Баш не се дискутира што МК добива а што губи, освен роаминг и пасоши со кој ќе бегаат сите во ЕУ незнам што ќе се промени. Инаку тоа бегање со пасоши во ЕУ дури и сега да се продаде името ќе биде за 20 години а, што ќе значи за МК одлив на 20% од население е друг муабет. Немам видено есап колку БДП ќе се зголеми со членство во ЕУ проста математика УСД по глава на жител. Само со чул мантра „за ЕУ нема Алтернатива“, „за ЕУ нема Алтернатива“,„за ЕУ нема Алтернатива“,„за ЕУ нема Алтернатива“,„за ЕУ нема Алтернатива“...што и да значи тоа ваљда не мислат на партијата на Циле

Никаде нема цена на реформи никаде нема цена на регулатива и што значи тоа. ЕУ ти е мачка во вреќа а тиква по глава.
А колку што имам видено економски раст на Бугарија и Романија е ист во ЕУ и надвор од него.
Инаку за платите ЕУ да не ќе ги зголеми со некој декрет и субвенција

...
Или сума сумарум Колку евра е ЕУ по глава на жител? Просто прашање на кое нема одговор и по 30 години мољакање за влез. Ни знае Заев што продава а ни што купува... ЕУ за име трампа.
Пред да настане некое недоразбирање посовреме да се оградам, оти не сум за членство во ЕУ под сегашните услови кои се на маса. Мислам на евентуалниот договор кој би се потпишал за промена на име и се останато, а инаку сум про ЕУ настроен.
И што мислите, што би се случило во иднина ако се замрзнат процесите за пристап во ЕУ, слично на ситуацијата што Турција ја има по ова прашање?
Ние имавме скоро 30 години самите нешто да направиме, имавме можеби најдобра стартна позиција во 90те од сите држави во регионот, и што се случи?
Зошто некој би мислел дека и во наредините 30 години би се подобрило нешто ако не сме членки на ЕУ?
Процесот на иселување и натаму ќе продолжи со несмален интензитет. Разликата е во тоа што процесот би се одвивал нешто поспоро, но на долг рок сигурно нема да запре. Трендот на стареење на населението ќе си продолжи. Внатрешните проблеми од меѓуетничка природа ќе продолжат да тлеат.
Еве има Бугари на форумов па нека кажат, кога им беше подобро, додека беа надвор од ЕУ или сега.
Тоа што и тие како нас имаат нефункционални и корумпирани влади си е внатрешен проблем. Зошто и ние би биле такви, зошто Бугарија и Романија ги земате постојано како репер за неуспех додека грото членки кои што беа примени периодот 2004 година се препородија од тогаш и ден денес бележат успеси како членки на ЕУ на секаков план.
Јас разбирам, ЕУ е далеку од совршена творевина ама пак која алтернатива би ја имала држава од едвај 2 милиона жители, со над 30% малцинства од секакви ентички заедници, во топ 10 најсиромашни држави во Европа, со хронична невработеност која веќе скоро 30 години никако да мрдне испод 20%
Еве кажете, ако постои некоја подобра алтернатива да слушнеме.
Нас под овие околности, и да не беше спорот со Грција не треба да не примат затоа што никакви критериуми за членство не исполнуваме. Тоа е објективно гледање на работите.