Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.870
Не разбирам зошто мене ме цитираш. Јас не сум член на СДСМ, не сум нити симаптизер. Сметам дека СДСМ му има нанесено зло на Македонија и за државата би било најдобро да не постојат како партија.
Чисто од позиција на граѓанин на МКД, евентуално битолчанец.
По ваква логика, критиките против ДПМНЕ веројатно не си ги пишувал од позиција на нивен партиски симпатизер, член или функционер?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.134
Поени од реакции
83.766
a замисли што се може да се направи за бездомниците со 35.000 денари плата од некој владин советник кој зима плата за пишување на кајгана и на твитер.
И ја би му дал толку пари за да ви покаже кај ви е местото за предавничките газови.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
А што мислиш, јас ги навредувам? Не! Ама тие се цареви на форумов и никој не смее да им полемизира. Некои не ни дискутираат, само навредуваат. Веројатно имаат такви инструкции.
Се знaеме се среќaвaме зaтoa му укaжaв
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Чисто од позиција на граѓанин на МКД, евентуално битолчанец.
По ваква логика, критиките против ДПМНЕ веројатно не си ги пишувал од позиција на нивен партиски симпатизер, член или функционер?
Па да, јас сум член на ДПМНЕ, само што критиките спрема Гвујо и фамилијата се напишани од позиција на здрав разум. Секој нормален би очекувал една влада фатена во криминал да даде оставка и нејзините членови да се пријават за кривичен прогон.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Секој закон треба да има знаменце на ЕУ и да не се дискутира повеќе од 3 дена.
Сега е слобода и демократија, Македонија оди кон ЕУ и НАТО ..
Гледам... формална слобода за дискусија. Најдобро би било да се укине Собранието, секако никој не го ферма. Слобода и демократија, а за глупости се става ЕУ знаме. Бурлески.
Лет.. веќе ти кажав дека Македонија тешко да оди кон ЕУ и НАТО. Некоја друга држава да.. ама Македонија НЕ.

А како ти поборник на КА-ПЕ-ЈУ, поддржувач на движењето на „несврстаните“ го промени мислењето и после 30-40 години од „несврстан“ стана прозападен (про-САД). Сакаш да кажеш дека си утнал 3-4 децении? И толку голем мразач на Русија, а нели сме Словени, братски народи. Од најомразеното нешто (бугарско), сега се преориентира на браќа по крв, по историја, по се...
Ептен камелеонски, ќе признаеш. Ај да си бил дете, па не си знаел, ама ти на стари години да ставиш крст на убедувањата и да го прифатиш „трулиот“ капитализам... Хмммм...
 
V

viktora

Гостин
Па да, јас сум член на ДПМНЕ, само што критиките спрема Гвујо и фамилијата се напишани од позиција на здрав разум. Секој нормален би очекувал една влада фатена во криминал да даде оставка и нејзините членови да се пријават за кривичен прогон.
Ако имаше здрав разум ќе бараше кривична одговорност и од СДС.А вака само не ставаш во заблуда дека имаш здрав разум.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Гледаш ли бе Ѓорѓи шо правеа овие твоите? секое директорче, секој началник, секој помошник на заменик министер, со службена картица полна со народни пари одеше по шопинг, пазарваше за низ дома, си плаќаше гориво, патарини, ајфони за децата, секси веш за љубовниците......
Верувај, немам ниту еден од блиските и подалечните роднини на никаква функција. Ни сега, ни порано.
А вакви работи има, имало и ќе има. Уште на времето луѓето си носеа тоалет хартија од работа... дома. Во крвта ни е да користиме. Некој тоалет, некој... вила.
 
V

viktora

Гостин
И ја би му дал толку пари за да ви покаже кај ви е местото за предавничките газови.
Еве ги предавниците.Само тројца се етнички македонци.
ЕВЕ КОЈ ГЛАСАШЕ ЗА ДВОЈАЗИЧНА МАКЕДОНИЈА
Хари Локвенец (СДСМ Прилеп) ЗА
Соња Мираковска (НСДП) ЗА
Бетиан Китев (СДСМ Кавадарци) ЗА
Сашо Поцков (СДСМ Гевгелија) ЗА
Ферид Мухиќ (СДСМ Скопје) ЗА
Сашко Костов (СДСМ Кочани) ЗА
Африм Гаши (БЕСА) ЗА
Весел Мемеди (Алијанса) ЗА
Реџо Исмаили (ДУИ)
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.726
Поени од реакции
21.304
И ја би му дал толку пари за да ви покаже кај ви е местото за предавничките газови.
За сдс збориме така, пошто единствени предавници во македонија се оние кои не се чуствуваат како македонци иако се тука родени израснати и живеат. од 91 навака сдс незнам како успеа да гласа за независност иако беа против тој предлог, го шитнаа знамето името државата и се што беше државен имот направија 2-3 атентата на претседатели на државата, дадоа гага државјанства на косовари во негативен пролог на државата и така натака. Така да и милијарди евра не ги покриваат гомнариите што ги направија они на овој народ и држава.
Ќе дојде денот кога едните ќе лежат во затвор за криминал но друите на кол на плоштад за предавство. Едните ќе бидат живи за да раскажуваат другите ќе бидат раскажувани пошто нема да бидат меѓу живите.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.134
Поени од реакции
83.766
Еве ги предавниците.Само тројца се етнички македонци.
ЕВЕ КОЈ ГЛАСАШЕ ЗА ДВОЈАЗИЧНА МАКЕДОНИЈА
Хари Локвенец (СДСМ Прилеп) ЗА
Соња Мираковска (НСДП) ЗА
Бетиан Китев (СДСМ Кавадарци) ЗА
Сашо Поцков (СДСМ Гевгелија) ЗА
Ферид Мухиќ (СДСМ Скопје) ЗА
Сашко Костов (СДСМ Кочани) ЗА
Африм Гаши (БЕСА) ЗА
Весел Мемеди (Алијанса) ЗА
Реџо Исмаили (ДУИ)
Кога најголемите патриоти гласаа за амнестија на воени злосторници, све друго е пичкин дим.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.294
Поени од реакции
8.735
Алексовска купувала јајца од јапонска потполошка и млеко за тело на државна сметка, тврди Јовановска

Машки чорапи, влажни марамчиња, козметика, аутан, спрејови, млеко за тело, смоки, цигари, мешан кашкавал и јајца од јапонска потполошка, напитоци од соја, гумени бонбони, свежа риба лосос и лаврак, сувомесни производи, овошје, фстаци и други јаткасти производи, се дел од продуктите кои наводно ги купувала
Слободанка Алексовска, поранешната раководителка на Центарот за вработување на Скопје при Агенцијата за вработување, информираше на денешната прес-конференција директорката на Агенцијата, Билјана Јовановска.

Како што посочи Јовановска, Алексовска, во согласност со позитивните правни прописи е суспендирана од работното место раководител на Центар за вработување на Град Скопје, односно донесена е одлука за поведување на дисциплинска постапка која ќе продолжи по завршувањето на изборите. Во тек е комплетирање на документација неопходна за поднесување кривична пријава за сторени кривични дела од страна на Алексовска.
 
Член од
13 март 2009
Мислења
672
Поени од реакции
284
Државата до сега секој вработен ја кошташе по 15.000 евра.
или тоа се скоро 7 години на секој да му даваше по 200 евра да седат дома
Ако дадеме дека за привлекување на странски инвестиции, хонорари за разни советници, плаќања на преставници за инвестиции во многу земји, сели делегации кои шетаа по светот за привлекување на инвестиции..... сумата која ја даде државата за секое едно вработување е над 30.000 евра.
Па можеа да му поделат на 20.000 млкади по 30.000 евра да почнат со свои проекти за вработување, можеа ја зголемат социјалната помош, можеше државата да инвестира во земјоделие и енергетика кое ќе отвореше работни места
Вака им дадовме тие пари на странци да си прават тие ќар а да не плаќаат даноци и давачки.
Малку ти е грешна математиката затоа што поголем дел од парите завршија за градба и инфраструктура на индустриските зони а тие пари се фиксни и ако сакаш да пресметаш на месечно ниво тогаш поделиги со 50 години доколку толкав период би функционирале зоните.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Секој закон треба да има знаменце на ЕУ и да не се дискутира повеќе од 3 дена. Шо мислиш зошто ВМРО има направено двесетина пратенички групи? цела светска јавност и сите експерти видоа шо правеа на конститутивна седница или на седница за разрешување на зврлевски. Со сати бараа паузи, еден на друг реплицираа и така со месеци. И после “Владата ништо не прави“ а тие ја кочат работата во собранието.
Во нивно време беше поедноставно. ќе викнеа специјалци и војска, ќе исфрлеа опозиција новинари и граѓани од собрание и ќе си донесеа било каков закон.
Сега е слобода и демократија, Македонија оди кон ЕУ и НАТО и мора да се дадат резултати дека навистина стануваме демократска и слободна земја. Тоа не му одговара на сегашното ВМРО пошто народот секој ден гледа како бевме изолирани од светот, дека лага биле и странски инвестиции и вработувања и ниска задолженост се гледа трошење на стотици милиони евра на луксузи раскоши и за лични потреби. Нив им одговара Македонија да остане закочена и заглавена.
Дaли кoгa се дoнесени зaкoните некoј свеснo ги нaпрaвил дa се тoлкувaaт нa пoвеќе нaчини пa секoј си ги тoлкувa кaкo сaкa,или свеснo се прaвaт будaли едни сo други.Немa гoстувaње у некoјa емисијa или рaспрaвa у пaрлaмент едните дa не речaт црнo е a другите дa тврдaт декa е белo? Тoлку ли е леснo кoј кaкo сaкa будaлa дa не прaви?
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.870
Па да, јас сум член на ДПМНЕ, само што критиките спрема Гвујо и фамилијата се напишани од позиција на здрав разум. Секој нормален би очекувал една влада фатена во криминал да даде оставка и нејзините членови да се пријават за кривичен прогон.
Сосема прифатливо, впрочем и Душко млекарот настапува од иста позиција како твојата, само од страна на СДСМ во случајот, како нивни истакнат член и активист, бара одговорност и отчет од функционер од својата партија.

Е сега живо ме интересира какво мислење имаш од позиција на член на ДПМНЕ во поглед на актуелниот закон за употреба на јазици, закон за албанизација да речам?

Еве и едно твитче со четиво за истиот препорачано од Академик,




ШТО Е НОВО ВО НОВИОТ ПРЕДЛОГ-ЗАКОН ЗА ЈАЗИЦИТЕ?
[paste:font size="3"]Предлог-закон за употреба на јазиците. За да предлогот стане закон, текстот мора да се игласа во собраниска процедура. Засега, сѐ уште нема информации кога таа ќе го достави предлогот за расправа и гласање до Собранието. Владата новиот Предлог-закон го третира како дел од Националната програма за усвојување на правото на ЕУ 2017-2019, што значи дека го смета за неопходен за нашето европско интегрирање. Сите документи кои се однесуваат на пристапување на земјава во ЕУ и усогласување на нашето законодавство со европското, се означуваат со „знаменце на ЕУ“. Предлог-законите кои се обележани со знаменце се гласаат во забрзана постапка во Собранието на РМ која не може да трае повеќе од 10 дена. За неговото реализирање и имплементирање предвидено е дека ќе бидат потребни повеќе до 1,720,000 евра кои ќе се обезбедат од буџетот на РМ за 2018 година.

На овој Предлог-закон, му претходи „Законот за употреба на јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и во единиците на локалната самоуправа“, донесен во 2008 како последица од потпишувањето на Рамковниот договор и следствено, промената на Уставот во ноември, 2001. Во јавноста се јавија забуни за потребата од донесување на нов закон за истата материја. Многумина негодуваа и критикуваа дека се отвораат стари прашања, дека Рамковниот договор е веќе целосно имплементиран во однос на прашањата за јазикот на малцинствата и дека нема потреба да се „поправа тоа што не е скршено“. Глува за таквите критики, Владата на РМ упорно лобира за Предлог-законот, прикажувајќи го како нешто со што се исправаат „недоследности во примената и опфатот на постојаната правна регулатива“. Потребата за нов закон е нејасно и бегло оправдана во воведниот дел на Предлог-законот, каде без многу образложување пишува дека:

Во досегашната пракса и детектираните недоследности во примената и опфатот на постојната правна регулатива, констатирана е потреба од доуредување на правната материја со која се регулира употребата на јазиците, поради што Владата на Република Македонија, предлага нов Закон за употреба на јазиците.

Понатаму, во документот е наведена и основната цел на новиот закон, која е „доследно преточување на уставните амандмани во законски текстови во однос на употребата и примената на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо“, со што на индиректен начин се тврди дека Законот од 2008 недоследно ги преведува уставните амандмани кои исто така произлегуваат од Рамковниот договор. Според Владата, причината за новиот закон е „недоследноста“ на стариот.

За да нешто се нарече ново, мора да се пронајде во што се разликува од старото. Во следниот дел од текстот, ќе се обидам да го пронајдам „новото” во Предлог-законот во споредба со Законот од 2008.

[paste:font size="3"]професорите Симона Груевска-Маџоска и Александра Ѓуркова од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” сметаат дека македонскиот престанува да се третира како основен официјален/службен јазик во земјава и се сведува на еден од „јазиците во Република Македонија”.

[paste:font size="3"]го забележуваат и потврдуваат професорите Груевска-Маџоска и Ѓуркова од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Можеби лидерот на ДУИ Али Ахмети се надева да ја искористи токму оваа нејаснотија во правните акти и документи во македонската легислатива, повикувајќи албанскиот јазик да се користи и за меѓународна употреба во своето интервју за порталот post.mk во кое зборува за имплементацијата на Охридскиот договор.

