Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.589
Не е само достоинството во прашање. Еве да го изземеме тоа и на договорот да гледаме чисто од аспект на бизнис договор. Јас давам нешто во залог и тоа е регулирано и утврдено преку договор а другата страна дава ветување дека можеби ќе го исполни договореното под еден куп услови наметнати преку договорот кон мене. И не е само тоа, Грција ветува дека ќе даде нешто што не е ни нејзино како прво. Туку дали ќе станеме членки на ЕУ и НАТО, во целата таа калкулација има еден куп променливи а Грција е само една од нив. Значи тоа и не зависи исклучиво од Грција. Јас ти ја давам робата а ти ми велиш брат ми ќе ти плати некогаш, кога ќе има, ако има.

Значи пред да дадеме нешто треба да се искалкулира колкав е соодносот помеѓу загубата и добивката, процентот на добивка, ризичноста на влогот...
Од оваа дистанца гледано ако договорот со Грција беше бизнис договор тој ќе беше исклучително лош. Ако згора на тоа ги додадеме и националните чувства, достоинство и целиот тој сет на морални вредности, во тој случај, по некое мое скромно мислење, договорот е крајно погубен, неизбалансиран, ризичен, без никакви гаранции...едноставно кажано се работи за трагично лош договор.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Туку дали ќе станеме членки на ЕУ и НАТО, во целата таа калкулација има еден куп променливи а Грција е само една од нив. Значи тоа и не зависи исклучиво од Грција.
Генијално. А другата страна на приказната која упорно ја игнорираш вели дека без овој договор НИКОГАШ нема да станеме членки на НАТО и ЕУ.
 
Член од
23 октомври 2007
Мислења
1.034
Поени од реакции
1.022
Генијално. А другата страна на приказната која упорно ја игнорираш вели дека без овој договор НИКОГАШ нема да станеме членки на НАТО и ЕУ.
А што викаш, дај г’зот под рента,па можеби и ќе биде подобро?

Генијално!
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Така е тоа. Кога немаш факти удри на лични навреди. Незнам за какво форумско гуру се сметаш, ама да имаше елементарни правила овде на форумот, ти ќе беше само посетител.
На каков начин ми се обрати, на истиот доби по муцка. Следниот пат ќе бидеш покултурен. Во извесна смисла направив добро дело, после оваа наша мала комуникација ќе бидеш подобар човек. Може и благодарам да ми кажеш.
 
Член од
23 октомври 2007
Мислења
1.034
Поени од реакции
1.022
На каков начин ми се обрати, на истиот доби по муцка. Следниот пат ќе бидеш покултурен. Во извесна смисла направив добро дело, после оваа наша мала комуникација ќе бидеш подобар човек. Може и благодарам да ми кажеш.
Не направи ништо, туку ја дефокусира темата, вртејќи ја на лична навреда, при немање релевантни факти да вратиш.
А интересно е што ликови што се екстра јазикати и јаки по форуми, обично се обратно пропорционално наметливи и силни во вистинскиот живот. Само терај...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Не направи ништо, туку ја дефокусира темата, вртејќи ја на лична навреда, при немање релевантни факти да вратиш.
А интересно е што ликови што се екстра јазикати и јаки по форуми, обично се обратно пропорционално наметливи и силни во вистинскиот живот. Само терај...
Мене ме фасцинира дека успеа да напишеш обратно пропорционално без да направиш грешка. Не мислев дека си способен за тоа.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.589
Генијално. А другата страна на приказната која упорно ја игнорираш вели дека без овој договор НИКОГАШ нема да станеме членки на НАТО и ЕУ.
Точно. Со овој договор добиваме едно големо МОЖЕБИ некогаш ќе станеме членки на ЕУ. Добар дил нема што. Добра трансформација од "никогаш" во "можеби" што би значело и на културен начин кажано: никогаш нема да станете членки на ЕУ. Може да има и такво значење, поентата е што договорот не дава одговор на ова прашање, нели? Не менува нешто многу, туку е проследено со уште еден куп АКО сврзници, уредно спаковани со тоа победничко "можеби".
Ако го направите уште "тоа и тоа" можеби ќе станете членка на Еу, некогаш.
Колку победнички звучи, нели?
 
Член од
23 октомври 2007
Мислења
1.034
Поени од реакции
1.022
Мене ме фасцинира дека успеа да напишеш обратно пропорционално без да направиш грешка. Не мислев дека си способен за тоа.
Само така. Продолжи со лични навреди. Изгледа само за тоа си специјалист. Само не си ти крив, таква ти е дијагнозата, криви се модераторите/админите што те толерираат. Попаметниот попушта, идеш на игнор.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Попаметниот попушта, идеш на игнор.
Те молам немој. :([DOUBLEPOST=1530991206][/DOUBLEPOST]
Точно. Со овој договор добиваме едно големо МОЖЕБИ некогаш ќе станеме членки на ЕУ. Добар дил нема што. Добра трансформација од "никогаш" во "можеби" што би значело и на културен начин кажано: никогаш нема да станете членки на ЕУ. Може да има и такво значење, поентата е што договорот не дава одговор на ова прашање, нели? Не менува нешто многу, туку е проследено со уште еден куп АКО сврзници, уредно спаковани со тоа победничко "можеби".
Ако го направите уште "тоа и тоа" можеби ќе станете членка на Еу, некогаш.
Колку победнички звучи, нели?
Со овој договор добивме извесно членство во НАТО и можеби членство во ЕУ. Без договорот имавме НИКОГАШ членство во НАТО и НИКОГАШ членство во ЕУ. Што овде не ти е јасно, навистина не разбирам.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.589
Те молам немој. :([DOUBLEPOST=1530991206][/DOUBLEPOST]

Со овој договор добивме извесно членство во НАТО и можеби членство во ЕУ. Без договорот имавме НИКОГАШ членство во НАТО и НИКОГАШ членство во ЕУ. Што овде не ти е јасно, навистина не разбирам.
Веројатно фактот дека тоа "можеби" не ми влева никаква надеж дека некогаш во догледна иднина би станале членки на ЕУ, не ми звучи доволно уверливо затоа што може да има и двојно значење.
Јас ако потпишувам таков договор би барал конкретни гаранции, не се задоволувам со едно можеби и тапкање по рамо во наредните десет години.

Ова НИКОГАШ ми е далеку поконкретно, барем знаеш на што си. Нема влез во ЕУ и во НАТО и си бараш друго чаре. Со "можеби" некако тешко се живее, јас барем не го сметам за одговор, туку за дистракција од истиот, пролонгирање на нашето статус кво.

Заев рече оти сигурно добиваме преговори, значи човекот беше сигурен па дојде на едно "можеби" ќе добиеме. Игра на зборови, мене не ми се допаѓаат тие неопределени времиња.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Јас ако потпишувам таков договор би барал конкретни гаранции, не се задоволувам со едно можеби и тапкање по рамо во наредните десет години.

Ова НИКОГАШ ми е далеку поконкретно, барем знаеш на што си. Нема влез во ЕУ и во НАТО и си бараш друго чаре. Со "можеби" некако тешко се живее, јас барем не го сметам за одговор, туку за дистракција од истиот, пролонгирање на нашето статус кво.
Какви конкретн гаранции би барал? Па добивме конкретни гаранции дека Грција нема да ги блокира нашите напори да станеме членка на ЕУ и НАТО. Тоа беше целта на договорот.
И кое друго чаре би го барал?
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.589
Какви конкретн гаранции би барал? Па добивме конкретни гаранции дека Грција нема да ги блокира нашите напори да станеме членка на ЕУ и НАТО. Тоа беше целта на договорот.
И кое друго чаре би го барал?
Добивме конкретни гаранции дека Грција нема да го блокира нашето членство во ЕУ и НАТО само доколку договорот се исполни во целост. Е сега што претставува за нив тоа во целост мене не ми е баш нај јасно, ниту пак е јасно утврдено во договорот. Ако на пример на таблата на некое основно школо во некоја недојдија каде што учат три деца пишува се уште "Република Македонија" дали на Грција договорот и дава за право да го блокира нашето членство во овие две институции?

Еве уште не стапил договорот на сила па на некој таму му се испуштило лапсус лингва рекол: Армија на Република Македонија и веднаш рекација, плескање по муцка, армијата била северна.

Е тоа чарето друго и за мене е проблем. Но ако нешто уште повеќе ме иритира е што потпишувањето на ваквиот штетен договор се правда со нашиот евентуален колапс, тотална еклипса ќе сме доживееле ако не сме влезеле во ЕУ и НАТО. За мене тоа е манипулација, ништо повеќе.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom