Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
T

Terroir

Гостин
Дури и навистина да влезевме во ЕУ и НАТО пак немаше да има некоја ептен голема масовност, а овие за условена препорака очекуваа дека ќе соберат народ :tapp:

На народот веќе му е здосадено од циркузи, сака реални дела и проекти..
 
Член од
5 август 2017
Мислења
697
Поени од реакции
855
Не бе невозможно е ваков фејл аутогол да си дадат. Уште не ми е јасно кои кретени им го водат ПР-от и на кој основ носат одлуки. Па вакви аматери не памтам никад да сме имале.

Што очекуваа они дека реки народ ќе искочат за прослава на нешто што уште не се случило? Па и лоботомиран сендвич партиец да си, ќе ти биде малце непријатно. Нека пројде референдум нека те примат официјално у НАТО па после крши глава иако и тогаш нема да оправдан веселење на државен трошок кога нема основни услови за достоен живот пошто нели пари се немало.

Нека моли бога Заев, Али да му искочи у пресрет за референдумот инсче маф му е работата. Тоа ќе си повлече и консезуален прецедник секако. Е после тоа, ако останат поише од миљон у државава алал нека им е.
ако оди на референдум ни свети Али не му помага, бадијала трошење пари.
 
К

Климатизација

Гостин
На народот веќе му е здосадено од циркузи, сака реални дела и проекти..
Баш заради ова едвај чекам следни избори, има ДПМНЕ и СДСМ да наебат како никогаш досега. Или пак ќе не фати колективната амнезија и ќе искочиме пак да ги гласаме?
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.982
Поени од реакции
5.594
Мислам дека не им беше целта да се прославува нешто, туку да видат колку се расположени луѓето за референдум, а ова само уште повеќе долеа масло во огнот, очигледно на народот му е скурчено и од едни и од други, па ќе мора чика Аљи да ги пали авиониоте. СДСМ со коалиционите багаж партии си има стандардно гласачко тело од околу 250-300.000 луѓе, е сега за успешност им се потребни уште околу 600.000 луѓе. Но без разлика дали ќе биде успешен или неуспешен референдумот, ние ќе мораме да го смениме името затоа што нашиот премиер потпиша меѓународен договор под капата на ЕУ, ако не го промениме името ќе јадеме еден куп санкции и ќе бидеме страшно изолирани. Единствена шанса за спас ни е ова име да не помине во грчкиот парламент - но веројатно ние дотогаш ќе ја извршиме промената на името.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
неможе човек да знае што е полошо дали да владеат овие сега што ја имаат власта, или сегашните опозиционери со оглед на претходното 11-12 годишно искуство, само има една непроменета константа, а тоа се пензионерите, човече кои дегени ја подржуваа претходната власт за бесплатни ваучери за скијање на пензионери, кој што кој и да го искористеше неверувам дека здрав се вратил, или пак за ваучерите за бањи, кои што потоа фондот им одбиваше за погребни трошоци на фамилијата бидејќи покојникот искористил бања или така нешто знам беше, а сега пак исто така фосилите кило крв даваат за оваа неспособна власт која што добила позив за разговор за влез во нато... и потоа млади луѓе бегале , е бегале....:tapp::tapp:
 
T

Terroir

Гостин
Баш заради ова едвај чекам следни избори, има ДПМНЕ и СДСМ да наебат како никогаш досега. Или пак ќе не фати колективната амнезија и ќе искочиме пак да ги гласаме?
Разочарувањето е огромно. Предходниве да се вратат на власт ќе биде еднакво на дебакл со оглед на тоа што знаеме што правеа и државата ја донесоа во една многу лоша ситуација, а сегашниов нивни лидер Мицковски е приврзок на Грујо и Мијалков значи нема никакви промени во партијата и се си останува исто. Од друга страна овие ветуваа многу а откако дојдоа на власт како се да заборавија, ништо ново за просечен Македонски политичар ама според мене излезноста ќе биде намалена значително а добар дел од оние што ќе излезат да гласаат - ќе гласаат за некоја трета опција, не дека многу ќе веруваат во неа ама чисто контра првиве две.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Нормално, формата се мења суштината не. Само за жал, оваа ситуација нема да се одрази на било кои предстојни избори. Пак ќе искочат да гласаат сите за едните или другите.
Ќе гласаат секако, но во помал број од што тие очекуваат, не знам, рано е додуша за правење прогнози, се и сешто ќе се изнадеси до следните избори, но моменталниот впечаток е таков, ниту СДСМ е омилено, но ниту ДПМНЕ со сегашнава постава се многу привлечни зa електоратот.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.589
Абе не е тренд да се излага на политички собири, па макар тоа биле и концерти за прослава. Тоа се прави единствено пред избори, се голта цела гордост и достоинство, се излага фамилијарно...тогаш и не е толку срамота, по што се работи за партиски ветувања за работа во државна администрација. Значи се работи за лична корист, се излегува од лични себични причини со мислата: ако СДСм/ВМРО победи ќе лапнам работа државно.

Сега кој беше мотивот да се излезе? Сме добиле покана за НАТО, море, големо чудо. Ако влеземе во НАТО ќе влезе и тој од Вмро и тој што е неутрален, значи се работи за нешто што не е директно опипливо како партиско вработување. Зошто би излегувале за нешто што како прво не го ни разбираат. Нашиот народ е прагматичен и тргнува единствено од своите лични, себични мотиви. Вети му државно вработување и твој е. После носи го кај сакаш, ќе те следи до крајот на светот додека си на власт.

И референдумот, затоа не може да собере толкава критична маса на луѓе. Затоа што ЕУ и нејзините придобивки се далечни и тешко опипливи во моментот.
Да требаше да влеземе во ЕУ веднаш по референдумот, доколку истиот беше успешен, мотивот тогаш ќе беше ЕУ пасошот и ќе имаше излезност. И од партиски војници и од неутралци на кои што преку глава му е од се во државава. Секој си има своја цена што велат, своја точка на преломување на ставовите.

Плус и музичкиот репертоар беше тапа. Да повикаа некој од соседството да пее ќе имаше веројатно далеку поголема излезност. Можеби и ќе го направеа тоа да не беше државна прослава, каде што нема баш некоја логика да се слави со Српски турбо фолк покана за НАТО. Која комедија ќе беше тоа.
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.789
ЉељееЕее :aplauz::cuc::bravobe:



п.с
Ни Амди Бајрам вака не бил изруган од народот.
Стварно вака му свиреле? Потврдено е од некој кој бил таму? Прашувам за да го ставам на фб. И така ме лаат дека сум продадена душа оти не сакам Македонија да е во НАТО и Еу...
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.932
Поени од реакции
15.952
се е отидено у ...
After Trump accused Germany of being ‘captive to Russia,’ German news networks attempted to report the story with a straight face.

https://www.facebook.com/colbertlateshow/videos/1462319390579474/?hc_ref=ARSlcfUatvYhqA9QF6zrDR7mk4kW3Y0IZwaqqz57qzw8d4WTEYmfDNgkAGlrIvPLoRk[DOUBLEPOST=1531656830][/DOUBLEPOST]
неможе човек да знае што е полошо дали да владеат овие сега што ја имаат власта, или сегашните опозиционери со оглед на претходното 11-12 годишно искуство, само има една непроменета константа, а тоа се пензионерите, човече кои дегени ја подржуваа претходната власт за бесплатни ваучери за скијање на пензионери, кој што кој и да го искористеше неверувам дека здрав се вратил, или пак за ваучерите за бањи, кои што потоа фондот им одбиваше за погребни трошоци на фамилијата бидејќи покојникот искористил бања или така нешто знам беше, а сега пак исто така фосилите кило крв даваат за оваа неспособна власт која што добила позив за разговор за влез во нато... и потоа млади луѓе бегале , е бегале....:tapp::tapp:
СЕГА е НАЈЛОШО од било кога, бидејќи НЕМА ( барем се уште) сериозни амбасадорски критики, невладини, шарени и слично... си прават што сакат, им се може...
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Па вака добро пушење не добил никој ни од Сара Џеј човече, бламажа за у енциклопедија. Ги глеам есдеес копиљанава по сториња на фб и инста, групни кадри каде што се глеа дека се двајца без тројца и као ВОВОВО колку ни е јако, ептен луди журки има низ државава.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.673
Поени од реакции
11.897
https://off.net.mk/vesti/mislenja/edinstvenite-makedonci-na-koi-ne-im-treba-slozheno-ime-se-onie-od-republika

Единствените Македонци на кои не им треба сложено име се оние од Република Македонија

15 Јули 2018 - 10:41

Де факто, сите други Македонци во другите држави веќе имаат сложени имиња. Само на Македонците од Република Македонија, „македонското“ им е примарно обележје на нивниот идентитет, пишува грчки автор кој отворено признава дека во овој спор, Грција била агресорот. „Беа принудени да тргуваат со единственото име кое им го оставила историјата“, пишува Августин Зенакос. За неупатените, Зенакос мисли на „Тоа на М“.



