И пак се вртиме во круг...
15.10.2017 23:00
Зајко ја прогласува историската победа на локалните и прогласува крај на Груевизмот. Отаде Вардар наголемо се рокат калаши во чест на падот на режимот, а овдека на форумот куртоноидите ликуваат и се ситат на обвиненија за терористички акти со тргачење коса! Главна порака од медиумите пренесена од победничката ноќ беше:
И тогаш, од нигде никаде, како гром од ведро небо се појави првата ударна тупаница на ДУИ,
Бекир Асани... Се деси молскавично трезнење на куртоноидите од шарениот сон!
Еве еден корисен предлог до граѓанската влада и општество! Од бакарот од спомениците кои ќе бидат стопени, да се исклеса еден споменик на Беќo со пајак во рака и да се постави на празниот постамент каде што беше Ќосето, ем пред суд (кој симболизира правда) ем симболично одспротива од местото на злосторството!
Ако неможат да го изведат со пајак во рака, нека го земат и ова предлог решение со токмак во рака. Така ќе упатат силна порака до Тврдокорните и Миленко и ќе ги плашат како тие што ги плашеа со Ќосето, дека кој со токмак си игра и од токмак гине!
ПС. Друг пат наместо за Алија ќе ја порача „Неможе нам нико ништа!“ во чест на едната од многуте лаги во низа за „Крај на локалните шерифи“