Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
S

silmarillion

Гостин
Ти кaжaв сaмo декa не се рaбoти зa кoмплекси.Кoгa ке зaстaнете Oрце нa семaфoр дo мене сo Мaјбaхoт,немaм кoмплекс зaштo негo му се укaжaлa приликa a мене не.И јaс нa негoвo местo дa сум бил мoже и пoвеќе ке сум ствoрел
Не не не, мешаш работи. Неможеш тој што купил мајбах од криминал да го ставаш у исто кош тој што чесно го заработил. Или еве купил Q7. Неможе секој еден што е поуспешен од друг да е ропак ко што вика волк. Тој што е криминалец е криминалец, не е бизнисмен. Дај да разграничиме еднаш. Да се снајдеш незначи да го оштетиш буџетот на РМ за миљарди евра. Тоа е криминал и се лежи затвор во нормална држава. Дигнете рачна со ставање во ист кош на криминалци и успешни чесни бизниси. А пробај во ист кош да ги ставиш тие што почнале од нула и успеале, со тие што истите шанси ги имале а денес се “ранливи”.
 
B

Bafra

Гостин
Таа трансформација има континуитет. Не е баш вака наивно како што го раскажуваш. Има случаи кога луѓе доаѓале до револуционерни откритија што им го покренале бизнисот, ама однос племенит кон работникот - ретко, многу ретко. Америка силно се бори против комунизмот и редовно ја воспева можноста за подигнување на поединецот во својот систем - меѓутоа вистината е далеку од тоа. И уште покомплицирано е да играш во услови кога некој се етаблирал векови пред тебе. За Трамп на пример се збори многу гласно дека има затајувано данок и никогаш јавно не се објавени податоците за даноците на неговите фирми. Многу го идеализираш системот со уграден фелер. Тоа што кај нас е на ова примитивно ниво е уште полоша околност. И кажи ми што се оние од Билдерберг ако не се ОЛИГАРСИ?
Точно има континуитет, а кој го наруши тој континуитет на Балканот и Истокот :P ... Балканот имал доста фабрики основани од лични пари, како завршија тие фабрики и на кое ниво се сега, а на кое би биле доколку останале приватна сопственост !!
Сите позначајни иновации и благодети за општеството, произлегле од приватниот сектор. Во 99% од случевите кога има револуционерни откритија се од луѓе кои НЕ се вработени во државна фирма или администрација. И кога ќе се откријат некои важни работи пак е администрацијата таа која одредува дали ќе се применат, дали ќе се обелоденат итн итн. Сите иноватори поради која причина иделе на запад :sneaky:

Америка се бори против комунизмот, но затоа длабоко се навлезени во социјализам и ќе си го кркаат.
Јас не идеализирам систем, јас укажувам каде е главниот проблем. Сендвичара да отворам, знаеш ли колку регулации е потребно да исполнам, колку административни органи треба да поминам за да почнам да работам ! Се тоа е време и пари а за која цел.... труења има пак, народот ќе си одлучи дал ќе јаде кај мене или во 7ца.

Се фокусирате само на "богатите" и го игнорирате фактот дека Владата продолжува да се ШИРИ и ТРОШИ богатството. Богатството на најбогатите луѓе во никој случај НЕ Е производ од ПЛАТА, туку е создадено на хартиено вреднување на нивните инвестиции. Тоа НЕ СЕ вистински "пари" во таа смисла. Тоа е исто како твојот дом во еден момент да има вредност од 100.000 еур , а по месец дена 50.000 еур.

Како Владата станува се поголема, толку помал е економски раст. Повисоки даноци придонесуваат за намалување на економскиот раст. На обичниот граѓанин околу 50% + од приходите му се одземаат преку данок на доход, данок на имот, такси,ДДВ и други разни давачки. Сите овие средства се ТРОШАТ да се ОДРЖИ ВЛАСТА; а не да се подигне животниот стандард на просечен човек.
Јас прашав кажете државна програма која имала успех... субвенции зголемени а земјоделско производство намалено, субвенции за бог ти зна што, а квалитет никаков. Социјални програми се повеќе, а се посиромашни велат дека се, за 3то дете, а се помал наталитет, поефтини лекови а ги нема, итн итн

Проблемот не е дека "богатите" прават пари од инвестиции; туку дека на останатиот дел од општеството му е ускратено правото да инвестира и со помалку пари а и ебаните РЕГУЛАЦИИ (n) . Земете им ги сите пари на "богатите", и на крајот ќе завршиме со комунизмот, кој нема да го подобри нашиот живот во најмала рака.

