Друже Заев, каков е тој соживот во кој албанскиот народ слави а македонското мнозинство се чуствува понижено и обезвредено во својата држава? ДАЛИ ТИЕ СЕ ПОВАЖНИ ОД НАС
March 18, 2018
715
Сподели на Facebook
чуруликам на Твитер
Друже Заев зарем 11 години не бевме омаложувани , уценувани и што уште не!
Зарем не се надеваме на подобар живот ,подобро здравство , подобар стандард, работа за младите, за живот во Македонија нели ?
Каков е тој соживот кога и да имаме двајца Албанци и еден Македонец , Македонецот секогаш се чувствува неположен како туѓинец во сопствената земја .Или тоа што не го знаеме албанскиот јазик треба да биде проблем за нас Македонците.
Појдете во било која институција во државата ќе видите дека Албанците се за соживот само кога се единствени помеѓу Македонците,меѓутоа во друг случај нас Македонците не не регистираат а сонот за Голема Албанија и албанската кауза живее.
Како е тој соживот во кој Албанскиот народ слави , а М акедонското мнозинство се чуствува понижено и обезвредено во својата држава?
Зарем Бучковски не направи исто?
Зарем сакате уште 10 година опозиција на СДСМ после 3 години власт.?
Македонски народ не заборава а ваков закон кој одговара само на Албанците и кој добија се што посакааа ,верувајте дека најмногу ги разочаравте обичните членовите на Сдсм кои премногу веруваа во вас а на крајот се случи фикусот да ги брани националните интереси.
Во живот се имам сретнато со вас друже Заев повеќе од 10 тина пати,и секогаш бев убеден дека вие сте светла точка во Сдсм , човек кој што да ја врати нашата ни држава колку толку на прав пат и ќе бидете нешто поразлично од фамилијата која ја опустоши државата , Ама изгледа во нашава држава вие Друже Заев го форсирате само албанското малцинство да има повеќе права и од мнозинството македонски народ.
Друже Заев ке издвоите 106 милиона денари за имплементација за закон со кој Албанскиот јазик дефакто станува втор јазик во многу сфери на општеството.
Колку Тамари и новороденчиња ке се спасеа со тие пари ?
Зошто друже Заев не направите попис па да се преброиме колку сме?
Зошто секогаш има најмалце излезеност во Западна Македонија.?Добро знаеме дека Албанците се во странство и можност и да се под 20% е голема.
Зошто друже Заев пишува над 20 % од малцинството што го зборува во Законот за јазици ,па нели Албанците беа над 25,30, 33 %.
Зарем не ве боли тоа што го предадовте нашиот народ ,нашите деца, нашата крв?
Зарем мислите дека Албанците ќе застанаат тука, ова е почеток на нивната борба за федерализација на државата и Двојазичност во сите сфери во државата.
Друже Заев вие им дадовте прст на Албанците ама тие додека целата рака не ја земат нема да престанат.
Премногу наивно ,детинствено и предавнички и не си земајте за право Македонски народ гласаше за СДСМ ,за промени но не и за двојазичност во државата.
Ако законов остане ист и почне да функционира каков ваков, верувај дека тој ќе биде погребатор на вашата политичка кариера а и веројатно на СДСМ како партија.
Работава дека законов ќе се донесе заради влез во Европа недржи , законов е заради останување на Власт !
Врати се Зоки Заев ни требаш на Македонскиот народ и нација повеќе од секогаш.
Разочаран член на СДСМ.
Богами.......[DOUBLEPOST=1521415071][/DOUBLEPOST]
До сега би требало да има кај секоја институција албанец, барем вие викате дека секаде не има, еве со овој закон ќе им се најде работа.
Кај ги нема административецот македонец ќе го научи албанскиот јазик, знам дека е омаловажувачки.
Еве јас без пари ќе ви помогнам околу тоа, ако има некој административец кој сака да научи збор два, тука сум.
Еден ден ќе загубите подршка од некого кој ви треба бајаги......јас уште сега ве жалам за тоа што ќе ви се се случи. Али јбг ќе го изедете стапот за сите пари, како викаше џафери "кој со ѓаоло тикви сади ѓаоло му очи вади"