Ова е твое субјективно мислење и е океј. Еве јас на пример не разбирам што има симпатично во ова. Од моја дистанца изгледа смешно, дури и граничи со моменти на патетика и очај. Она што за мене е во фокус е договорот, содржината во него, она за што шест месеци овие двајцава градинари преговараа, овој доматаров и корнишонот. Мене тоа не ми е симпатично нити шармантно, посебно кога ќе ми текне дека пред само недела дена единствена пречка на патот кон ЕУ ни беше велено дека е Грција.
Зошто оваа шармантна дипломатија не беше способна да ги прочита сигналите внатре во ЕУ и да дојде до заклучок дека владее скепса кај поедини членки кон проширувањето, предимно Франција и Холандија? Нели патот беше чист со договорот? Зошто овие работи порано не беа земени во предвид, кога имаше време да се превенираат порано а не сега да чекаме на гајбите со домати на Димитров и да се тешиме колку генијални потези се тоа.
Пред се е мое лично, дали е субјективно или не, не знам и ако веќе е колку, тоа е различна дискусија. Пред се јас сум против договрот со јунанситан, конкретно овој а поддржувам компромис. Значи не капитулација туку компромис.
Сега повторно во фокусот, а тоа е конкретно гестот. Значи уште еден куп други работи да нафрлиш околу дотичниот твит, не може да го компензира немањето аргументи за така тешки квалификации. Прифаќам еве дека од твоја дистанца е смешно, дури и се граничи со патетика и очај, можеш да објасниш конкретно зошто?
Освен кај нас шо се наметна еден таков наратив од центарот за лажги со опашки, виде некоја друга слична саркастична реакција?
Нема потреба од ставање целофан составен од други неуспеси да продадеш мислење, правиме муабет за конкретен гест кој наиде на широки симпатии воглавно во меѓународната јавност.
Неуспесите, ветувањата и слично немаат директна врска со квалификациите изнесени за конкретниот гест, пак да повторам.
Никој не рече дека потегот е генијален, ама пак е далеку од патетичен, чист доказ ти се реакциите на кои наиде.
На крај краева ако имавме ние таква дипломатија и генерално државен апарат кој се бави со сериозни анализи и планирање повеќе од сигурно дека немаше да водиме ваква дискусија.