказната во позадина те молам не коментирај.

Што не кажеш дека и Украинците се бугари, бидејќи една третина се со бугарски пасоши ако не си знаела, а и не верувам да знаеш.
Може и во смоки да ти се има паднато. Македонец горд си ти пак.

И Германски пасош имам. Ти пречи ли и тоа?
Од ништо Македонско не сум се откажал. Поголем Македонец сум од тебе и од повеќето што пишуваат тука.

А Охрид како си го сметате вие Охриѓаните, како бугарски или Македонски град?
Германија само за тебе дозволува двојно државјанство.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Овој изблик на триумфализам и еуфорија за резултатите од референдумот што ја гледам вчера и денес, присутна и на форумов, ме потсеќа на еуфоријата на Грците после нивниот референдум за мерките за штедење во 2015 година, кога мислеа дека изразот на нивната национална гордост некако ја мења математиката на Еврозоната.
На крај, добија само потешки услови на програмата за штедење и шамарање, за да нема дилеми кој е кој. Сите знаеме што се случи потоа. :D

Целава работа премногу се комплицира уште од самиот почеток. И тука лежи главната одговорност на двете најголеми политички партии, првенствено на владејачката, што доволно не ја поедноставија, каква што вистински е. Ова е договорот што го добиваме, не договорот што го избираме. Нема подобро испреговаран договор, нема повеќе преговарање за договор, ова е финалната понуда и се сведува на take it or leave it. Нема некоја иднина во која Македонија ќе има подобра преговарачка позиција и ќе добие подобар договор, затоа што нема веројатна иднина во која Грција ќе има полоша преговарачка позиција наспроти оние кои го дизајнираа целиов преговарачки процес. Ниту, оние кои го дизајнираа овој процес, (тука нормално мислам на Западот/меѓународната заедница) имаат намера, трпение и интерес за да го одолговлекуваат повеќе. И не знам колку пати треба тоа да ни биде повторено од сите високи политички функциониери од Западот, за да ни стане доволно јасно. Тука си ја посраа работата сдсмовците, што кампањата за референдумот си ја претворија во реклама за влезници во Дизниленд, вакви фондови ќе имало, онакви фондови ќе имало, такво здравство. Сите знаеме дека ЕУ и Нато се морковот, ама не можеш да го маскираш стапот со нив. Мењањето на името беше централен предмет на референдумот и за него требаше да се збори искрено и да се има муда да се излезе отворено и да се каже што е на маса и кои ни се опциите, особено што ЕУ и Нато во прашањето послужија единствено за да се зголеми влогот за македонската етничка заедница. Луѓето, генерално, немаат концентрација за приказна што завршува со големи бенефити во иднина, нив ги интересираат шоковите денес и утре.
Од друга страна, овие глупости што Вмро ги пласира дека ако македонската страна не го прифати овој договорот, они во иднина ќе испреговараат подобар и дека ќе се вратат на старите позиции во спорот за решение со двојна формула, подеднакво одмагаат. Детско продавање на магла е тоа, доколку договорот не помине од наша страна преговорите се практично завршени. Секој следен договор ќе биде можен само со скоро комплетно прифаќање на условите на Грција, кој најверојатно го бришат зборот Македонија од името. Тоа значи дека општоприфатената агенда за евроатлантски интеграции е ќорсокак, екстремно тешко остварлива. Во превод, Грција победува, ги држи сите карти во раката, не само во однос на нашите релации со Западот туку и со останатите кои мислиме дека ни се алтернативи.

Тешко е сега да се анализира кои се реалните исходи на целава ситуација во иднина. Сигурно е дека со сите сили и оружја, власта ќе се обиде да го протурка договорот во Собрание и да добие доволно пратенции од Вмро за 2/3 мнозинство. Јасно е пренесено денес и од САД и од ЕУ што очекуваат понатаму. Ама, не знам тоа колку е реално. Доколку се отиде со опцијата за предвремени парламентарни избори, тогаш почнува вистинскиот хаос. А ако целиот овој процес на крај заврши неуспешно, тек тогаш земаме залет по удолница. Гледам дека луѓето најчесто се потсмеваат на ризиците со кои државата се соочува, иако не знам зошто. Менување на унитарниот карактер, барања за автономија на Албанците и не се најстрашната можност, тие може да се случат и во интегрирана Македонија, има многу полоши модерни болести за една држава што немаат финална фаза, туку траат ad infinitum. Македонија во последните години е на раб да се здобие со failed state статусот и тоа ќе остане реален ризик дури и со влез во ЕУ и Нато. Не знам колку на долг рок имаме институционален, економски, социјален и демографски капацитет за да го преживееме идниот глобалниот поредок, кој полека добива облик. Тогаш прашањето станува, не да се чуваш од империјалисти, туку да најдеш некој кој ќе ти ја плаќа сметката. Најголемиот ризик, за одоговлкувањето со пристапување во некој голем, реален за нас блок, е да влеземе во категоријата на експеримент-држава како Босна, која никој нема да сака да ја има како товар.

Во секој случај, да не си во кожа на вмровците во моментов. Како и да се свртат изгледаат како заебани. Или алиенација на традиционалното гласачко ткиво или да добијат репутација на анти-западна политичка опција во Македонија. Мицко уште поцрвен ќе стане во фацата.
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
Само 610.000 гласале за опцијата ЗА европска Македонија, тоа била причината според Иванов.

А лично Иванов што еднаш стана претседател со 453.000 а потоа со 535.000 гласови, е легитимен а, и може да ја извршува должноста без никакви ограничување, замисли.

Инаку се гледа дека бојкотирањето не се покажа добра алатка да се сопре целта на власта.

Самиот факт што противниците на договорот со Грција избраа да бојкотираат, покажува дека противниците ги има помалку него подржувачите.

Противниците на договорот со Грција избраа да се скријат позади тие што навистина немаше да излезат на референдум, на такви што им е сеедно, односно не им е прашање од витален интерес.
610 000<903 000
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom