Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.497
Поени од реакции
28.858
Ја да те прашам сеа нешто, побитно ти е името и знамето на државата која може утре да не постои, отколку да имаш убав живот ти и твоите деца?
Не може да имате убав живот ако секој ден некој ве угнетува. Ако државава не постои најверојатно би паднала во туѓи раце со омраза кон овој народ.

Оваа земја барем поминала низ тоа, не еднаш неколку пати, па не се сеќавам да сме биле просперитетни и децата да имале убав живот.
 
Член од
25 јули 2016
Мислења
1.084
Поени од реакции
950
Крадеа во 90тите, краде и после тоа, краде и последните 10 години. и овие сега ќе крадат и тие после нив. Сите политичари во цел свет крадат. Прашање е само колку.
Разликата е што минатата власт го лажеше народот дека ги подобрува работите во државата. А ништо од тоа не направи. Пропагандната машинерија им работеше наголемо. Секој нивен „проект“ е лага, само џебот си го наполнија со замајување на народот.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Ок,која е разликата?
Претпријатијата беа општествени не државни. Денес во овие времиња поим држава општество се испомешани и се користат во заеднички контекст али не е така. Освен стратешки погони, се останатото беше општествено значи на заедницата. Сопственик на фабрика или комбинат или претпријатие не беше државата со државна управа државен план државно одредени цени (освен за некои стратешки производи) туку беа на работниците. Тоа одеше пример вака, фабриката е изградена со општествени пари но како рамноправен сопственик е работникот со својот труд. Работниците одлучуваа и за производство и за модернизации и за доградби изградби вработувања и кој ќе биде директор. Тие беа и сопственици и управувачи.[DOUBLEPOST=1503404438][/DOUBLEPOST]
Е ова е апсурд. Измислица на сосема непазарни темели. За трудот се добива плата.. и толку.
па добиваа плата у ствари личен доход. И директор и работник и имаше доста пари кои после одеа во здравство школство и за добробит на заедницата.
Пример за разлика од минат систем и сегашен, една фабрка прави профит од 50 милиони евра во годината (значи поделени плати доприноси амортизации..) во овој систем газдата ги зема тие пари за себе купува приумер куѓа на швајцарските алпи, зема викендица во Аспен и можеби некој апартман во Монако, на децата порше и ламборџини....
Во поранешниот систем тие 50 милиони ќе одеа за унапредување на здравство, школство, ќе се изградеше работничко одморалиште, ќе се набавеа 20 станови за работници, ќе му се поделеа на работници плус 1-2 плати ќе му се дадоа 2-3 пати пакети со кашкавал мед сувомеснати се спонзорираа спортски клубови младински активности.... ќе се суредеше некаде парк или ќе се откупеа уметнички дела
значи со исти пари општеството - народот имаше повеќе бенефиции во тој систем.
 
Последно уредено:
Член од
25 јули 2016
Мислења
1.084
Поени од реакции
950
Претпријатијата беа општествени не државни. Денес во овие времиња поим држава општество се испомешани и се користат во заеднички контекст али не е така. Освен стратешки погони, се останатото беше општествено значи на заедницата. Сопственик на фабрика или комбинат или претпријатие не беше државата со државна управа државен план државно одредени цени (освен за некои стратешки производи) туку беа на работниците. Тоа одеше пример вака, фабриката е изградена со општествени пари но како рамноправен сопственик е работникот со својот труд. Работниците одлучуваа и за производство и за модернизации и за доградби изградби вработувања и кој ќе биде директор. Тие беа и сопственици и управувачи.[DOUBLEPOST=1503404438][/DOUBLEPOST]
па добиваа плата у ствари личен доход. И директор и работник и имаше доста пари кои после одеа во здравство школство и за добробит на заедницата.
Пример за разлика од минат систем и сегашен, една фабрка прави профит од 50 милиони евра во годината (значи поделени плати доприноси амортизации..) во овој систем газдата ги зема тие пари за себе купува приумер куѓа на швајцарските алпи, зема викендица во Аспен и можеби некој апартман во Монако, на децата порше и ламборџини....
Во поранешниот систем тие 50 милиони ќе одеа за унапредување на здравство, школство, ќе се изградеше работничко одморалиште, ќе се набавеа 20 станови за работници, ќе му се поделеа на работници плус 1-2 плати ќе му се дадоа 2-3 пати пакети со кашкавал мед сувомеснати.... ќе се суредеше некаде парк или ќе се откупеа уметнички дела
значи со исти пари општеството - народот имаше повеќе бенефиции во тој систем.
да не се правиме наудрени, директорите додека беа директори наголемо ги крадеа претпријатијата, а после тоа и за ич пари си ги купија.
вработените останаат со прст во уста
приватизацијата беше ептен криминална, како во сдсм, така и во вмро (она првото), па после тоа и сдсм продолжија, па овие последните 10 годинии немаа што да приватизираат па удрија на тежок рекет, насилно превземање и „проекти“.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
да не се правиме наудрени, директорите додека беа директори наголемо ги крадеа претпријатијата, а после тоа и за ич пари си ги купија.
вработените останаат со прст во уста
приватизацијата беше ептен криминална, како во сдсм, така и во вмро (она првото), па после тоа и сдсм продолжија, па овие последните 10 годинии немаа што да приватизираат па удрија на тежок рекет, насилно превземање и „проекти“.
тоа се случуваше од крај на 80 десети кога веќе почна ерозија на општеството и преминување на акционерство.
Директори од предходни времиња се избираа на работнички совети, работници задоволни или незадоволни од работата можеа да го сменат или постават. Јас не знам директор од период пред Марковиќ кој за себе своето семејство создал империја или богатство, врв на богатење беше купен стан или изградена викендица некаде.
 
Член од
25 јули 2016
Мислења
1.084
Поени од реакции
950
Народот е крив што им го дозволи сето тоа. Се знае што се случува ама сите траат. Кукавици и шпиони само има во овој народ.
Овој клип од к-15 најдобро ги одсликува работите. Ова важеше во 90тите, а важи и сега.
 
V

viktora

Гостин
Претпријатијата беа општествени не државни. Денес во овие времиња поим држава општество се испомешани и се користат во заеднички контекст али не е така. Освен стратешки погони, се останатото беше општествено значи на заедницата. Сопственик на фабрика или комбинат или претпријатие не беше државата со државна управа државен план државно одредени цени (освен за некои стратешки производи) туку беа на работниците. Тоа одеше пример вака, фабриката е изградена со општествени пари но како рамноправен сопственик е работникот со својот труд. Работниците одлучуваа и за производство и за модернизации и за доградби изградби вработувања и кој ќе биде директор. Тие беа и сопственици и управувачи.
Ти бе другар си ги испомешал времињата.Врати се наназад од времето на Анте Марковиќ.
Тоа што си го пишал делумно е точно.Ми збориш од време кога им делеле акции и бонови на работниците зошто немале пари да им исплатат плати и секој имал удел во претпријатијата каде што бил вработен.Мачкање очи,нашки кажано.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Ти бе другар си ги испомешал времињата.Врати се наназад од времето на Анте Марковиќ.
Тоа што си го пишал делумно е точно.Ми збориш од време кога им делеле акции и бонови на работниците зошто немале пари да им исплатат плати и секој имал удел во претпријатијата каде што бил вработен.Мачкање очи,нашки кажано.
па тоа е премин во новиот систем, Марковиќ ја спремал Југославија за ЕУ (ЕЗ тогаш) пошто услов за прием беше акционерство и поголем удел на приватниот капитал. И тогаш почна пропаста,
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.404
Поени од реакции
7.855
Капиталот не беше државен туку општествен. Ништо не знаеш за предходниот систем ни за неговата структура на погрешни темели ти е знаењето и затоа си сега во погрешна партија.
Ти си со ВМРО од незнаење.

Од канцеларијата во МАНУ ни пишуваш, не просветлуваш, или од друго место?
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.531
Поени од реакции
20.664
Словенија доста изгуби со транзицијата, иако за нас Словенија е Америка, во ЕУ рамки таа прилично јадно котира. Мислам дека Словенија денес во СФРЈ би била многу подобра од колку во ЕУ. Тие во 90 сетите помина голема криза, извезуваа најмногу на простои на СФРЈ и тој пазар го изгубија (пад на извоз од 45%) а на пазрот на ЕУ се треторазреден квалитет и тоа со цена од oгромно задолжување (околу 35 милијарди евра)[DOUBLEPOST=1503400676][/DOUBLEPOST]
Ќе кажи судот
Значи си на страната која предходно крадела (била во опозиција 11 години), ама си против сегашната опозиција која го правела сосема исто што го правеле и нивните предходници, пљачка без усул? Тоа ме интересираше, и тоа сакав да знам ;), пошто едните веќе ги ставивте во затвор со недокажан криминал (се докажува на суд а не на форум или у штаб),а на другите многу брзо им опростивте се лошо што направија против народот и државата.
Сума сумарум, тука си да браниш нечиј интереси, и не си објективен ни неутрален воопшто, зашто е очигледно на кого припаѓаш ( на партија )
Мојот став е дека сите се исти, твојот став е ....
 
Последно уредено:
А

Атлантист

Гостин
Тоа општествена сопственост која што ја измислил Кардељ, а ни самиот не знаел точно да ја дефинира во пракса се покажа како сечива и ничива.

Словенија прво ја укина општествената сопственост и потоа пристапи кон приватизација. И таму сеуште има државни претпријатија. Ако добро памтам кога го приватизиравме Телекомот, на конкурс се појави Словенечкиот телеком кој што беше државен. Па ајде некој тоа да го објасни како тоа ние правиме приватизација каде конкурира државна фирма од Словенија? Јасно е уште тогаш дека целта била само да се дрпнат пари и да се распродаде пошто зашто.

И уште нешто, нашата приватизација е единствен случај не само во Југославија него и во цел источен блок која била затворена за странски инвеститори. Значи за луѓе кои што можеле да внесат реални пари. Наместо тоа таа е приватизација од партиски подобни комунистички директори, кои откако станаа газди ги продадоа фирмите за "реални" пари на странци, или дај шта даш, пошто и така не ги чуствуваа тие фирми за свои.
 
Не сме единствени со овој мафијашки модел на приватизација ние во цел Источен блок, Казакхстан ни е друштво.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom