concrete
alte Esel
- Член од
- 22 март 2005
- Мислења
- 12.248
- Поени од реакции
- 1.703
одговорите се многу прости, гледаш во врвот на носот, кога ќе ја погледаш големата ЕУ слика ќе ти стане појасно. Од друга страна вака малечки , практично микроскопски... на пазар од ни 2 милиона не можеш ни да се почешаш за г'з, а камо ли да седнеш. Факт е дека вмро нешто проба , исто така факт е дека во многу елементи немаа храброст или едноставно незнаеја како, бидејќи сепак како на секоја политика умот им беше само во изборите.Тешко некој се решава да ги реши базично проблемите. Има шанса дебело да се заебе, зошто народ во маса е во основа себичен и си ја гледа само својата черга.Земјоделието мора да се стави на здрави нозе и за тоа е неопходно субвенционирање. Голем прилив на девизи имаме од земјоделието, пред се со извозот на вино, жестоки пијалоци, тутун и раноградинарски производи. Исто така имаме проблем и со производството на храна, пред се на жито, млеко и месо, што значи неопходно е стимулирањето и на тоа производство за да се намали увозот на тие производи а со тоа и девизните трошоци. Колку и да чини нашето производство сепак е поевтино од тоа кога при увозот треба во неповрат да се изнесат девизи од државата. Е сега се поставува прашањето како тоа од една страна 11 години се даваат субвенции во определени земјоделски и сточарски гранки а од друга страна баш во тие гранки имаме перманентно опаѓање на производството а да не зборуваме за некаков раст кој се очекува од субвенционирањето? Мислам дека начинот на кој се субвенционира беше многу погрешен. Во земјоделието тој начин на субвенционирање поттикнуваше само зголемување на површините кои се обработуваат а никако и на производството од тие површини. Имено субвенциите се исплаќаа по површина а не по произведена количина на определен производ, што доведе до тоа да партиските муповци земаат под концесија огромни површини, како и цели агрокомбинати, без да им биде битно дали и колку ке произведат туку битно им беше да се лапнат субвенциите. Исто така таквиот начин на субвенционирање доведе до тоа да многу насади, кои се стари и непродуктивни, намерно да не се копачат и обновуваат бидејќи иако немаш производство сепак си лапаш субвенции а практично и не го обработуваш насадот (само го ораш малку за ако случајно помине некоја контрола). Од друга страна откупните цени за многу земјоделски култури се смешно ниски а плус тоа и тоа што треба да се исплати не се исплаќа со години па земјоделецот едвај ги чека субвенциите за да си ја плати струјата или да му даде на детето да студира.... Треба субвенционирање ама не на овој начин како до сега.
Но го слишам зајацот синоќа , исфантазира , а и се огради од многу ветувања..,па може ќе ти ја запали светлата иднина ..кој да знае...