Која промена на граници? Па сега дефакто распишуваме референдум со кој треба да се декларираме како ќе настапуваме во светот. Ние никогаш не сме ни имале држава.
Не признале 120 земји во светот? Пичкин дим!. Лудаци. Се тоа ќе им порекнеме.
Што има тука да се менуваат граници? Која е оваа држава ФИРОМ?
Ние ова го правиме за парче леб и подобра иднина бре еј!!!
Порано учевме за тоа терористите Делчев, Питу Гули кој гинеле за некој Алаху Акбар каузи. Леб требало тогаш мореее леб!!! Пола народ избегал во УСА и Аустралија по печалби. Овие се чукале в гради патриоти. Место да сме граделе цивилизација со големиот Султан и Османслиското царство.
Ама се разбуди сега народот!!! Господ го донесе Заев, тоа терориристичкие организации како ВМРО-ДПМНЕ не поминуваат како пред 50 и 100 години. Леб треба, не треба национализам. Алтани! Грошој!
Глобализација што ќе правиш, сега се има други приоритети

[DOUBLEPOST=1533081718][/DOUBLEPOST]
Мицкоски: Драги сеачи на магла…јас сум за иднина во која Македонија ќе ја водат чесни луѓе
„Драги загрижени сеачи на магла, јас можам да Ве разберам, Ви наредиле и силно Ве платиле капитулацијата да ја прикажувате како триумф, лагата како вистина, а неспособноста и немањето план како иднина или изолација…
Е па еве ќе Ви одговорам:
Јас сум за иднина, иднина во која Македонија ќе ја водат принципиелни, чесни и од збор луѓе, а не аболицирани политичари, иднина во која политичарите што бараат мито ќе одат во затвор, иднина во која брат политичар на брата бизнисмен нема да му дава за бадијала парцели, милиони да млати на грбот на граѓаните, иднина во која нема да бидеме на дното на економскиот раст, реформите во судството, образованието, здравството и социјалата, иднина во која криминалците нема да се амнестираат и позираат гордо сликани со политичарите од власт, иднина во која нема да се проституираме како народ и држава затоа што уценети и неспособни политичари се во владата, иднина во која нема министрите да си делат грантови и тендери на шибицарски начин, а премиерот ќе им прости со стерилно образложение дека немало да ги смени затоа што немал со кого да работи, иднина во која моите студенти наместо да се збогуваат со мене после одбраната на дипломската работа ќе ме консултираат во која фабрика и кое работно место ќе го прифатат овде во нивната татковина, иднина во која нема мојата татковина да биде рекордер по бројот на мртви новороденчиња во Европа, иднина во која со моите синови гордо ќе ги читаме историските читанки и ќе си спомнуваме за херојските подвизи на Гоце, Даме, Јане, илинденците, Панко, Ченто, Павел, партизаните, но и на тие пред нив и тие после нив, а нема да ‘шупотеме’ тивко затоа што некој сакал да не направи дрво без корен, народ без минато и традиција, држава без историја. пишува Мицкоски на својот Фејсбук профил.
Можам уште долго да пишувам за каква иднина работам јас и каква ја гледам иднината на мојата татковина, но тоа е битката на мојата генерација да Ве порази Вас платениците и остатоците од транзицијата за да може да и се раздени на мојата Македонија, за да биде повторно достоинствена…”, пишува Мицкоски на својот Фејсбук профил.
Ете, ова е иднината
