Ќе видиме дали е штетата 155 милиони и ако не, како дошле до таа фамозна бројка. Башка тоа што само површински не известуваат нас, со цел да не и наштетат на истрагата. И понудата мора да биде евидентирана. Не секогаш има врска цената, треба да се задоволат и останатите критериуми, како рокот, квалитетот на материјалот и не знам што уште не, како составни елементи на огласот, па потоа комисија или надлежното министерство да одлучи кој ќе ја врши дадената задача. Тоа е процедура.
И мене ме чуди што нема покренато обвиненија против дел од раководството на ДУИ, каде слушнавме за злоупотреба на службени простории, против ДПА кои исто така бурно реагираа на бомбите, па ни против СДСМ кои не се така чисти како што се прават, иако по секоја логика на нештата своите разговори не ги предале или предале евентуално дел каде има приватни разговори се со цел тие да испаднат жртви.
Сега веќе има неколку илјади сведоци за случаите на СЈО, од кои сводоци имаше и за тоа дека разговорите потекнуваат од нашата тајна служба. Мене не ми е проблем тоа што некој бил прислушкуван, проблем ми е тоа што и за оние што постојат црвсти докази дека сториле кривично дело, а притоа можат да влијаат на сведоците и доказите, а сите тие беа и на високи државни позиции одреден временски период, не се во притвор или пресудите им се крајно смешни (само условна казна!). Секој обичен смртник да стореше 1% од тоа, ќе јадеше максимална казна затвор и ќе беше деградиран. Тоа што крупните риби можат да пливаат слободно, и да се гостат со ситните, е вина на нашето политизирано судство кое за 180С си ги смени одлуките по падот на режимот на Груевски. Зборуваме за истите судии.
Дали сметаш дека после сево ова Никола е невин? Или само се обидуваш да вагаш со цел неговата вина да не изгледа така голема и сето ова ние да го заборавиме. Ние ја изгубивме ликвидноста. Економскиот раст е 0%, квалитетот на населението опаѓа, луѓето бегаат кон подобро организираните општества, а нас не хранат со евтин национализам. Јас знам каде може да лежи нашиот евентуален напредок, ама кога сите играчи на масата сакаат само да крадат, треба да дојде некој кој ќе ја модернизира нашата демократија и нашиот политички систем. Истата нека почне со праќање на цела генерација политичари, кои претходно сториле кривично дело секако, на доживотна робја, па следните кои ќе дојдат малку да се замислат. Богатењето без оснос на штета на народот кои со 200-300 евра живее, носи едни исти партали со децении и верува во тие идеали, за потоа ти да го понижиш и да бараш 20 гласа за работа, или да го уцениш со слика на гласачко ливче за 50 евра е крајно засрамувачки. Ете Села доби неколку и успеаа да го ресетираат. Човекот започна да размислува како каур, па уште и законот не им го гласаше. Шо мислиш, дали истиов лек ќе ги опамети и другите? Не е битна бојата на дрес, зборувам како еден лоповски колектив.