Сите анализи, правни, лингвистички, лаички, партиски паламудења, "креативни" космополитски и патриотски изблици, околу законот за јазиците, во суштина се сведуваат на тоа дека македонците ќе загубат дел од својата колективна привилегија, а за сметка на тоа албанците ќе ги зголемат своите колективни привилегии во Македонија.
Инаку, тоа што мојот мајчин јазик е единствен официјален/службен јазик на целата територија на Р.М, е една од малкуте привилегии(можеби и единствената), што јас како Македонец ги имам во Р.М. Дел од таа привилегија загубивме со рамковниот договор, а сега, како што го гледам законов, ќе загубиме уште еден голем дел, па ќе остане уште малку за да ја загубиме цела.