Грција долго време опстанува на ставот дека Македонците, мислејќи на граѓаните на Република Македонија, не се „вистинска нација“ и дека нивниот јазик не е „вистински“ јазик.

Обете тврдења се фалш.

Тешко е да се утврди кога точно луѓето почнале да се само-идентификуваат како Македонци во етничка смисла, но докази за тоа има барем од крајот на 19-от век. Податоците од островот Елис покажуваат дека во 1897 година имало имигранти во САД кои етнички се изјаснувале како Македонци. Околу девет илјади лица во периодот од 1897 до 1924 стапнале на американско тло декларирани како Македонци во етничка смисла.

Природно, постоеле варијации и често контрадикторни цели и лојалности во рамките на македонското национално движење. Некои биле лојални кон Бугарија, други барале независност на регионот, постоеле такви кои говореле словенски јазик но се поистоветувале со грчките интереси (таквите се претерано митологизирани во грчката историографија), постоел и своевиден „балкански федерализам“ кој барал Македонија да им припаѓа на сите Македонци, без разлика на верата и етничката припадност. Во духот на младотурската револуција и ветувањата за ослободување на териториите под Отоманска управа, се појавува движењето за републиканска, мулти-етничка Македонија а дел од протагонистите се водени од социјалистички или анархистички идеи.

Македонскиот национализам можеби е најмлад на Балканот, но тој постои. Да се каже дека тоа е „конструкт“ е спорна поента бидејќи во крајна линија, секој национален наратив е „конструкт“. Истото важи за статусот на јазикот. Постои прочуена изрека која тоа убаво го сумира: „Јазикот е дијалект со војска и морнарица“. „Одлуката“ дали нешто е дијалект или јазик, никогаш не е чисто историско или лингвистичко прашање туку првенствено политичко. Затоа многу е искривена онаа теза - која и денес ја делат многумина во Бугарија, Србија и Грција - дека македонската национална свест била „измислена“ од Тито. Југословенската политика само значеше признавање на едно национално чувство кое постоеше најмалку 5 децении претходно. А целиот тој процес, од крајот на 19-от век, до распаѓањето на Југославија, резултираше со нешто што е несомнено - македонска нација.

Македонскиот национален патриотизам не е фикција, барем не повеќе од кој било друг. Едно е да се биде против сите национализми, во смисла на несогласување со националистичката омраза и конфронтирањето, но сосема друго е да на луѓе да им ја девалвираш перцепцијата за себе и да им тврдиш дека тоа е резултат на историска измама.

Фашизмот и иредентизмот...

Зошто грчката држава, како и многу Грци, ги третираат своите северни соседи како отпадници од историјата? Една од причините е начинот на кој е зачнат грчкиот национализам - како голем и директен лак до античката слава. Во таков наратив, Македонија може да се однесува само на античка Македонија, која била „ослободена“ во војните од 20-от век. „Антиквизацијата“ која ја буткаше ВМРО ДПМНЕ и владата на Груевски не помогна. Делумно изнедрена како одговор на грчката непопустливост, таа програма се организираше околу идејата дека денешните етнички Македонци се наследници на античките кои не биле Грци. Таквата „антиквизација“ наиде на силен внатрешен отпор кој под статуата на Александар Македонски имаше напишано „Ова е фашизам“.

Друга - многу пофалсификувана - причина е „иредентизмот“ на БЈРМ. Наводно, земјата која независност прогласи во 1991 година ги задржала историските барања на македонското национално движење за ослободување на целиот регион, а дел од тој регион денес е во Грција. Се разбира, земја која е само 20% од популацијата на Грција и практично нема никаква воена сила, не може разумно да се смета за безбедносна закана. Дополнителна иронија е тоа што Грците никогаш не признаваат дека постои македонско национално движење и тие луѓе ги сметаат за Бугари, Срби ли општо Словени, сè додека за нив не проговорат како закана за својот суверенитет. Одеднаш тие непостоечки стануваат главна закана и ударна тупаница на анти-грчките завери во кои се вклучени и Западот и Турција.

... оние што не се вклопуваат

Најмрачната причина за омаловажување на БЈРМ како историска шега е избегнување на прашањето: што ќе станат оние кои не се вклопуваат во дефинираните категории на испреговараната историја? Што ќе се случи со македонското етничко малцинство во Грција? Оние кои зборуваат македонски и нивните наследници кои се лишени од сите права во нивната земја, откако како политички бегалци избегаа во Југославија во доцните 1940-ти години?

Грција останува на тоа дека македонско етничко малцинство не постои на нејзината територија. Тоа беше главната стратегија против македонскиот „иредентизам“ како би се спречиле евентуални територијални барања. Во реалноста, Грција ја маскираше својата политика на присилна хеленизација: македонските заедници во Грција беа уништувани, од 20-тите години на минатиот век па до денес. Со децении живеат под полициска присмотра а јазикот им се забранува. Дури и песните им се забранувани па со години ги изведуваат во инструментални верзии, без текстови. Статистичките податоци за нив се стопирани (бидејќи државата го смета малцинството за непостоечко) па нема доволно податоци за нивната големина и еволуција.

На оние кои избегаа по грчката граѓанска војна им се негира правото на државјанство и имот. Тие и нивните наследници се исклучени од сите можи закони кои ги регулираат правата на политичките бегалци.

Сите овие прашања не се само во доменот на историското признавање туку се важни и денес бидејќи во северна Грција и денес постои македонско малцинство а и денес постојат потомци на политички бегалци кои немаат право да се вратат и да побараат некој семеен имот. И на двете групи, не само што не им се признаваат историските неправди, туку се лишуваат од основните права и слободи.

Радувајте се!

Оттука, причина за радување е што неодамнешниот договор конечни ја признава македонската националност и македонскиот јазик. Грчката влада, за да ги ублажи националистичките реакции, потенцира дека националноста не е исто со етницитетот и дека договорот не признава „етнички Македонци“ туку „Македонски граѓани“. Често игра и на картата дека во договорот, македонскиот јазик е дефиниран со своите словенски корени, за да ги скроти оние кои мислат дека македонскиот може да се користи само за оној јазик кој го користел Александар Велики. Обете поенти, иако технички коректни, не можат да го сменат фактот дека никакво признавањето на националност или јазик не е можно ако барем имплицитно не се откажеш од цврстото негирање на нечие постоење.

Па сепак, договорот е далеку од фер, иако „сложено име“ се разгледува како основа за евентуално решение уште од почетокот на спорот. Напротив, согласноста да се смени името на нивната земја во Република Северна Македонија е цената која Македонците ја плаќаат за да им биде дозволено да се викаат онака како што се викаат речиси век ипол, без да им биде давена нивната економија и да бидат блокирани во членство во меѓународни организации. Не треба да се стегаме отворено да кажеме: во овој спор, Грција беше агресорот.

Поинаку кажано, единствените Македонци на кои не им беше потребно сложено име беа граѓаните на Република (Северна) Македонија. Причините би требало да е очигледна: тие се единствените Македонци на кои „македонското“ им е примарно обележје на етничкиот идентитет. Секој друг Македонец наоколу е прво нешто друго - грчки, бугарски, српски итн. Да ги прашаш тие луѓе, некаде во странство, од каде доаѓаат, нема да ти кажат од Македонија, туку од Грција, Србија, Бугарија. Де факто, сите Македонци во соседните земји веќе имаат сложени имиња.

Геополитичката целесообразност ги принуди овие луѓе да тргуваат со единственото име кое историјата им го оставила. Треба да го имаме тоа на ум, пред уште еднаш да ги омаловажиме, овојпат како обични инструменти на политиките на НАТО.

Августин Зенакос
 
S

staycalm

Гостин
Зошто петиција?? Секоја будала може што сака да напише на интернет. Убаво ти кажаа што е национализам по дефиниција, а ти како сакаш...Патем во што е проблемот ако националните интереси на својата нација ги ставаш над интересите на другите нации? А сите други што прават ?
Џабе се праите паметни кога сте прости и мислите дека само она што вие го „знаете“ е универзална вистина.

https://www.merriam-webster.com/dictionary/nationalism

Уште линкови да ви давам или секоја дефиниција ставена на интернет од било кој ДОВЕРЛИВ и ЛЕГИТИМЕН извор за вас претставува неприфатлива затоа што си имате сопствена дефиниција што некој анонимец убаво ми ја кажал на форум?

ОД вакви ко вас толку уверени во тоа што го кажуваат а не се во право сме до ова дерење, ебаве ретардите
 
Последно уредено од модератор:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom