Не е само достоинството во прашање. Еве да го изземеме тоа и на договорот да гледаме чисто од аспект на бизнис договор. Јас давам нешто во залог и тоа е регулирано и утврдено преку договор а другата страна дава ветување дека можеби ќе го исполни договореното под еден куп услови наметнати преку договорот кон мене. И не е само тоа, Грција ветува дека ќе даде нешто што не е ни нејзино како прво. Туку дали ќе станеме членки на ЕУ и НАТО, во целата таа калкулација има еден куп променливи а Грција е само една од нив. Значи тоа и не зависи исклучиво од Грција. Јас ти ја давам робата а ти ми велиш брат ми ќе ти плати некогаш, кога ќе има, ако има.
Значи пред да дадеме нешто треба да се искалкулира колкав е соодносот помеѓу загубата и добивката, процентот на добивка, ризичноста на влогот...
Од оваа дистанца гледано ако договорот со Грција беше бизнис договор тој ќе беше исклучително лош. Ако згора на тоа ги додадеме и националните чувства, достоинство и целиот тој сет на морални вредности, во тој случај, по некое мое скромно мислење, договорот е крајно погубен, неизбалансиран, ризичен, без никакви гаранции...едноставно кажано се работи за трагично лош договор.