Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Опа! Кај си бе другарче?
Каде те немаше толку време?

Инаку за тие што не знаат за што се работи, Nekojx е еден од многуте кои предвидоа дека Трамп нема шанси да победи,
и дека Хилари е следниот претседател на светот, но од 9-ти Ноември 2016, го снема од форумов, не знам зошто.

Како и да е, Welcome back! ;)
Еј здраво ко да немаш живот ти а? Киснете 24/7 со години тука! Ај добро :)
Ке ме снема пак донт вори немам многу време за овие глупости тука :)

Глеам Трампот ептен антиглобалистички па па па ги среди елитите ;)
А глеам и во Македонија се смени комплет политиката ко што се надевавте!
Туку какви смешки си удирам со тој идиот!
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Еј здраво ко да немаш живот ти а? Киснете 24/7 со години тука! Ај добро :)
Глеам Трампот ептен антиглобалистички па па па ги среди елитите ;)
А глеам и во Македонија се смени комплет политиката ко што се надевавте!
Туку какви смешки си удирам со тој идиот!
Абе ја не пишувам секој ден, а овие другиве ми викаат "Абе кај си ти до сега 3 дена те немаше, 5 дена те немаше" ...
Не сакам да осудувам, но тебе те немаше подолго време.

Немој да ми кажеш дека сега навиваш за Трамп? :D
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Само немој да ми кажеш дека сега навиваш за Трамп? :D
Не искрено да ти кажам си фаќам сеири другар.
Како ги поеба сите ред некс работници и бедотии за него да гласаат уфф ххахах
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.707
Поени од реакции
11.967
Можеше да прифати војна. Како немаше избор? па хитлер и на британија и се закани со бомбардирања и војна па не попуштија, и југославија го отфрли пактот и влезе во војна, и франција не потклекна под притисоците на германија туку влезе во војна...... Претседателот имаше избор но немаше одлучност и храброст. Од кај да знаеме дали англија франција и русија ќе стоеа мирно на страна доколку се отвореше војна меѓу чешка и германија??? Вака историски, чехословачка мирно прифати влез во состав на германија и тука нема шо други земји да интервенираат
Па нормално дека нема да има одлучност и храброст, кога одбранбените линии буквално му колабираа без ниту еден испукан куршум, Судетската област окупирана од страна на Нацистичка Германија, а Словачка прогласува независност, 2 третини од целокупната територија на државата изгубени без борба, и секако дека нема да се бори, особено кога сојузниците молчат и не му се закануваат со војна на агресорот - што во превод значи дека нема сојузници.

За разлика од Чешка, Велика Британија освен островите во Ла Манш, немаше изгубено други територии за да биде ранлива за бомбардирање, а истовремено имаше сојузници, за разлика од Чешка, која во март 1939 беше целосно осамена и фрлена на волците, поточно на нацистите.

Ама затоа Полска беше друга приказна, таа барем пропадна во борба, но беше нападната од сите страни, но сепак Велика Британија и Франција конечно одлучија да се држат до пишаниот збор, не бидејќи сакаа да и` помогнат на Полска, туку за да зачуваат образ, ако им дозволат на Адолф Хитлер и нацистите уште еднаш да си истераат по нивно без никаков отпор, тогаш можеби и ние на Балканот ќе ги пречекавме како ослободители. Всушност, некои од нас ги пречекаа како ослободители, за подоцна да откријат дека нацистичката слобода значи само менување на окупаторот и задржување на оковите.

Користи словени, Македонци и Македонија. Ништо проблематично.
Ти се обидуваш да лажеш само словени не ословувале - не поминува сорри.
Можеби за тебе е ништо проблематично, но еве дај примери за Русија или Кина кога не` нарекле Словени или ФИРОМ.

Или за било која друга држава која ја има признаено Македонија под уставното име.

Американците се лицемери на сите полиња, не дека и Русите, Кинезите, Французите, Британците, Германците и не знам кои други држави не се, но тешко е да се најдат дволичњаци кои можат да им конкурираат на американците, па колку сакаш брани ги.

Опа! Кај си бе другарче?
Каде те немаше толку време?

Инаку за тие што не знаат за што се работи, Nekojx е еден од многуте кои предвидоа дека Трамп нема шанси да победи,
и дека Хилари е следниот претседател на светот, но од 9-ти Ноември 2016, го снема од форумов, не знам зошто.

Како и да е, Welcome back! ;)
После еден шлепер таблети кои му ги припишал шринкот, му поминал нервниот слом кој го претрпе помеѓу 8-ми и 9-ти ноември 2016, па сега повторно тепа досада на форумов.
 
Последно уредено:
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Па нормално дека нема да има одлучност и храброст, кога одбранбените линии буквално му колабираа без ниту еден испукан куршум, Судетската област окупирана од страна на Нацистичка Германија, а Словачка прогласува независност, 2 третини од целокупната територија на државата изгубени без борба, и секако дека нема да се бори, особено кога сојузниците молчат и не му најавуваат војна на агресорот.

За разлика од Чешка, Велика Британија освен островите во Ла Манш, немаше изгубено други територии за да биде ранлива за бомбардирање, а истовремено имаше сојузници, за разлика од Чешка во март 1939.

Ама затоа Полска беше друга приказна, таа барем пропадна во борба, но беше нападната од сите страни, но сепак Велика Британија и Франција конечно одлучија да се држат до пишаниот збор, не бидејќи сакаа да и` помогнат на Полска, туку за да зачуваат образ, ако им дозволат на Адолф Хитлер и нацистите уште еднаш да си истераат по нивно без никаков отпор, тогаш можеби и ние на Балканот ќе ги пречекавме како ослободители. Всушност, некои од нас ги пречекаа како ослободители, за подоцна да откријат дека нацистичката слобода значи само менување на окупаторот и задржување на оковите.



Можеби за тебе е ништо проблематично, но еве дај примери за Русија или Кина кога не` нарекле Словени или ФИРОМ.

Или за било која друга држава која ја има признаено Македонија под уставното име.

Американците се лицемери на сите полиња, не дека и Русите, Кинезите, Французите, Британците, Германците и не знам кои други држави не се, но тешко е да се најдат дволичњаци кои можат да им конкурираат на американците, па колку сакаш брани ги.
Ќе повторам, користат Македонци и Македонија, понекогаш (2 пати колку што гледам) користеле словени.

Ние сме словени, словенска група народи, што е проблематично само ти си знаеш.

А Русите не користеле збор словени кон нас??
Ај застани малку види што трескаш :)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.707
Поени од реакции
11.967
Ќе повторам, користат Македонци и Македонија, понекогаш (2 пати колку што гледам) користеле словени.

Ние сме словени, словенска група народи, што е проблематично само ти си знаеш.

А Русите не користеле збор словени кон нас??
Ај застани малку види што трескаш :)
Пред да трескаш, дај пример за Русите кога не` нарекле Словени. :)

Јас ти дадов пример за кога твоите американски миленици не не` нарекувале Македонци, дај твој пример за кога Русите нас не не` нарекувале Македонци.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.212
Поени од реакции
8.458
Само западните политичари што ги поддржуваат Албанците го користат терминот Словени кога мислат на Македонците.
Јас колку што знам, Хрватите, Србите, Босанците и Црногорците се Словени.
Кога последен пат сте слушнале Американски или Евро-политичар да ги нарече Црногорците или Хрватите - Словени?

За Бејли да не правиме муабет.
Ликот уште не стана амбасадор, во говорот кажа дека ќе се залагал за мир помеѓу Албанците и Словените во ФИРОМ.
Ова беше првиот знак дека ќе има проблем.
Значи, стандардна процедура е пред да станеш амбасадор во некоја земја, треба темелно да ја проучиш културата и обичаите на народите од таа земја,
и тој процес трае 1 година.
Според тоа, Бејли ги знаел сите работи кои може да се сватат ко провокација, вклучувајќи и
намерно избегнување на зборот Македонци, пракса на Грците и УЧК-ите.

Тој дел на говорот на Бејли беше како да е комунике на ОНА од 2001.

Реакцијата на оваа намерна и смислена провокација беше патетична, и за тоа го окривувам нашиот Претседател,
кој што требаше да напише протестна нота, да му ја начука на Бејли во гз, и со првиот авион да го прати назад од каде што дошол.

Едноставно писмо, кое во кратки црти би изгледало вака:



Наместо тоа, имавме реакција од некои новинари, и толку.
И сега, како очекуваш од Бејли да те почитува, кога самиот себеси не се почитуваш?
Си му дал знак дека тоа може да му помине, и нормално дека и понатака ќе си продолжи со таа пракса, не само тој, туку и другите политичари.

Оние на форумов што викаат "Што има везе, па Словени сме",
постојат 3 опции за таквото нивно размислување:

1. или ја обработуваат нивната агенда
2. или се неинформирани
3. или се ретардирани

Други опции јас не гледам
Еј, не сум те прашал. Зошто коментарите ти изгледаат како во стихови да се пишувани? Не ти работи порамнувањето или нешто друго е проблемот?
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
После еден шлепер таблети кои му ги припишал шринкот, му поминал нервниот слом кој го претрпе помеѓу 8-ми и 9-ти ноември 2016, па сега повторно тепа досада на форумов.
Имавме ние дебати со него на темата за изборите во САД,
Интересно ликче, не е ко овие другиве дикиши што ги растураш во 2 реченици, и после или ги нема или се butthurt.
Мислам дека ти ќе имаш добри дискусии со него. :)[DOUBLEPOST=1500856388][/DOUBLEPOST]
Еј, не сум те прашал. Зошто коментарите ти изгледаат како во стихови да се пишувани? Не ти работи порамнувањето или нешто друго е проблемот?
Поетска правда бе! :)
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Имавме ние дебати со него на темата за изборите во САД,
Интересно ликче, не е ко овие другиве дикиши што ги растураш во 2 реченици, и после или ги нема или се butthurt.
Мислам дека ти ќе имаш добри дискусии со него. :)[DOUBLEPOST=1500856388][/DOUBLEPOST]
Поетска правда бе! :)
Тешко декстер слабо се покажува. Бордерлајн трол. Практично досаден ми е. А јас баш сакав да видам ете како америте не викале само словени или незнам што не тврдеше.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Тешко декстер слабо се покажува. Бордерлајн трол.
Декстер е научник, а не трол.
Не реков дека и на тебе ќе ти биде лесно, хихихихи
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.707
Поени од реакции
11.967
Тешко декстер слабо се покажува. Бордерлајн трол. Практично досаден ми е. А јас баш сакав да видам ете како америте не викале само словени или незнам што не тврдеше.
И од досада цело време ги браниш САД бидејќи ја признале Македонија под уставното име како да ни дале право на воздух и вода.
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
И од досада цело време ги браниш САД бидејќи ја признале Македонија под уставното име како да ни дале право на воздух и вода.
Ке ми тврдиш сега дека не ја признале под уставно име? :)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.707
Поени од реакции
11.967
Ке ми тврдиш сега дека не ја признале под уставно име? :)
Ти тврдам дека и со и без нивното темпирано признание на Македонија под уставното име, ништо не се сменило кон подобро и после неуспехот на референдумот за задржување на старата територијална организација на локалната самоуправа од 7 ноември 2004.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Ке ми тврдиш сега дека не ја признале под уставно име? :)
Под кое име, Словенодонија, Македонија,
или под името "Оваа земја" ?
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
Не го обвинувам Груевски ја за тоа што ти си го пишал. Нити за Босна, нити за 2001-ва.
А Вахаб не го возобновил, туку го започнал ова движење.
"Чудно" само е како еден туркофил ко тебе, се најде погоден од моите пишувања.
Прво изгледај го ова предавање, па после ќе правиме муабет за салафистичкото движење и бин Вахаб...


Ти точно го обвини Груевски дека пред да ги донеси Катарците, такви појави немало на овие простори. Јас само ти кажав со факти, дека корените се многу подлабоки од ерата на Груевски (2006-2017). Можиш да го критикуваш и обвинуваш Груевски зошто не спречил доволно или друго, ама дека со него почнуваат тие појави можиш на децата кај тебе во маало да му ги продаваш тие приказни.

Туркофил не сум, само ми се допаѓа економската политика на турската влада, политика како да станеш економски независен и свој на своето!
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Туркофил не сум, само ми се допаѓа економската политика на турската влада, политика како да станеш економски независен и свој на своето!
Тоа е и можеби единствената причина зошто Ердоган е демонизиран од Западот и нарекуван диктатор,
додека за Саудиска Арабија немаат никакви замерки, едноставно, блика од демократија.
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Тоа е и можеби единствената причина зошто Ердоган е демонизиран од Западот и нарекуван диктатор,
додека за Саудиска Арабија немаат никакви замерки, едноставно, блика од демократија.
http://www.npr.org/sections/thetwo-way/2017/05/21/529417148/saudis-and-the-uae-will-donate-100-million-to-a-fund-inspired-by-ivanka-trump
Ама затоа Трам ќе ги среди тоа Муслиманите терористи, нема ко Клинтонка да зима паре :)[DOUBLEPOST=1500859680][/DOUBLEPOST]
Под кое име, Словенодонија, Македонија,
или под името "Оваа земја" ?
https://www.state.gov/r/pa/ei/bgn/26759.htm
https://2001-2009.state.gov/p/eur/rls/or/104441.htm
колку уставни имиња имаме? :)
 
Последно уредено:

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
http://www.npr.org/sections/thetwo-way/2017/05/21/529417148/saudis-and-the-uae-will-donate-100-million-to-a-fund-inspired-by-ivanka-trump
Ама затоа Трам ќе ги среди тоа Муслиманите терористи, нема ко Клинтонка да зима паре :)[DOUBLEPOST=1500859680][/DOUBLEPOST]
https://www.state.gov/r/pa/ei/bgn/26759.htm
https://2001-2009.state.gov/p/eur/rls/or/104441.htm
колку уставни имиња имаме? :)
Според Западната пракса - 4
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom