Она што е симптоматично е пасивноста на опозицијата по најбитните прашања кои што ја засегаат државава. Се однесуваат како маалски партиски штаб, практично не постојат. Ги нема во јавност со изјави по прашањето за името, и тие што се јавуваат некако неволно го користат најсилното оружје на Грујо додека беше на власт, "името не го даваме".
И додека во тоа време секое споменување за компромис по ова прашање беше дочекувано на нож, се лепеа етикети на предавници и патриоти, се лустрираа луѓе ко од шала...Денес, најгласните самопрогласени патриоти од тоа време ги нема никаде.
Се чини дека владее некаков премолчан договор измеѓу Сдсм и Вмро, по ваквите битни прашања Вмро да стои настрана. Централата во Дпмне се однесува како локално партиско седиште кое се занимава со маргинални општински работи. Повремено излегуваат некакви партиски анонимуси да кажат оти градоначалникот на Делчево не ја асфалтирал главната улица во градот, а ветил...и се такви некои релативно небитни изјави, колку да се одржува впечаток во јавноста дека Вмро како партија сеуште постои.
На новинарски прашања по однос на теми од типот на преговорите за името, економија, надворешни односи, реформи...најомилен одговор во последно време им е: - Не располагаме со доволно информации за да коментираме на овие теми...ко предходно, додека беа на власт немањето доволно информации ги спречуваше да пласираат секакви небулози во јавноста, користејќи ги партиските гласила под своја контрола. Мајстори беа за тоа на времето, каде исчезна целиот тој партиски пи-ар да ми е да знам.
Па дури и информации како денешната, за именувањето на командант на УЧК за советник за безбедност во владата, секоја опозициона партија би го дочекала на волеј. Или си ја имаат мувата на капата па ќутат. Нели, Таљат едно време беше министер за одбрана во нивната влада.
Нејсе, ваква анемична опозиција долго време сме немале. Веројатно од дебаклите на Сдсм уште додека на чело на партијата беше Шекеринска.
Вмро моментално се партија која што е пикната в шише, приклештени в ќош.
Најверојатно, до сега имаат одамна постигнато партиски договор со странска медијација во некоја амбасада. Бомбите никој не ги спомнува повеќе. Единствено Катица бара продолжување на мандатот...што да не? Врши фиктивна функција и за тоа е платена колку што тежи, буквално мрсно и дебело.