Точно, не пишува во договорот, во документите за аплицирање, зависи од фирма до фирма, ако треба да пополниш нешто за време на интервју итн, ги помешав документите.
Еве ти пример за тоа Македонец со БГ пасош: на интервју, те прашува која националност си, Македонец, океј, ама имам дупло државјанство можам да работам без проблем, океј. На клиенти, на презентации, на состаноци, после те претставуваат/пишуваат Македонец, не Бугарин, иако со бг пасош работиш. Баш поради тоа дупло државјанство.
А во полиција ни во трудова инспекција не би имал проблеми, бидејќи ги имаш сите документи. Ако сакаат да и докажеш дека си Македонец, покажи си лична карта македонска, или пасошот и нема проблеми. Проблем е да им објасниш каде сме, ако не чуле за нас.