Околу дијаспорава...значи со зурли тапани или како и да сакаш искочи на протест слободно. Ок е да протестира дијаспората за промена на името, се тоа држи. АМА, да искочи некоја со транспарент НЕ во ЕУ не во НАТО и ЕУ ФАШИСТИ, а се накрмила 15 години у некоја скандинавска земја или Белгија Холандија или Австралија, Америка, Канада (кои или се во ЕУ или се НАТО или се ДВЕТЕ без исклучок) епа тогаш ќе ти се наебем мајке па задње да ми е. Така да прајте малце разлика за што се критикува дијаспората конкретно у случајов. И да не се праиме будали, да ги величиме тука дека се незнам какви патриоти кога ако утре се донесе закон дека само едно државјанство смеат да имаат, 0 (нула) од нив ќе се откажат од посилното државјанство во корист на македонското.
Дијаспора се сите оние што се отселиле во време на СФРЈ, во време на транзицијата, во време на војната, во време на Грујо и што ден денешен се отселуваат. Ниту еден од нив, ниту еден, 0 (нула), не најде причина да организира протест за сиромаштијата во државата. Или сиромаштијата е внатрешен проблем кој треба ние да го решаваме, а името е надворешен проблем што и нив ги тангира. Ја мајката, многу паметни бе. Што не искочи од вас патриотски порив да застанете на плоштадите во градовите каде што се собирате да се побуните за немањето правна држава? Или не иде Јонче Христовски на таков протест? Или на Пацето неможеш да и објасниш за што треба да искочи на протест, тешко е? Затоа сте биле, сте и ќе бидете ирелевантни. А за тоа парите што ги праќала дијаспорава и сме требале сите да бидеме благодарни, па ако не ги пратат ќе им поцркаат роднините ко паразите што останаа да живеат. Не дека другите некој аир видовме, напротив.