Се додека сметаме дека “капиталистите” се лошите, (несомнено има и такви меѓу нив) а тие што се во влада ги сметаме дека се морални, некорумпирани и со чесни намери неможе да има продуктивен развој.

Има случаи кога луѓе доаѓале до револуционерни откритија што им го покренале бизнисот, ама однос племенит кон работникот - ретко, многу ретко
Лавот ја јаде срната, нема ништо племенито во тоа, но сепак е ПРИРОДЕН закон.
Бизнисмен им плаќаше ц.ц. 6-7.000 денари на вработените и тоа со каснење по 2-3 месеци. Друг бизнисмен но од иста дејност им понуди на тие вработени 8.000, плус исплата од 1-5ти во месецот, малку подалеку (20км) од нивните домови, ама обезбеден превоз.
70% од вработените си заминаа кај новиот а овој претходниот оти веќе нема народ, неможеше да најде нови вработени па затвори фирмата, а не дека неможеше да им понуди 8.500 и навремено плаќање. Ете видиш како функционира, треба време да се освестат ама јбг 70 години потрошивме на социјализам.[DOUBLEPOST=1522845631][/DOUBLEPOST]
Не не не, мешаш работи. Неможеш тој што купил мајбах од криминал да го ставаш у исто кош тој што чесно го заработил. Или еве купил Q7. Неможе секој еден што е поуспешен од друг да е ропак ко што вика волк. Тој што е криминалец е криминалец, не е бизнисмен. Дај да разграничиме еднаш. Да се снајдеш незначи да го оштетиш буџетот на РМ за миљарди евра. Тоа е криминал и се лежи затвор во нормална држава. Дигнете рачна со ставање во ист кош на криминалци и успешни чесни бизниси. А пробај во ист кош да ги ставиш тие што почнале од нула и успеале, со тие што истите шанси ги имале а денес се “ранливи”.
Со право се револтирани од криминалци ама НИКАКО да ги обвинат Судиите, УЈП, МВР и ЈО. Никако некој од нив да одговара. Ни Трифун ни Орце немало да бидат тоа што се сега, да не се претходно наброените корумпирани и главни.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Точно има континуитет, а кој го наруши тој континуитет на Балканот и Истокот :P ... Балканот имал доста фабрики основани од лични пари, како завршија тие фабрики и на кое ниво се сега, а на кое би биле доколку останале приватна сопственост !!
Сите позначајни иновации и благодети за општеството, произлегле од приватниот сектор. .
не знам дали си ги читал податоците за Вардарска Македонија пред 1945та кога постоел тој приваттен сектор, за писменоста, здравството, станбениот фонд итн итн. Не се баш за фалење.Погледни и сега наназад 25-30 години како оди во РМ со писменоста, здравството...
Се фокусирате само на "богатите" и го игнорирате фактот дека Владата продолжува да се ШИРИ и ТРОШИ богатството. Богатството на најбогатите луѓе во никој случај НЕ Е производ од ПЛАТА, .
Инвестираат. Сега се нарекувани бизнисмени политички аналитичари или "експерти". Пред 15-20 години беа криминалци, пред 30 години тие или нивните родители беа нарекувани директори на општествени претпријатија.
http://fokus.mk/makedonski-oligarsi-1-branko-gi-rodi-grujo-gi-prerodi/
И ред други, илјадници
туку е создадено на хартиено вреднување на нивните инвестиции
не знам во што тоа инвестирале овие луѓе подолу за од некои сумњиви фондови и фондации да добиваат по 2-3000 евра месечно.
https://sitel.com.mk/zhurnal-frchkoski-i-geroski-obvinuvaat-za-diktatura-zarabotuvat-milioni

http://www.alfa.mk/News.aspx?id=117438#.WsTKFZexWUl
Проблемот не е дека "богатите" прават пари од инвестиции; .
во што и како некои "инвестираат", во регуларна држава за такви "инвестиции" лесно се добива кривична.
 
Последно уредено:
B

Bafra

Гостин
не знам дали си ги читал податоците за Вардарска Македонија пред 1945та кога постоел тој приваттен сектор, за писменоста, здравството, станбениот фонд итн итн. Не се баш за фалење.Погледни и сега наназад 25-30 години како оди во РМ со писменоста, здравството...
Инвестираат. Сега се нарекувани бизнисмени политички аналитичари или "експерти". Пред 15-20 години беа криминалци, пред 30 години тие или нивните родители беа нарекувани директори на општествени претпријатија.
http://fokus.mk/makedonski-oligarsi-1-branko-gi-rodi-grujo-gi-prerodi/
И ред други, илјадници

не знам во што тоа инвестирале овие луѓе подолу за од некои сумњиви фондови и фондации да добиваат по 2-3000 евра месечно.
https://sitel.com.mk/zhurnal-frchkoski-i-geroski-obvinuvaat-za-diktatura-zarabotuvat-milioni

http://www.alfa.mk/News.aspx?id=117438#.WsTKFZexWUl
во што и како некои "инвестираат", во регуларна држава за такви "инвестиции" лесно се добива кривична.
Не знам што ти беше поентата со Вардарска пред 45 ... но имало фабрики/работилници, имало приватни инвестииции, доколку се оставеле тие приватници да просперираат што ќе било сега. Да си ги оставел вистинските сопственици на Алкалоид и Европа можеби ќе беа на слично ниво ко Баер,Ла Роше или Краш. Да си продолжел со коноп и афион место да форсираш жито немаше да има потреба од субвенции туку напротив тие ќе донираа и инвестираа итн итн.
Што да ти кажам, многу писмен народ сме, доктори врвни, а резултати 0.
Кој ли е крив :toe:

Аман бе до толку ли не разбирате разлика од Олигарси и Капиталисти или некој инает тераш ... :cautious: овие што си ги набројал се Олигарси , Минчо не баш, по нешто се разликува, не дека е цвеќе, ама парите ТУКА ги инвестира, за разлика од многумина.

Ајде да споредиме Минчо Макстил со Скопски Легури и Митал :
Макстил е купен од ДУФЕРКО, светски позната фирма, Минчо им помогнал со Русите нешто и дадена му е слобода да инвестира. Одлучува да го купи Макстил, барал и делот што го има Митал ама не му дозволиле.
Вработува ц.ц. 700 луѓе (да не збориме колку плус соработуваат) 90% му е извоз.
Ниски плати давале, но со тек на време како нема понуда почнуваат да се зголемуваат.
Значи работи, плата земаат, создава нова вредност.

Скопски Легури купен е од Украинци - НЕ работи, се што имаше залиха е распродадено а веќе почнато е да се сечат и печките.
Митал - еден дел работи, другиот седи за туршија, сакаа да го сечат, ама кога дознаа дека ако го исечат Минчо ќе инвестира во ист таков стопираа, ама пак не го работат.
Истиот Митал во Франција мислам беше, вика ќе ја затворам фабрикава, мал профит плус конкуренција сам на себе си правам (многу железари има). Владата му вика НЕ НЕ НЕ, неможе да не ја работиш и чуваш, ако не ти се работи тебе, понуди ја на продажба и чао. Нормално продолжи да си ја работи фабриката.
Каде е тука државата да регулира !!!! Да каже СТОП, не работиш ајде гитла .

Дали ако Алкалоид беше во приватна сопственост од почетокот ќе дозволеше да има превработени во администрација кај него ... вмроовци еден купен се вработени по партиска наредба. Мукаетов не е чист, нема визија, си добил фабрика со дејност за која нема зима па ќе троши пари за паразити, место за развој.

Ја сфати поентата нели ;)
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.788
Поени од реакции
5.063

Алкалоид работи со швајцарска прецизност и организација. Ако работи така државна администрација...Алкалоид и Мукаетов не се споредува со Заев и Шалтерски службеници. Повеќе верувам во профит на Алкалоид од државни обврзици, поверојатно е РМ да банкротира од АЛК.А вторите им плаќаат данок на првите :Кезец:
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Парите се релативна работа и тој што ги има вели дека му се малце и му фалат уште, а тој што ги нема ич или малку па секако дека и тоа како му се потребни ... што сакам да кажам треба да се направи разлика што е тоа сиромаштија, што е тоа некоја средина(средна класа) и што е тоа висока елитна класа, но и во овие основни три класни поделби постојат еден куп нијанси ... не може да се направи остра граница помеѓу сите овие нивоа !
Тој што зема 200 евра плата е побогат од тој што зема 100 евра плата да но дали реално гледано тој што зема 200 евра плата е богат човек или исто така е сиромав човек и покрај тоа што е побогат од оној кој зема само 100 евра, или на пр. тој што зема 500 евра плата секако е финансиски помоќен од оној кој зема 200 или 300 евра плата но зарем ќе кажеме дека тој со 500те евра плата е богаташ, па ајде да одиме и нешто погоре оној што зема 1000 евра плата е помоќен од оној што зема 500 евра плата но дали и за тој со 1000 евра плата ќе кажеме дека е некој богаташ и елита ... не би рекол !
Јанко вози кола од 10-15 илјади евра, а комшијата му Трпе сеуште вози фиќо од пред пола век купено, Јанко е финансиски помоќен од Трпе и си овозможил да си купи ново странско возило и да не се туфка веќе со стари фиќовци, југовци и стокецовци, но дали тоа го прави него богаташ и елита ... не би рекол !
Што е тоа луксуз ... имањето на телевизор, компјутер и мобилен зарем е луксуз, зарем да имаш автомобил е луксуз, да за некои е луксуз секако, сиромаштија тешка од секогаш постоела, постои и ќе постои, но дали денеска во 21 век овие работи се навистина луксуз или се основна животна потреба !
Олигарси, што се тоа олигарси, колку тежат т.е. колку треба да тежи некој за да го викаат олигарх, пола милион евра, еден милион евра, 5 милиони, 10, 20, 50, 100 милиони, пола милијарда, милијарда и.т.н. секако дека и помеѓу оние кои ги нарекуваме успешни и моќни бизнисмени и олигарси постојат разлики помеѓу самите нив како што Монт Блан е многу повисок од наш Кораб, но пак има и голем број на врвови на планетава многу повисоки и од Монт Блан...
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.996
@Bafra , ти треба гума за спасување. Се изгуби човече.
JP Morgan продавал печени костени на плоштад и така го стекнал богатството :confused: ....за исто срање збориш човече. Читај малку да видиш какви паники праеле со фејк њуз и како имаат прибирано милијарди од овца народ. Дека „не приватизирале нешто државно“ не праи голема разлика - брцале во туѓ џеб пак.
Оди заглави со кредит во таа „земја од бајките“ што ја зборуваш - директ на улица си и принципиелно и физички. Разликата тебе ти ја праи тоа што американските тајкуни не ги познаваш како ликови, освен неколку.
Не знам што забегавте до овде со темава...штом овие луѓе ви учествуваат во власт - не очекувајте да си се самоданочат. Ако Анѓушев има пола од повеќе од увезената струја преку негова фирма - тој беше последниот човек што смеевме да дозволиме да биде дел од владата - барем формално. Ама ретко кој реагираше...жими Левица што пишуваа на фејсбук, а вморониве тоаш не знаеа што се дешава, пошо беше и нивни чоек едно време, па чекаа да им кажат од штаб дали е „у реду“.
 
Знаеш како прават пари МК банки, со голем спред на каматни стапки меѓу депозити и обврзици и кредити...ветер и магла продаваат. Држава им дозволува ниски камати на депозитит и им забранува на граѓани слободно да праваат што сакаат со парите. НБРМ стимулира кредитен раст со ниски камати а од друга страна им дозволува на банки да имаат 0% камата на депозитит...а граѓани ако сакаат да заштедат немаат избор. Со децении државата не чува како мајмуни во финансиски резерват...сега и зголемува даноци.
 
B

Bafra

Гостин
@Bafra , ти треба гума за спасување. Се изгуби човече.
JP Morgan продавал печени костени на плоштад и така го стекнал богатството :confused: ....за исто срање збориш човече. Читај малку да видиш какви паники праеле со фејк њуз и како имаат прибирано милијарди од овца народ. Дека „не приватизирале нешто државно“ не праи голема разлика - брцале во туѓ џеб пак.
Оди заглави со кредит во таа „земја од бајките“ што ја зборуваш - директ на улица си и принципиелно и физички. Разликата тебе ти ја праи тоа што американските тајкуни не ги познаваш како ликови, освен неколку.
Не знам што забегавте до овде со темава...штом овие луѓе ви учествуваат во власт - не очекувајте да си се самоданочат. Ако Анѓушев има пола од повеќе од увезената струја преку негова фирма - тој беше последниот човек што смеевме да дозволиме да биде дел од владата - барем формално. Ама ретко кој реагираше...жими Левица што пишуваа на фејсбук, а вморониве тоаш не знаеа што се дешава, пошо беше и нивни чоек едно време, па чекаа да им кажат од штаб дали е „у реду“.
Не верувам дека си глуп, ама до толку да мешаш баби и жаби значи тераш инает.
За која цел го спомна Морган сега во муабетов и конотацијата со кредитот....
Стварно не разбирам зашто луѓето уште пред 100 години иделе за САД, а и сеуште идат...глупи, мрзливи кој да ти знае :D

Анѓушев не беше во влада па пак правел милиони. Тој е виновен или твоите омилени регулатори ??

Самооданочување ќе направат, не е тоа проблем Анѓушев од плата не живее, не е ни проблем што информатичари и приватници ќе плаќаат плус 8% данок туку ЗАШТО.
За да може да заокружиме администрација на 200.000, за да градиме 3 архив, за да имаме уште 100 нови комисии итн итн.

Терај ти социјализам и комунизам, последиците познати ни се, кој ги заборавил за брзо време ќе ги осетиме.

Алкалоид работи со швајцарска прецизност и организација. Ако работи така државна администрација...Алкалоид и Мукаетов не се споредува со Заев и Шалтерски службеници. Повеќе верувам во профит на Алкалоид од државни обврзици, поверојатно е РМ да банкротира од АЛК.А вторите им плаќаат данок на првите :Кезец:
Алкалоид имаше можности да биде х3 од сега и да дава дивиденда 10еур, да имаше визија Мукаетов и да не трошеа пари за партиски вработувања и за неговата лична фирма за набавки и маркетинг. Среќа е во бизнис каде нема зима.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.205
Не не не, мешаш работи. Неможеш тој што купил мајбах од криминал да го ставаш у исто кош тој што чесно го заработил. Или еве купил Q7. Неможе секој еден што е поуспешен од друг да е ропак ко што вика волк. Тој што е криминалец е криминалец, не е бизнисмен. Дај да разграничиме еднаш. Да се снајдеш незначи да го оштетиш буџетот на РМ за миљарди евра. Тоа е криминал и се лежи затвор во нормална држава. Дигнете рачна со ставање во ист кош на криминалци и успешни чесни бизниси. А пробај во ист кош да ги ставиш тие што почнале од нула и успеале, со тие што истите шанси ги имале а денес се “ранливи”.
Излеa не се рaзбирaме јaс и ти.Другaр,јaс oвде не збoрaм зa некoи си Едo и Адo штo прoдaвaле мoбилни у Киселa вoдa и зaбaрoтиле 30к гoдинaвa пa купиле пoлoвнa Q7 зa 15к.Јaс ти збoрев зa луге штo тежaт 20 милјoни вo еврa и нaгoре.Кaм мaркет штo тежи 100.000.000€ у мoментoв пoштенo ги спечaли пaрите? Зегин пoштенo?
П.С. Дa не јa прaиме цигaнскaтa тукa
:lut: :):)
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.788
Поени од реакции
5.063
Не верувам дека си глуп, ама до толку да мешаш баби и жаби значи тераш инает.
За која цел го спомна Морган сега во муабетов и конотацијата со кредитот....
Стварно не разбирам зашто луѓето уште пред 100 години иделе за САД, а и сеуште идат...глупи, мрзливи кој да ти знае :D

Анѓушев не беше во влада па пак правел милиони. Тој е виновен или твоите омилени регулатори ??

Самооданочување ќе направат, не е тоа проблем Анѓушев од плата не живее, не е ни проблем што информатичари и приватници ќе плаќаат плус 8% данок туку ЗАШТО.
За да може да заокружиме администрација на 200.000, за да градиме 3 архив, за да имаме уште 100 нови комисии итн итн.

Терај ти социјализам и комунизам, последиците познати ни се, кој ги заборавил за брзо време ќе ги осетиме.

Алкалоид имаше можности да биде х3 од сега и да дава дивиденда 10еур, да имаше визија Мукаетов и да не трошеа пари за партиски вработувања и за неговата лична фирма за набавки и маркетинг. Среќа е во бизнис каде нема зима.
Според мене од 100-150 фирми на МСЕ АЛК е топ 5 како фирма (акцијата е друг муабет) Така да Мукаетов како менаџер е еден од најдобрите во МК...барем по извештаите што ги дава АЛК. Спореди ја со Реплек или Јака од ист сектор има разлика.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Не знам што ти беше поентата со Вардарска пред 45 ...
па ги спомна приватниците. Приватници во прав смисол (освен Шабан, Дестан, Амо, такви ситни бизниси) во Македонија се пред коминтерната. Јас не гледам напредок во Македонија сега со приватни бизниси и пред 45та во однос на периодот 50та-80та. Во ниеден сегмент.
Што да ти кажам, многу писмен народ сме, доктори врвни, а резултати 0.
писменост по меѓународни стандарди и дефиниција е "лице кое завршило повеќе од 3 одделенија основно училиште, како и лице без школска подготовка и со 1-3 одделенија основно училиште ако може да прочита и да напише состав (текст) во врска со секојдневниот живот , односно да прочита и да напише писмо, без оглед на кој јазик и писмо умее да чита, т.е. пишува."
Лица кои ниту ова го исполнувале, во Вардарска Македонија биле околу 68%. За споредба, 2002 имаме 96.4% писмено население. И за споредба, САД во 2015 имало 14% неписмени, 21% од возрасните знаат да читаат само на ниво на 5то одделение, а 19% од средношколците не знаеле да читаат. А капитализам е, приватници, најјаките компании...така да, да оставиме тоа дека приватниов сектор бил ок. Македонија од 1990та оди надолу. Погледни ја само Гинекологија, со душеци од ратот.
Ајде да споредиме Минчо Макстил со Скопски Легури и Митал :
Макстил е купен од ДУФЕРКО, светски позната фирма, Минчо им помогнал со Русите нешто и дадена му е слобода да инвестира. Одлучува да го купи Макстил, барал и делот што го има Митал ама не му дозволиле.
немој поарно со приватизацииве, тешки криминали се. Заедно со банките и судиите, нормално.
Дали ако Алкалоид беше во приватна сопственост од почетокот ќе дозволеше да има превработени во администрација кај него ...
Алкалоид отсекогаш си работеше профитабилно. Фабрика за лекови, опијати, треФки не може да не е профитабилна освен ако некој не сака да е профитабилна. Ама Орка Спорт...
Значи генерално велиш подобро е со приватниов сектор ама Македонија пука по сите шавови, според сите податоци. Ти наведуваш власти и администрација како извор на злото. Не знам кој шурува и тезгари со властите, кој лобира и потплатува граѓани и медиуми овие 20-25 години.
Освен оние за сопствена сметка или кои сами почнале бизнис, оние од Ај-ти или преведувачи...кои работат као фриленсери, дуќанџии, ситни занаетчии и слични кои се гледа како започнале и од каде им се средствата, другиве не се бизнисмени како што сакаш да ги прикажеш.
 
Последно уредено:

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.184
Поени од реакции
3.431
Според мене од 100-150 фирми на МСЕ АЛК е топ 5 како фирма (акцијата е друг муабет) Така да Мукаетов како менаџер е еден од најдобрите во МК...барем по извештаите што ги дава АЛК. Спореди ја со Реплек или Јака од ист сектор има разлика.
Споредуваш Алкалоид со Реплек и Јака Радовиш,
тоа ти е како да споредуваш БМВ со Застава,
спореди го со Плива, Крка ќе видеш дека помалку вреди.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.788
Поени од реакции
5.063
Споредуваш Алкалоид со Реплек и Јака Радовиш,
тоа ти е како да споредуваш БМВ со Застава,
спореди го со Плива, Крка ќе видеш дека помалку вреди.
Богов и Заев не ми даваат...може само Реплек и можеби Јака. Плива и Крка појма немам забрането е со нив да се тргува.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom