Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
А зошто да го менуваме името? Ако го промениме, нема потреба и да имаме држава.
Зато шо со име на државата “Северна Македонија“ ќе му се даде на знаење на цел свет и пошироко дека постојат и други делови на Македонија и ќе ги заинтригира луѓето од целата планета да се заинтересираат за историјата на Македонија.
Денес пример еден просечен јапонец кога ќе му речеш само Македонија ќе мисли дека е тоа една цела држава без проблеми си териториите окупирани од соседите (Бугарија и Грција) и нема да се заинтересира како кога ќе му речеш “Северна МАкедонија“ па ќе праша уше колку МАкедонији има па зошто е расцепкана, па ќе научи и за Самоил и за Даме Груев и за Ченто и за егзодусот на Македонци од Егејска македонија и за геноцидот на Македонците во Бугарија и ќе се создадат симпатии и подршка кон нашето национално прашање кај сите народи во светот и поволни услови за конечно обединување на Македонија во една целосна независна смостојна држава на Македонскиот народ за шо се залагаше Гоце Делчев
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.133
Поени од реакции
8.701
реднек ти е често користен вообичаен термин на англиски, сосема друга приказна е што ти не си го чул и појма немаш што значи.... :)
И не е термин за амерички селанец.
Па зашто не кажуваш вакви работи навреме?:)

Инаку, во англискиот толковен речник:

upload_2017-7-24_11-42-38.png
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Зато шо со име на државата “Северна Македонија“ ќе му се даде на знаење на цел свет и пошироко дека постојат и други делови на Македонија и ќе ги заинтригира луѓето од целата планета да се заинтересираат за историјата на Македонија.
Денес пример еден просечен јапонец кога ќе му речеш само Македонија ќе мисли дека е тоа една цела држава без проблеми си териториите окупирани од соседите (Бугарија и Грција) и нема да се заинтересира како кога ќе му речеш “Северна МАкедонија“ па ќе праша уше колку МАкедонији има па зошто е расцепкана, па ќе научи и за Самоил и за Даме Груев и за Ченто и за егзодусот на Македонци од Егејска македонија и за геноцидот на Македонците во Бугарија и ќе се создадат симпатии и подршка кон нашето национално прашање кај сите народи во светот и поволни услови за конечно обединување на Македонија во една целосна независна смостојна држава на Македонскиот народ за шо се залагаше Гоце Делчев
Незнам тоа е комплексно прашање.
Рачунај 100% сигурно е дека ако се нарече “Северна Македонија“ грците и бугарите ќе стават акцент на Северна, за јазик, нација и етнос.
Народ Северници? Северњаци? Северци? Јазик Северен? итн...

Тоа не може, или многу помалку ако првиот збор е Македонија а после имаш цртичка, заграда итн.

Најдобро за нас ако веќе се менува да биде Македонија и на англиски Makedonija наместо денешното Macedonia.

Плус ако западов реши да направи притисок врз Грција, ќе биде решено за пола саат. Доволно е да ги условат со кредитите што им ги доделуваат. Да видиш како за 24ч ќе сменат песна.
 
Последно уредено:
S

silmarillion

Гостин
Незнам овие што се прокламираат ко трета патриотска анти-сдс и анти-дпмне страна до кога мислат дека ќе им верува некој :) Уште на кеш платен список кај фамилијата, они сеа демек потпалуваат патриотизам и дека ќе расчистеле и со Грујо и со Заев и со СДС и со ДПМНЕ. Па патриотски здруженија огорчени од сервилноста на ДПМНЕ па сеа Хорхе бил крив, па Грујо бил превише мек. Па се тоа они ќе сотреле. Што ќе сотрете бе пацови 10 години у Западна Македонија и Чаир не сте влегле вие ќе сте сотрувале нешто. Кај беа здруженијава Ќосе Питер Џон Босе и слични за денот на знамето на Албанија? Кај беа кога по клуч се вработија у јавна администрација луѓе што незнаат македонски јазик? Кога у цела Западна Македонија УЈП и полиција нема влезено?

Убаво би било еден полиграф тест да прифатат овие најистакнативе "стручњаци" кои секој ден се по телевизии, и да видиме како ќе игра иглата на прашање дали зимаат кеш пара месечно од фамилијата за просеравање медиумски?

За "стручњаците" на Сдс видовме и знаеме дека и кеш е зиман и дека се ухлебија по институции. Да ги видиме и "поштените" патриоти сега, дали од љубов према државата или за суми од 6-7.000 ЕУР месечно изиграваат болни мајмуни.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
:ROFLMAO::pos::ROFLMAO::pos::ROFLMAO::pos::ROFLMAO::pos::ROFLMAO:

Не Ѓорѓија, легитимно мнозинство е она кое има добиено најмногу гласови без разлика дали станува збор за партија, партии, коалиции, организации, пред или пост изборно. Кога ќе си седнат пратениците во собранието, оние што ќе се организираат да имаат 50% +1 пратеник од вкупниот број пратеници се легитимно мнозинство.

Следниот пат коа ќе ви кажат во штаП дека "полегитимно мнозинство има оној кој како изборна понуда добил најголема поддршка" прашај ги оти не направат полегитимна Влада. Онаква попатриотска без никакви влијанија. Баш По-Влада.
Јас не го спорам тоа мнозинство за состав на влада. Каде го напишав? Но, за партиски интереси може да се спојат и дијаметрално спротивни политички субјекти, што не е незаконски. Сеедно, многумина, и на форумов, и в Собрание, изјавуваат дека народот го дал гласот на СДСМ со коалицијата. Го дал до одреден број, но на друг (ВМРО ДПМНЕ со коалицијата) им дал уште повеќе.
Ти прашувај со в штаП да ти објаснуваат, ама не им верувај дека освоиле повеќе на избори, туку самиот размисли, прочитај изборни резултати и ќе дојдеш до фактите. ВМРО ДПМНЕ немаше апсолутно мнозинство ниту во претходниот состав на Собранието, но имаше најголем број на гласови и освоени пратенички места. Џабе се правеа избори (надевајќи се дека СДСМ ќе победи), па мораше да се преземаат други комбинаторики за да прави влада поразениот СДСМ (од ВМРО ДПМНЕ). Праксата до тогаш беше поинаква, особено кај албанските партии. Но, ете, од ова ќе имаме придобивка дека не мора најголемата (победничката) партија на албанците да е во влада, дури и да не мора воопшто да има албанска партија во владата. Ќе немаат образ да протестираат и да блокираат автопат за да бидат во владата како „победници“. Со ова се утврди друго поимање на зборот победници.
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
5
Поени од реакции
0
Абе ќути и уживај, да не ти дојде Теута Арифи па да заборавиш што беше вода
Xaxxax прoблемoт е штo веке зaбoрaвив штo е вoдa, Пa и aкo некa дoјде ке ми јa фaти не измијенaтa (пaрдoн зa фaнцускиoт)
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Зато шо со име на државата “Северна Македонија“ ќе му се даде на знаење на цел свет и пошироко дека постојат и други делови на Македонија и ќе ги заинтригира луѓето од целата планета да се заинтересираат за историјата на Македонија.
Денес пример еден просечен јапонец кога ќе му речеш само Македонија ќе мисли дека е тоа една цела држава без проблеми си териториите окупирани од соседите (Бугарија и Грција) и нема да се заинтересира како кога ќе му речеш “Северна МАкедонија“ па ќе праша уше колку МАкедонији има па зошто е расцепкана, па ќе научи и за Самоил и за Даме Груев и за Ченто и за егзодусот на Македонци од Егејска македонија и за геноцидот на Македонците во Бугарија и ќе се создадат симпатии и подршка кон нашето национално прашање кај сите народи во светот и поволни услови за конечно обединување на Македонија во една целосна независна смостојна држава на Македонскиот народ за шо се залагаше Гоце Делчев
Па тоа требало уште во ’44 година. Сега веќе е врежано ова име и е несериозно да го менуваме.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.708
Поени од реакции
11.969
Чешкиот претседател немал ни храброст ни одлучност па затоа потпишал доброволно да Чехословачка припадни на Германија. Можеби мислеше дека подобро ќе му биде под германија, во тоа втреме германија беше светска сила и воена и економска па веројатно мислеше дека чехословаците ќе имаат поволности како припадници на таква земја.
Е па, со 2 третини од државата изгубени, германските тенкови на границата и заканите од Адолф Хитлер и Нацистичка Германија дека ќе ја бомбардираат Прага, а истовремено со наводните сојузници Велика Британија и Франција молчаливи како монаси од затворен монашки ред, тешко дека Емил Хаха би имал мотивација, а уште помалку па храброст или одлучност за да влезе во вооружен конфликт со таква воена и економска светска сила.

Инаку Америка е бастион и светилник на мирот и демократијата, во втората светска војна, америка несебично и храбро се бореше против силите на злото на целата планета, и на пацифик и во африка и во индокина и во европа и покрај тоа даваше огромна и несебична помош на своите сојузници во храна оружје опрема.......
Секако дека САД се бастион и светилник на мирот и демократијата, овие децава во Виетнам сигурно биле хипици за да се разголат вака, сигурно трчале кон брегот за да пливаат кон бастионот и светилникот на мирот и демократијата.



Средство за дистрибуција на мир и демократија.

 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Незнам тоа е комплексно прашање.
Рачунај 100% сигурно е дека ако се нарече “Северна Македонија“ грците и бугарите ќе стават акцент на Северна, за јазик, нација и етнос.
Народ Северници? Северњаци? Северци? Јазик Северен? итн...

Тоа не може, или многу помалку ако првиот збор е Македонија а после имаш цртичка, заграда итн.

Најдобро за нас ако веќе се менува да биде Македонија и на англиски Makedonija наместо денешното Macedonia.
Историски гледаме како имаше источна германија и западна германија и цел свет знаеше за нивна историја и поделба и со големо воодушевување го поздрави нивното обединување, исто така и северна ирска која и денес привлекува светско внимание со нивната борба и желба за обединување на земјата, па северна и јужна кореја....
Едно време постоеше северен и јужен виетнам и цел свет секој ден известуваше за тамошната ситуација и беа во центар на внимание и по телевизии и по весници, а од ко се обединија - никој веќе не се интересира за нив ниту прашува како се таму.
Се додека имаме само едно обично просто име, нема да привлечиме интерес на светската јавност за нашето обединување.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Можеби за тебе е ништо проблематично, но еве дај примери за Русија или Кина кога не` нарекле Словени или ФИРОМ.

Или за било која друга држава која ја има признаено Македонија под уставното име..
Сега Србија (Дачиќ).
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Историски гледаме како имаше источна германија и западна германија и цел свет знаеше за нивна историја и поделба и со големо воодушевување го поздрави нивното обединување, исто така и северна ирска која и денес привлекува светско внимание со нивната борба и желба за обединување на земјата, па северна и јужна кореја....
Едно време постоеше северен и јужен виетнам и цел свет секој ден известуваше за тамошната ситуација и беа во центар на внимание и по телевизии и по весници, а од ко се обединија - никој веќе не се интересира за нив ниту прашува како се таму.
Се додека имаме само едно обично просто име, нема да привлечиме интерес на светската јавност за нашето обединување.
Леташ. Фокусот треба да биде на зачувување на ова тука, а не уште на “обединување“...
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.708
Поени од реакции
11.969
Сега Србија (Дачиќ).
И нашиот западен сосед не` нарекува ПЈРМ, иако наводно не` има признаено под уставното име.

Но НикојX не се занимава со бранење на нивните политики, се занимава само со бранење на политиките на САД.
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Па тоа требало уште во ’44 година. Сега веќе е врежано ова име и е несериозно да го менуваме.
самото име Македонија без точно да се одреди која Македонија е е погрешно, затоа шо после странските дипломати и премиери ќе речат “Па шо барате вие ете си ја имате Македонија“ но ако се викаме Северна Македонија, можеме да бараме да ни се припојат и Јужна и Источна па да конечно бидеме една и целосна Македонија[DOUBLEPOST=1500891571][/DOUBLEPOST]
И нашиот западен сосед не` нарекува ПЈРМ, иако наводно не` има признаено под уставното име.

Но Никој не се занимава со бранење на нивните политики, се замара само со бранење на политиките на САД.
и ние ја викаме Германија иако ја признавме како Bundesrepublik Deutschland
Холандија ја викаме државата со уставно име Netherland, Уставната Elenik demokrati ја викаме Грција, а уставната републике шќипересе си ја викаме Албанија[DOUBLEPOST=1500891813][/DOUBLEPOST]
тешко дека Емил Хаха би имал мотивација, а уште помалку па храброст или одлучност за да влезе во вооружен конфликт со таква воена и економска светска сила.
Taка и јас реков, немал храброст
 
Последно уредено:

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.234
Поени од реакции
21.071
Незнам тоа е комплексно прашање.
Рачунај 100% сигурно е дека ако се нарече “Северна Македонија“ грците и бугарите ќе стават акцент на Северна, за јазик, нација и етнос.
Народ Северници? Северњаци? Северци? Јазик Северен? итн...
Може и Северини, не е лошо.

Што знам, ако веќе се менува името, добра опција би била некоја кованица со суфикс -стан, како на пример Фиромистан, Македонистан, Вмроистан...

Баш одговара со менталитетот и колективната интелигенција на народов.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom