Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.222
Поени од реакции
30.438
Не треси глупости, срамота е. Се работи за класичен политички маркетинг, и тоа солиден. На тој начин се купуваат симпатии. Не дека е нешто многу важно, но еве со ваква реклама се стига на насловна страна на политички магазини. На Македонија во овој момент и преку потребна помош и внимание.

А дури и кога би испратиле гајби после евентулана покана, и тоа би бил супер маркетиншки потег. Министерството за надворешни е далеку најуспешното министерство на оваа влада на Македонија.
Se razocarav od tebe. Ti kralot na kritikite na humorot ne go smetas potegov za cringeworthy...
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.027

:pos::pos::pos:[DOUBLEPOST=1530012017][/DOUBLEPOST]
Se razocarav od tebe. Ti kralot na kritikite na humorot ne go smetas potegov za cringeworthy...
Не е и он тоа шо беше ја изгуби "доминацијата" на форумот после доаѓањето на животот во Македонија.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Немате појма, цела работа е дека земјоделците се жалеа дека ефтина им била откупната цена, сега со овој потег побарувачката ќе порасне и ќе отиде цел патлиџан за извоз.

Не е потегот ништо страшен или срамен, симпатичен твит, најмал проблем за нас како држава моментално, башка што вистина ни се најубави патлиџаните.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
:pos::pos::pos:[DOUBLEPOST=1530012017][/DOUBLEPOST]
Не е и он тоа шо беше ја изгуби "доминацијата" на форумот после доаѓањето на животот во Македонија.
Исто и овие фори со дојде животот се веќе бајати, смисли други некои ако можеш секако. Види нешто, племе, шииптари, дечиња итн...
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.797
Поени од реакции
49.812
Сите фори на Димитров се добри, го држи тој истенчен Big Bang Theory тип на хумор што го гаѓа сензибилитетот на неговата фан база, воглавном составена од покондурени гревови.
Како и да е секогаш држел квалитетни заебанции.. ја како најдобра би ја одвоил онаа кога рече дека уставот нема да се пипа, ама и другите ми се свиѓаат.
 
Последно уредено:
Член од
16 април 2014
Мислења
7.315
Поени од реакции
11.682
Исто и овие фори со дојде животот се веќе бајати, смисли други некои ако можеш секако. Види нешто, племе, шииптари, дечиња итн...
Не знам како ти се седи по цел ден на форумов,излези и живеј го животот.Што им правиш на 500евра во северна мкд? Сигурно сите ти остануваат како што скапуваш на темава да ги одбраниш твоите работодавци.
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Ова е твое субјективно мислење и е океј. Еве јас на пример не разбирам што има симпатично во ова. Од моја дистанца изгледа смешно, дури и граничи со моменти на патетика и очај. Она што за мене е во фокус е договорот, содржината во него, она за што шест месеци овие двајцава градинари преговараа, овој доматаров и корнишонот. Мене тоа не ми е симпатично нити шармантно, посебно кога ќе ми текне дека пред само недела дена единствена пречка на патот кон ЕУ ни беше велено дека е Грција.

Зошто оваа шармантна дипломатија не беше способна да ги прочита сигналите внатре во ЕУ и да дојде до заклучок дека владее скепса кај поедини членки кон проширувањето, предимно Франција и Холандија? Нели патот беше чист со договорот? Зошто овие работи порано не беа земени во предвид, кога имаше време да се превенираат порано а не сега да чекаме на гајбите со домати на Димитров и да се тешиме колку генијални потези се тоа.
Пред се е мое лично, дали е субјективно или не, не знам и ако веќе е колку, тоа е различна дискусија. Пред се јас сум против договрот со јунанситан, конкретно овој а поддржувам компромис. Значи не капитулација туку компромис.

Сега повторно во фокусот, а тоа е конкретно гестот. Значи уште еден куп други работи да нафрлиш околу дотичниот твит, не може да го компензира немањето аргументи за така тешки квалификации. Прифаќам еве дека од твоја дистанца е смешно, дури и се граничи со патетика и очај, можеш да објасниш конкретно зошто?

Освен кај нас шо се наметна еден таков наратив од центарот за лажги со опашки, виде некоја друга слична саркастична реакција?

Нема потреба од ставање целофан составен од други неуспеси да продадеш мислење, правиме муабет за конкретен гест кој наиде на широки симпатии воглавно во меѓународната јавност.

Неуспесите, ветувањата и слично немаат директна врска со квалификациите изнесени за конкретниот гест, пак да повторам.

Никој не рече дека потегот е генијален, ама пак е далеку од патетичен, чист доказ ти се реакциите на кои наиде.

На крај краева ако имавме ние таква дипломатија и генерално државен апарат кој се бави со сериозни анализи и планирање повеќе од сигурно дека немаше да водиме ваква дискусија.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.027
Исто и овие фори со дојде животот се веќе бајати, смисли други некои ако можеш секако. Види нешто, племе, шииптари, дечиња итн...
Ок ќе ми дадеш ли некој контакт од Самс да го прашам колку пари ќе ми даде за протестирање?
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Ок ќе ми дадеш ли некој контакт од Самс да го прашам колку пари ќе ми даде за протестирање?
Не ти требаат пари ти си вистински патриот, протестирај од љубов кон државата. Штета што си зафатен па не можеш, мора на форум да седиш.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.027
Не ти требаат пари ти си вистински патриот, протестирај од љубов кон државата. Штета што си зафатен па не можеш, мора на форум да седиш.
Јас на форумов седам само во слободно време што во последно време и го немам зошто за разлика од тебе имам работа која не можам да ја работам од дома.А за едно одење во Скопје треба да дадам три дневнци крваво заработени пари што не би ги жалел.Мојот патриотизам ќе го покажам со бојкотирање на гласањето а ти продолжи да пушиш во штаб за 300 евра.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Пред се е мое лично, дали е субјективно или не, не знам и ако веќе е колку, тоа е различна дискусија. Пред се јас сум против договрот со јунанситан, конкретно овој а поддржувам компромис. Значи не капитулација туку компромис.

Сега повторно во фокусот, а тоа е конкретно гестот. Значи уште еден куп други работи да нафрлиш околу дотичниот твит, не може да го компензира немањето аргументи за така тешки квалификации. Прифаќам еве дека од твоја дистанца е смешно, дури и се граничи со патетика и очај, можеш да објасниш конкретно зошто?

Освен кај нас шо се наметна еден таков наратив од центарот за лажги со опашки, виде некоја друга слична саркастична реакција?

Нема потреба од ставање целофан составен од други неуспеси да продадеш мислење, правиме муабет за конкретен гест кој наиде на широки симпатии воглавно во меѓународната јавност.

Неуспесите, ветувањата и слично немаат директна врска со квалификациите изнесени за конкретниот гест, пак да повторам.

Никој не рече дека потегот е генијален, ама пак е далеку од патетичен, чист доказ ти се реакциите на кои наиде.

На крај краева ако имавме ние таква дипломатија и генерално државен апарат кој се бави со сериозни анализи и планирање повеќе од сигурно дека немаше да водиме ваква дискусија.
За првиот дел сме на иста линија, и јас сум за компромис но не по секоја цена.

А што има толку тешко во моите квалификации према твитер објавата на Димитров? И за какви аргументи зборуваш? Прво е смешно да се води аргументирана расправа за олку банална работа. Навлегувате толку длабоко во толкувањата на една толку нерелевантна работа, во обидот да протолкувате која му била намерата на Димитров со доматите и како таа ќе се одрази врз дипломатскиот свет. Чисто се сомневам дека додека Димитров ја пишувал твитер објавата во позадина му се криеле толку длабоки мисли.

Ако целта била симпатии и хумор, да го има по порталите тогаш ете му успеала.

Некој ќе си помисли дека се служам со лош сарказам, но не е до мене. Работава е толку банална за дискусија што навистина звучи како лош сарказам, иако пишувам со крајно сериозни намери, не ме сфаќај погрешно.

На крајот поставив и неколку според мене суштински прашања, но изгледа доматите се поинтересни за дебатирање.
Ќе го видиме во наредните денови ефектот од домат дипломатијата. За јавноста и медиумите можеби ова е и симпатично, на крајот битно е што ќе речат Макрон и неговата дипломатија. Како што рекле: во дипломатијата нема простор за љубов и симпатии во нејзе има само интерес.

На крај, ми се допаѓаат постовите што ги пишуваш, не знам дали воопшто ме читаш или и тебе ти си предолги работите кои што ги пишувам. Би те замолил без твитер аналогии, партиски муабети и.т.н. Ништо од ова што го пишувам не се базира врз такви работи, ова се комплетно мои лични ставови и за нив превземам целосна одговорност.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Јас на форумов седам само во слободно време што во последно време и го немам зошто за разлика од тебе имам работа која не можам да ја работам од дома.А за едно одење во Скопје треба да дадам три дневнци крваво заработени пари што не би ги жалел.Мојот патриотизам ќе го покажам со бојкотирање на гласањето а ти продолжи да пушиш во штаб за 300 евра.
Така, ти по тоа што имам две мислења во темава последниот месец сфати дека јас имам премногу слободно време. Уствари мене па кур ме боли ти што мислиш, оди бојкотирај многу ќе смениш. Само немој после да се разочараш, бидејќи судбината на твојата држава е одамна напишана и не се менува.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Ја не ги разбирам и овие од ЕУ, инвестираат во Заев, во договорот со грција, сакаат да спречат руско пробивање тука а ако го направат овој потег со недавање преговори пред референдум отиде цела агенда у амбис. Јасно е дека Макрон цели на помала унија и од сегашнава но кохезивана и под негова команда, за разлика од германската доктрина.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.292
Поени од реакции
26.178

Нема цела ЕУ инвестирано во Заев. Има таму спротивставени интереси. Само другите се плашат да реагираат, Макрон се охрабри.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Ја не ги разбирам и овие од ЕУ, инвестираат во Заев, во договорот со грција, сакаат да спречат руско пробивање тука а ако го направат овој потег со недавање преговори пред референдум отиде цела агенда у амбис. Јасно е дека Макрон цели на помала унија и од сегашнава но кохезивана и под негова команда, за разлика од германската доктрина.
ЕУ е распашана команда секој си влече на своја страна. 27 земји, 27 интереси. Наводно нешто имало врска со Европските избори во Франција во 2019та. Очигледно од ЕУ нема фајде...изгледа на нашиве „генијални“ политичари треба да им смислат план Б кога сами неможат ништо да смислат. Дури и со план А пак нема ништо значајно на економски план да се смени. Целата фрка со ЕУ е губење време и пари.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom