B
Bafra
Гостин
Не им расипувај фантазиите. Веќе заборавија на немање правда, од тоа дека ќе средат судство, буџет, администрација, бројчаник, затворски казни итн. се префрлија на финтата ќе смениме име, ќе влеземе во НАТО и се магично ќе се среди.Абе ајде смешно е ова со поддршкиве за референдум, божем Меркел не знае дека ништо ни сантим не сме мрднати во реформите. Среќа нејзина никој не и се качува на глава зошто поддржува влез на земја како Македонија со актуелна власт која во рок од една година е фатена со мутен тендер од 35 миљона еура, голем број на блиски фирми како добиваат по 100-200.000 ЕУР за божем иновации, партиски вработувања по заслуга илимити спиење по шатори, нерасчистени убиства и злоупотреба на моќ, уништување на животна средина...итн итн.
Сите овие работи можевме да ги средиме и без да влеземе во ЕУ и НАТО, а чим до сега не ги сменивме, нема ни тогаш. Нит ќе праат чистка, нит ќе враќаат пари украдени, ништо апсолутно ништо. Од влезот во ЕУ и НАТО ќе добиеме само квоти за увоз/извоз и масовно селење надвор од државата. Ќе имало фондови претпристапни незнам што незнам како, ќе ги исперат парите ко еден и еден. Истото се случуваше во Вишеградската група кога влезе во ЕУ, истото ќе се случи и тука. Ќе направат еден автопат и железница, ќе не задужат со пари за тоа, ќе фукнат патарини ко у Хрватска и ќе свиркаме. И се е тоа ок, ако стандардот отиде нагоре, а нема да отиде. Затоа во ЕУ влагаш ако те поканат, а не да молиш. Скупа кафана е тоа, и ако не си спремен, а ние не сме, ќе переш чаши да си платиш сметката.
Член од сдс го прашувам, абе што бидна со решавање на мито и корупција, со тоа задолжувањата, со преголема администрација, сваровски судии ...
Мртов ладен вика: чекај да помине ова со името и референдумот и ќе видиш

Абе нели сдс членовите беа интелектуалната каста, со троа појќе ум... а сеуште веруваат во бајки
