Ти си глобалист и ги сакаш сите ама јас сум канцер по шо сум албанец?
Лоша перцепција имаш не сум албанец,нема да најдеш ни еден коментар во кој оцрнувам нешто македонско албанско или било кој друг етникум освен ако не е врзано со криминал,неправда и сл од тој тип.
Различните ставови за нештата слободна мисла и слободата на изразување не значи предрасуда дека некој мора да биде окарактеризиран како припадник на одредена етничка група или како канцер на општеството.Тој начин на размислување е многу плиток и тажен.
Нормално е дека не можеш да сватиш некои луге ако имаш предрасуди и затворен ум со кој лесно доаѓаш до заклучоци кој шо е и каков е.
За законот за употреба на јазици се знаеше уште од договарањето на коалицијата дека тој закон ке биде изгласан,таков беше договорот зашто сега толку емоции?
Груевски трубеше по митинзи и куртонските телевизии дека ако не добијат 61 пратеник ке мора да се донесе законот за употреба на јазици поради инсистирањето на дуи,народот треба да е буквално кретен за да сега биде изненаден дека тој закон е изгласан бидејки тоа му беше кажано.
Што очекуваше народот дека ке се случи?
дпмне направи катастрофални грешки требаше на второто читање пред првото гласање да се поднесат амандманите за да влезат во процедура со која нешто би можеле да изменат но не,они глумеа наљутено дете и мислеа дека некој ке ги тинтри и ке им попушти,не идат тие работи така.
Жално е што Груевски знае дека на сила ништо нема да постигне но тој пак исценира 'патриотизам' за простата раја која го подржува,така не се брани унитарност држава и јазик.со Бајрам Амди политика бранеа и бранат национална стратегија бруки и страмови.
Држава јазик и унитарност се брани со национална стратегија а не со буткање ко некои кафански пијандури.
Размисли си ти уште еднаш кој тоа треба да се освести.
Прво не ги извртувај работите, никаде не реков дека си бил канцер пошо си бил албанец. Тоа лесно може да ми се заклучи од постот. Инаку не сум ниту политички определен ниту некогаш ќе бидам, од проста причина што ми се гади од неписмени сељаци што цел живот само крадат, крадат и само крадат од народот и ти продаваат муда за бубрези. Исти се сите, носат само различни имиња на партиите. А знаеш зошто таквите како тебе се канцер во општеството? Постираш слики, демек ако знаеш два јазици си побогат, друг човек си незнам ти што. На кого му продаваш магла, а? Секој нормален се согласува дека е добро да се знаат многу јазици, но тоа нема никаква врска со воведување на втор службен јазик различен од македонскиот. Секој со барем малку мозок одма знае дека тоа не носи ама баш никакво добро во државата туку уште поголема поделба од таа што веќе е голема. Како може, да живееш и да јадеш леб од една држава, а во исто време да работиш против неа? Па тука ти се сите другари, спомени, цело детство ти е тука. Отвори било каде на фејсбук, и те молам најди ми еден коментар на албанец што вели мрш терористи од влада, не треба да има такви луѓе што се бореле против својата држава во собрание. Ама не, вие ги величите луѓето што во 2001
масакрираа македонски специјалци. И што треба повеќе од ова да се збори? Наместо вие да се оградите од такви гадотии, да сакате некаков просперитет на државава, не, вие сакате и тука да бидите газди, не рамоноправни(пошто веќе сте, како и сите други народи што живеат тука освен ромите, пошто се газени насекаде), туку исклучиво газди. Како што рече Асани, нема тргање на орелот, се знае тука кој е газда. Зошто еден албанец не стана да каже дека орелот треба да се тргне, не е добар за соживотот во земјата? Дека не е законски поставен итн итн? НИТУ ЕДЕН нема таков. Каде сте да кажете, избркајте ги тие 1600 стоки што седат дома и не земаат плата и ја коштаат државата 1 факинг милион евра месечно. Кај го има тоа? Додека собираме за болни деца од било која националност со донации, месечно се фрла милион евра во вода. Ова е само еден пример од многуте, не е само овој. Јас немам проблем против никого, и тоа е стварно така. Ама имам проблем кога некој дома ми се прави другар и пријател, а од зад грб двојазичност, слави терористи од редот на Талат и остала багра. Дома пријател, а во позадина ми го копа гробот. Во кој нормален свет го има тоа?