[paste:font size="3"]Како што забележува професорката по Уставно право и политички систем Гордана Силјановска, стилот на кој се напишани ставовите се менува од доброволен во императивен. На пример, претходниот Закон од 2008 сосе измената од 2011 вели:

Пратеник, избран или именуван функционер од Собранието на Република Македонија, кој зборува јазик различен од македонскиот јазик, а кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија, МОЖЕ на седница на Собранието и на седница на работното тело да зборува на тој јазик.

Намерно го потенцирав зборот МОЖЕ за подобро да се воочи разликата со формулацијата во новиот Предлог-закон кој во став 2, член 4 вели:

(2) Пратеник, избран или именуван функционер кој зборува јазик различен од македонскиот јазик, а кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија, на седница на Собранието на Република Македонија и седници на работни тела зборува и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија.

Забележете дека зборот „може“ исчезнува од Предлог-законот менувајќи го суптилно, но драстично. Ваквата формулација не остава можност уживателот на правото сам да одлучи дали ќе зборува на јазик различен од македонскиот за време на седниците и му наложува да „зборува и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија“. И не застанува тука, во сите останати членови во Предлог-законот се користи императивен, задолжителен, наредувачки стил со кој не се остава можност за избор некој по своја волја да одлучи дали ќе ги користи правата дадени со овој закон или пак не.

Стенограмите од седниците, сите закони и други акти што ги донесува Собранието според новиот Предлог-закон стануваат повеќејазични, т. е. ќе се издаваат и чуваат на македонски и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на РМ.

Со новиот закон претседавачот (претседателот на Собранието или негов заменик) ќе може да зборува на јазик поинаков од македонскиот додека претседава со седница на Собранието, што досега не беше дозволено со Законот од 2008. По донесувањето на новиот закон за употреба на јазиците, Талат Џафери и легално ќе може да води седници на албански јазик.

[paste:font size="3"]веста дека Владата ќе ја консултира иВенецијанската комисија која е само советодавно тело на Советот на Европа и чии препораки не се обврзувачки. Збунувачки и нелогичен е потегот да се консултира советодавно тело за прашања од внатрешно уредување на државата и тоа ПОСЛЕ УСВОЈУВАЊЕТО на Предлог-законот од страна на Владата (post festum), а не ПРЕД усвојувањето. Комисијата е замолена да одлучува во однос на тоа дали Предлог-законот е усогласен со македонскиот Устав, посебно во делот за двојазичните униформи и парите, што е збунувачки со оглед на фактот што во оваа земја постои Уставен суд, кој директно е надлежен за овие прашања и ниту една наворешна комисија не може да се постави над судот.

Се надевам дека имавте трпение и концентрација да ја прочитате статијава до крајот. Како што можам да заклучам од компаративната анализа на двата документа, Законот од 2008 и новиот Предлог-закон значително се разликуваат. Најмногу корист од новиот ќе добијат Албанците во Македонија, чиј јазик и симболи се издигнуваат над останатите малцинства, градејќи потенцијал за противуставна бинационализација на државата, енклавизирање и јазично доминирање. Со овој Предлог-закон радикално и нагло се менува обликот на општествениот соживот, се прави експериментален социјален инженеринг и избрзано се протуркуваат драстични општествени промени без поширока јавна дебата под изговор дека е дел од процесот на нашата евроинтеграција. Со новиот закон повторно се креираат меѓуетнички тензии, посебно ако се земе в предвид дека новиот закон ќе биде имплементиран преку санкционирање и со предвидени казни.

Се надевам дека со помош на мојот правен инстинкт направив објективна, прецизна и аргументирана анализа која ќе допринесе за расчистување на забуната во јавноста во врска со разликите помеѓу стариот и новиот закон. Дека ќе разјасни што се добива, а што се губи. Мојот впечаток е дека токму го „поправа она што не е скршено”.


НАПОМЕНА: Не сум правник по занимање и овој текст е лично толкување на содржината на новиот Предлог-закон за употреба на јазици, но тоа не значи дека треба веднаш да се дискредитира моето мислење само поради тоа што немам завршено правен факултет. Законите се текстуални документи кои секој може да ги чита, не содржат математички равенки или хемиски формули. Со малку труд и логичко размислување, со малку трпение и истрајност, секој од нас начелно може да ја разбере содржината и врз основа на својот правен инстинкт, да донесе рационален заклучок. Секој коментар или корекција на моето толкување се добредојдени подолу во секцијата за коментари.



 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom