Било кој МКД активен политичар после нашата независност, да го споредуваш со дотичните двајца, иако се работи за строго негативна конотација, според мене е давање преголемо значење
Значи тие што умреа во рок од година дена после враќањето од голи оток според тебе како се класифицираат?
Убава дигресија направи со цел да релативизраш политичка репресија, ти реков, и нацистите имале образложенија за формирањето на работните логори, тоа гледано од нивен аспект, во тогашна перспектива било сосем оправдано а цената прифатлива...
Во САД се формираат центри за интернација каде воглавно се сместуваат Јапонци, де дај провери колку има таму загинати за време на престојот или колку починале година дена по враќањето?
Франција после ослободивањето прво расчистува со колаборационистите, поддржувачи на Владата од Виши, меѓу нив е Маршал Петен, потоа Де Гол влегува во пресметка со левицата итн...
За граѓанската војна во Грција мислам нема потреба...егзодус на македонците пред се.
Ама како и да е никаде не видов формирање на вакви логори?
Ете и тогашна ФНРЈ/СФРЈ, немоеш вака воопштени предавања да држиш, исто и сега некој велат дека нема простор за дебата, такви се времињата, сум читал доста, Владата во егзил на чело со кралот после етаблирањето на Тито и КПЈ е веќе надвор од игра одамна, значи тоа ти паѓа во вода.
СФРЈ како суверена земја после Потсдам, каде дефинитивно се подлени сферите на влијанија, може Варшавскиот Пакт да ја нападне, без притоа да нема одговор од НАТО?
Ако било така, не верувам дека ќе опстане а и дека ќе биде иницијатор на формирање на Неврзаните?!
Опасноста од т.н информбировци е прецената и еден добор изговор за политичка чиста, голем дел од казненеиците се пратени без судење, немаат врска со коминтерна, националистички движења, а колаборационистие се елиминирани одамна, волгавно критички настроена интелегенција.
Други времиња, поинакви околности и сл не е оправдување никогаш.