Офф кога ќе прочитам коментари како тоа од дијаспората имале поголемо достоинство, биле поголеми Македонци од нас кои всушност живееме во Македонија, како тоа тие повеќе ја сакале државата...Па излегле на протест за да го зачуваат идентитетот! Кој црн идентитет! Мислиш на Петко и Трајко кои 25+ години се меткаат во транзиција, немаат пари за леб, работат и празник и делник, одмор не виделе со години, чекаат ред за на лекар по 3-4 месеци, и кога ќе стигнат на ред пола од апаратурата не работи, мислите на вакви луѓе им е дојдено до идентитетот, името или јазикот?
Па дијаспората имала поголемо достоинство од нас. Нормално дека ќе има. Животот овде сам по себе не е достоинствен.
Ама треба да дојде, да засука ракави овде, да го спотне газот за 200 мочани евра, да плати и сметки, и кредит, и да му остане за јадење. Па бујрум, нека излезе да протестира за името. Пола од овие што протестирале вчера за името ќе се натопорат летово Охрид, со тие капите свртени наопаку, со тетоважите со Вергина,ќе се налокаат една недела по сите локални дискотеки, и ќе продолжат две недели на Миконос или Санторини. Ама не брат, не чинат Грците.
Најголемо зло, отров.