Епа тоа велам и јас де. Ние да бевме барем приближно до ниво на Словенија тогаш и ќе држеа вода аргументите контра ЕУ. Па и на Словенија, ако и е толку лошо во ЕУ нека организира референдум по теркот на УК и нека излезе. Истото важи и за сите останати централно и источно европски земји членки кои што до вчера беа под "железната завеса". И ако во таквите држави расте евроскептицизмот, подгреан од домашните политичари, на никој од нив не му стиска да излезе од Унијата. И зошто би излегле? Кога на сите состаноци на земјите членки на ЕУ таквите држави, т.е нивните политички репрезенти скокаат околу Меркел окезени од уво до уво, се лигават за повеќе пари.
Ние да бевме малку постабилна држава, со подобри политички капацитети, реформски ориентирани ама во права смисла на зборот (не само декларативно, пред избори) тогаш би рекол да се обидеме да бараме некој друг, самостоен пат, без ЕУ и НАТО. Ама кај нас пола држава е сочинета од клептомани, со секој изборен циклус завршуваме една криза па до наредниот влегуваме во нова... Јас искрено сум кренал раце од опоравање на државава во наредните минимум десет години. Тоа е релативно лесно да се предвиди кога ќе се сумира политичкиот избор кој што ни стои на маса.